А како ги ждригнувате ? Мојата ќе цица и ќе заспие и неможам да ја натерам да ждригне никако, и на рамо ја ставам и исправена џабе ждрига некогаш а некогаш не.
Не се разочарувај. Не знам како е со близнаци ама мојот на првата контрола беше паднат 10гр. По препорака на педијатар исфрлив зелена храна и мешункасти растенија и почнав повеќе тестенини, ориз, компир, овошје, патлиџан, сирење, кашкавал, јогурт и веќе на втората контрола по 6 дена имаше качено 170гр. Пробај со промена на исхраната.
Хаха даа, скроз спротивно. А како тргнав со намалување на килажа си викам топ, после 40дена нема да препознаат блиските дека сум била трудна Ама ништо ете. И мене ми се свиѓа вака ама после ќе плачам.
@Jana06 јас од сам старт сум на таков режим на исхрана и затоа некако ми падна криво. Правам се како што ми кажаа преморена сум и за спиење веќе,ги будам на 2-3 саати прво подој па ад ,таман ќе завршам со едното ајде другото и навистина мислев т.е сигурна бев дека се поправени ама не Од толку труд и љубов кон нив се осетив ко ништо да не сум направила за нив
Ќе плачеш кога ќе прекинеш да доиш може, и јас исто.. Сега испиена сум иако јадам како воле .. А јас мислам дека тоа скриениот шеќер ми остана, мерев случајно после пораѓај, па дупло ќе плачам.
Јас малата кога заспие не ја исправам да ждригне, бидејќи лесно спие и можам да ја разбудам, но кога не заспива на града ја исправам и ја држам исправено едно 15 мин и исто некогаш ждригне некогаш не.
А дали знаете дека со доењето се слабее? Се губат околу 800 калории на ден Јас со второто ослабнав, т.е си дојдов на килажата па и 2-3 кила помалку ако не се лажам, од кг со кои ја стартував бременоста. Јадете си се, ем ќе си доите ем ќе си слабеете, поарно од тоа, здравје
Здраво мајки, бебчево ми е 4ипол месеци и на вратчето има многу потпарчиња. Пробав со на FrezyDerm baby cream од камилица и исто на FrezyDerm nasal ointment, но некако не му помагаат. Да ми предложите нешто поефикасно. Ви благодарам
Јадам лосос само. И јаткасти и јајца. Уште овошната сезона да почне и да навалам на јагоди, лубеница, кајсии, праски мх мх
Мајки, бебето прима прво капки Д3 па после се исповраќа...дали да му дадам одново Д3 капки што мислите?
Здраво мамички, Имаме 5.5 месеци, и овие два дена многу е кемкав, често се буди на 1.5 - 2 часа.. а претходно си спиеше нормално постојано е со рачињата во уста нервозен е мачкаме со гелче за забчињата.. ма да не гледам нешо непцето да е отечено или напукнато.. се буди со плачење дали се работи за заби или е нешо др.. не сме спиеле воопшто и ме загрижува што може да биде.. некој сл искуство..