Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Штом таа вели не е страшно, значи не е. Ако во просек дете напредува 20 гр на ден, а за близначиња е помалку, значи не е лошо. И мојава последниот пат имаше многу малку качено, испод просек, па докторката рече ок е, и не му ја мислам многу.
    Ќе почнат бебуши повеќе да качуваат наскоро, не се секирај, а и не се сите бебиња исти :hug: Битно е да си полнат пелени :)
     
    На Dikinzi и Vanj4e им се допаѓа ова.
  2. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    95.508
    Пол:
    Женски
    Да,тешка е,но токму тие масти се здрави.Јас од почеток јадам,бебе е скоро 7 недели,не сум приметила реакција,но не ја пречекорувам препорачаната количина од 140гр неделно.

    @Kallias2 пазам да е норвешки лососот,и сертифициран,не за живата туку свесна сум колку се загадени океаните.

    Јас за месо сум општо скептична и го избегнувам,ги хранат со концентрати за да добијат тежина,a особено пилешкото е полно со хормони кои одат директно во млекото:/

    @Vanj4e покрај протеини,внеси и многу млечни производи,односно калциум за да ти се појача млекото.
    Покрај млечните,јаткастите плодови(ако не си алергична) се богати со калциум,како и зелениот лиснат зеленчук.Ке пркнат бебушките,само трпение и верувај во себе.
     
    На Kallias2, Sexybaby86, Dikinzi и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.000
    Допаѓања:
    190.155
    Пол:
    Женски
    Мојата педијатарка (а и од луѓе тука сум слушнала) тврди дека никакви добри масти и омега нема во риби кои се одгледуваат за јадење, без разлика на сертификати. Колку и да се загадени водите, најбитно е рибата сама да бира што јаде, а не што и е дадено, оти за да се одржи здрава и да не ја нападнат паразити во одгледувачници и ограничен простор на движење, она што им се дава не е баш најздраво. И дека во секој случај многу е подобро да јадеме свежа уловена од подлабоко, отколку купечка и замрзната.
    А за омега препорачуваат суплементи оти преку препорачаната неделна доза на риба, не стига доволна количина до млекото за да напраи некаква разлика.
     
    На mal.ecka, Kallias2, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Зошто му се смени столицата на бебуш од жолта и густа во кафена и течна? Можно ли е дека изедов премногу лубеница претходните 2 дена и се олеснив убаво и јас, па сега и кај него такво дејство да има? Или пролив да не е?
     
  5. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    2.234
    Го тргна АД млекото скроз?
    Со АД е погуста, ако е само на мајчино млеко е потечна.
     
    На Cherry333 и Jana06 им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Да, само на доење е веќе 5-6 дена.
     
    На BY<3 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Дали знаете дали смееме да земаме сируп за подобрување на железото/хемоглобинот?Пишува дека е и за доилки, флорадикс, го пиев и во бременоста па да си го допијам си велам ама некаде како да прочитав дека вакви лекови за железо можат да предизвикаат грчеви кај бебе...
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.019
    Допаѓања:
    12.405
    Пол:
    Женски
    Па уште во првиот месец почнав со разновидна исхрана. Од внимание кон млекото, за да го збогатам и зголемам, мешав доста храна. Повеќе јогурт, сирење, кашкавал, благо многу желба имав на почеток а не сум јадач на благо инаку, ама сега ми помина желбата, можда откако се сретнав со целулитот. Не јадам грав, а како би збучила едно тавче-гравче, зелка пробав неколкупати, имав гасови и јас и бебе. Од јаткасти-бадеми, лешници и ф'стаци. Од овошје банани јаболка. Мед ми беше страв, а во бременост јадев. Кафе избегнувам.
     
    На dunika, Vanj4e и Jana06 им се допаѓа ова.
  9. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    1.432
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите мами.
    Ја почнавме 7 - та недела со малава. Преку ден кога е будна знае да седи сама и да се загледува во телевизор или играчките што и висат, почнува да гука но кратко трае тоа, почнува да кенка и кога ја земеш во раце е мирна. Штом сакаш повторно да ја оставиш почнува да плаче, да се врти целата. Изгледа сака да е во раце. Исто така и за спиење прави, мислиш заспала пушта цице штом ја оставиш рика....

    Какви се вашите бебиња на оваа возраст, колку време се будни и како го поминувате времето додека да заспијат пак ? :)
    Инаку ние сме будни по 2, 3 часа некогаш 1 или пак 4, секогаш различно.....
     
    На dunika, Vanj4e, BY<3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Смееш тој е за бремени и доилки
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    2.234
    Вториот скок...и кај мене почна така од вчера, само в раце сака...За недела би требало да помине.
     
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.404
    Допаѓања:
    26.831
    Пол:
    Женски
    Таа 7-8 недела.. нема никогаш да заборавам.. бебе нон стоп в раце, ни дење ни ноќе спиење. Јас бев зомби, беба плачеше, ја плачев.
     
    На Dianas, BY<3, Vanj4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Жени, некој ефикасен топломер да препорачате??
     
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.404
    Допаѓања:
    26.831
    Пол:
    Женски
    Тој што се реди на чело, јас го имам и тој од Авент за под мишка и тој е добар.
     
    На Vanj4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.404
    Допаѓања:
    26.831
    Пол:
    Женски
    Мајки, само шишиња сум дома. По ваши препораки, по препораки од продавалки, ѕверкава моја ништо не прифаќа. Шишињата и служат за чешкање непца или па фаци правење ко кој знае што да ставила во уста.
    Почнавме со неколку лажички на ден кашичка, водичка ќе треба да пие по малце, како им давате течности ако не сакаат од никакво шише? Се тешам дека кога ќе почне сокче ќе засака.. мала е за тие на нук чашичките.
     
    На Vanj4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    1.432
    Пол:
    Женски
    @Bubish26 @BY<3
    Се надевам брзо ќе помине.
    Нон стоп е кенкава, во раце се смирува, па пак не и одговара ја вртиш секако, ја шеташ, нудиш цице но уште повеќе плаче ...
    Засега барем ноќе ми спие.
    Кога се тие скокови, нареден кога има?
     
    На BY<3 и Vanj4e им се допаѓа ова.
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.404
    Допаѓања:
    26.831
    Пол:
    Женски
    Мене ми се чини дека нон стоп сме во скок хаха, има app Wonder weeks се вика, на него ти е обележано кога има скок и што да очекуваш.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.689
    Допаѓања:
    19.044
    Пол:
    Женски
    Денеска два пати после доење ми поврати, ја чекам после доење да ждригне ама не сака никако, и откако поврати се иждрига толку силно два пати по ред . Нормално ли е ? Ми е страв да не нее нешто во ред?
     
  19. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    6.164
    Пол:
    Женски
    Чувај си ѓи, утре кога ќе почне да пие цедени сокови, чаеви, ќе си ѓи користиш за тоа. И не мора да пие, остави и го шишенцето , нека го игра, глода, после одреден период (месец, два) ,ќе почне да пие. Јас така направив,такаи почна вода да пие.
     
    На dunika и Bubish26 им се допаѓа ова.
  20. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.715
    Допаѓања:
    4.042
    Јас железо не ни престанав да пијам уште од бременост и во болница ни донасаа железо на сите родилки и дома кога си дојдов ми дадоа инструкции да продолжиме со железо, фолна и секаков друг витамин ако имаме не е лошо. Јас и фолна и железо и магнезиум пијам еве веќе 2 месеца како сум породена и пошто дојам ми требаат екстра витамини.
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.