Додека да падне папчето на рака со пелена. Земаш сува пелена, ставаш на папчето, потоа го земаш бебето со стомачето на рака и го бањаш фактички по грбчето. Откако падна па додека да се исуши, го лепев со завој (прашај во аптека да ти дадат завој со фластер, стерилни се едно по едно пакувани, 5 на 5 сантими) и после бањање го одлепуваш. Откако се исуши го легнував во корито на пелена и вода.
Како сакаш ти, како ти е позгодно. Хип кашите можат да стојат отворени по 2 3 дена, зависи која како. Не се евтини, 60 денари се малите од 120 грама. Ама па морков не се вари брзо, кога да видиш исто ти доаѓа да вариш едно морковче пола саат. Ај јаболко брзо се вари. И да знаеш дека банана на хип и вистинска немаат ист вкус. Ама сега нема касии, ако сакаш и тоа да воведеш.
Само домашно, никој не може да ме убеди дека кашичка што има рок на траење 2 години е поубава од домашна. Си има и мали теглички да си купиш, фино ќе си спремиш од дома и трк во парк.
Здраво мајкички, да ве прашам какви песнички им пеете на бебинцата пошто јас ниедна не знам? И уште нешто да прашам дали ги пеглате постелините и кебинцата и до која возраст општо да се пегла нивната облека?
Се пеглам и чорапчиња. Иначе ќе ги научиш со тек на време, на јутуб имаш еден куп, македонски, англиски.. после сама ќе си ги пееш од нон стоп слушање. Една вечер маж ми отиде да се тушира и од купатило слушам ,,Кап Кап капе вода кап кап" ( детска песничка)
И ние денес почнавме со вкусови имав дома морков некој ни ја подари па си реков ајде да почнеме нели со зеленчук. Прво пробување се мршти си викам добро е не ни очекував нешто друго освен да се мршти и да плука од почеток ама кога почна да плака леле на црл глас мислиш некој ја коли ај си реков попосле пак. По некое време пак пробав иста слика пак почна да плака тоа не го очекував. Кога земав капки да и дадам кога ја виде лажичката одма почна пак да плака, а ке речеш што разбираат на 4 ипол месеци. Имавте ли и вие ситуации да ви плакаат од почеток вашите бебиња?
Јас на 6+ воведов дохрана и така ми правеше како твоето првите денови па паузирав, за да не ја оптеретувам па почнав пак и некаде од 7ми месец почна лека полека да се учи да јаде, а камоли ти на 4 ипол месеци твоето е многу мало да знае да отвара уста. Зошто толку брзање? Не форсирај, ако нејќе нејќе, значи не е спремно уште, затоа за џабе не рекле до 6 месеци со млеко и после се воведува дохрана. Секое зошто си има свое затоа
@Kallias2 Не се прави никаква грешка и со дохрана толку рано, кога се почнува со 4 месеци е сосем ок. Не би ги ни правеле тогаш тие кашички и не би пишувало воопшто за 4+ месеци, ниту пак педијатрите не би дозволувале да се дава. 7 ми месец па мене ми се чини дека е многу касно да почне да јаде кашички. Моето е скоро 4ипол и од сам почеток не ми ја исплукала никогаш кашичката. И не се мрштела на ништо.
Не знам, по мое мислам е многу рано 4 месеци за дохрана, што знам, секој си знае за своето дете што е најдобро и според тоа си тера...
Еднаа капка вода тргнала да види свет .. Сега му ја пеев, ретко изразува желба да ме слуша, најчесто му е досадно. А јас џубокс жив сум, сите песни мајка ми што ми ги пеела ги памтам и што сум растела со нив. Ама вакво бебе ми се погоди што ретко е у добро расположение за песни
Домашно ако имаш непрскано. А да купиш морков од рамстор и да го свариш е исто како и кашата што стои 2 години на рафт. Пеглам се, скоро 10 месеци е.
@Kallias2 кога бевме на педијатар пред 2 недели рече слободно почни затоа и почнувам на 4 ипол додека испроба се по 2 дена ќе стигнеме 5 ипол ако не и 6 така да таман сме си него плачењето некако ме плаши хаха за некој ден ќе пробам сп овошје може повеќе ке го сака па ќе се навикне на нешто друго освен млеко
Јас да се пофалам, прееска изгледа не го испасирав добро слаткиот компир. Имавме втор обид и бебе се потепа од јадење, уживаше, дури и повеќе отколку што треба изручка. Утре тиквица ќе видиме дали ќе јаде, ова стварно беше благо и убаво.. Едит: Гледам зборите за непрскани работи, јас бев со намера да му давам на бебе органска храна, ама само сезонско има органско. Што значи во моментов освен компир и морков ништо не би можела да дадам.. На 2 места барав, истите зеленчуци ги имаше.
Малиов денес има 16 дена и многу ми се штрека во спиење. Значи некој да се нскашла, кивни, или тој сам да претни и одма целиот се штрека. Ви се случувало ли ова? И понекогаш чудни звуци испушта баш тогаш кога се штрекнува. Не знам колку е нормално...
Мила и моево е исто. Еве ја посебно денеска око не склопи, заспива и се штреца и прета со рацете и ќе се пробуди. Во сон почнува да кенка како да ја брка некој. А еве тишина е во собава но сама се буди па ќе заспие па пак се штреца, превртува со очите, јас незнам зошто вака прави .... (Свекрва ми вели ја лажеле ѓаволите до 40 дена а ние денска баш полниме 40)
И после 40 е така хаха рефлекси имаат, влегуваат во Рем фаза и лесно се будат. Правење гримаси, звуци, штрекање дури и плач се е е нормално.