Леле и мене ми е страв, навечер ме болат градите кога иди млеко, ми стануваат тврди. Одвај се спасив од таа температура скоро цела недела 38+трески на крај...Понекогаш се измолзувам ама ми се спие навечер и преуморна сум па мн кратко измолзувам и не секогаш..
Да не ве цитирам сите пооделно , значи вака пред извесно време го имав и јас прроблемот со градите значи стврднување, болка , па на крај и треска фатив од тоа. Пишував во некоја друга тема и ме посоветуваа за масажа и топол туш почесто. Меѓутоа мене тоа не ми помогна....Ми помогнаа само едни германски капсули и тоа веднаш уште првиот ден, капсулите се на природна база, се користат за одблокирање на млечните канали и грутки. Доколку имате посериозен проблем, а штом се отворат границите ако имате некој може да ги порачате да ви ги донесат. Капсулите се добри и за почетните денови за воспоставување на доењето. За вода јас вода не давав, се додека не почнавме со цврста храна и сега давам по малку .
Јас исто имав мастит, мн млеко надојде и прво ми се стврднуваа а после навечер температура до 39,5. Советничката за доење ми рече да се одмолзувам и оосле ладни облоги по 15 мин (не подолго од 20), а ако има потреба и уште еднаш да ставам. Ладни- во смиска замрзнати вишни од замрзнивач во тетра завиткани или такви специјални од lansinoh. Градник цврст носење цело време, и градите високо да стојат да се избегне да се наталожи млеко во долните делови од градата. Јас од тогаш може 5-6 саати сум била без, само додека дојам. Аха, и по една чаша чај од жалфија пиев тој период, ама немаше некој ефект. До денес имам млеко за извоз и уште се одмолзувам навечер.
Како се викаат тое капсули? И мене не ми помогна топла вода, напротив како и полошо да стана. Повеќе температура качував.
Не никаков. Само ако излезам. Јас се давам во сок од јаболко булвално го барам фрижидерот навечер после доење.. многу сум жедна аи добро се потам.
Не,ми пречи многу бидејќи сите кои ги имам се со корпа. А не се осеќам убаво така растресена.Си нарачав оd H&M за доење,меки памучни како триаголници,бар нешто да имам. Меркав едни како беби дол на Медела,ако ги има некоја нека сподели дали се ок.
Скроз исто беше и мојава, нормално е. Тек последниве недела-две почна повеќе да спие. Сега една дремка во денот и’ е подолга (саат-саат ипол), другите по 30-45 мин. За неколку дена прави три месеци. И’ се смирија грчевите и сигурна сум дека затоа почна да спие, да не ја подречам Би требало кога ќе се смири стомачето дремките да траат подолго. И да знаеш дека сега веќе бебе ќе останува будно подолго време меѓу подои (пред да дремне), не е веќе новороденче, и тоа е сосем нормално
Луѓе јас не знам што ќе прам.. малава е алергична на луѓе, посебно некој ако сака да ја земе, не е ни некаде да отидеме, ни па да ни дојде. Не знам дали е во прашање ова со коронава, па не ми е научена на гужва ама претерано е. После 2 месеци не мрднати од Ск решивме да отиме на чист воздух, кај што е малце по свежо, двор, зеленила, убавини. Уз пат ајде ќе отидеме кај кумовите.. леле не престана со плачење, девојчево подсина од липање, само што влеговме во кола престана, кога се сместивме легнавме на кревет со неа почна со кикотење. Само мене и татко и не поднесува.. а толку знае да е мила, вака сите ја знаат како дифтарче. Планираме утре скара, друштво во двор.. ако е ваква не знам.. ни кај мене не се смирува се додека не сме сами.
Женски, ај кој има поголемо дете нека се префрли во темата за одвикнување на пелени. Нека кажува совет, никој не враќа.
не сум некој експерт но сега за сега кај мој буци што помага. Ми го направи истото кога отидов првпат кај моите по короната. Едвај го смирив а имаше само 4 месеци. Последниот пат пак се обиде да плаче, ама им реков на моите не му прајте муабет не го гледајте како ништо да не било дур се опушти. За 10 мин почна да се смешка. Ама моето е ептен мало, 5 месеци е сега, колку се поголеми толку повеќе разбираат. Најважно е и ти да не си нервозна или испаничена зошто чувствуваат децата. Пробајте така никој да не и збори и да не и се обраќа дур не се опушти, како да не е таму. Со лесно мајка.
Веќе 2 и пол месеци како сум породена, сеуште имам крчење на црева и гасови. Зарем уште се враќаат на место? Носам. Ми рече патронажната дека сега се полни со млеко и ради гравитација влечат и тежат надолу. Треба потпора да не виснат скроз. Земав на Lisca, мек е, супер. Грчеви немаме веќе 2-3 недели. Ептен ретко ако го фатат. Повеќе сме сконцентрирани на прдење моментално Навечер спие, преку ден не.
Се зависи од метаболизам, 9 месеца се ширеле, не може одма да се среди. Јас со столицата се мачев околу 2 месеца, и со првото и со второто.
И ние сме малечки,4 наполнивме. Разбирам пат, промена на клима,гужва, секој сака да ја задева и станува нервозна ама да е само сега така ајде, пробавме така со свекрва ми, да ја држи ама да не и збори.. пак хистерија, а ја земам се смее. Многу пати сум рекла на луѓе дека е доста тоа што ја чепкаат дури и јас осеќам дека е претерано ама она плаче од некои луѓе само ако и го кажат името.
Период е, исто правеше и мојата нема да заборавам. Ако беше пред 1г Посебно хистеришеше од некои луѓе, срам да те фане