Скокот е. И мојот само што наполни 2 месеци и почна да забележува работи и си откри дека има рачиња, бараше цело време да е кај мене и да цица. Тоа го смируваше зошто само мама беше позната територија. Му помина за една недела. Ама и си го смени редот и “табиетот”
Ај што не спиеме по цели денови, не спиеме. Туку денеска еве 5ти ден како не е какан. А прди растура. Според мене е многу 5 дена да не кака. Што предлагате?
Дали ги проба Колипрев капките? Нас ептен ни се среди столицата од нив...по 2/3 пати на ден кака сега. И ние мака мачевме со столицата.
Ги користев додека имаше грчеви. Потоа се исфрлив, останавме на пробиотик. Затоа што си имаше редовна столица. Ама не се случило до сега 5 дена да не е какано. Исхраната ми е иста. Не му е подуечно стомачето, ама ги витка нозете, се мачи и прди цело време. Дури и за прв пат му мириса кога прди. Има 2 и пол месеци.
Во фамозниот 4 скок сте најверојатно. Ние прв тој го осетивме, крш беше благо речено. Уште не сме скроз оправени.. Овој период го осознава светот, не е веќе само да цица и да нана, почнува сѐ да го интересира. Да не те разочарам, ама мирно бебето како што било не знам дали пак ќе ти биде. Сега смешки повеќе ќе ви прави по дома, тоа е позитивно.
Мајки ние вчегуваме во 19та недела, според Wonder weeks сме во скок. Предходните недели беше за мене залепена, плачлива, редот во спиење и се поремети, а овие 5-6 дена си заспива по старо. Завчера вечер почна многу не мирно да ми спие, ајде реков дане и е ладно само по пижама пошо малце залади и ставив и боди на куси ама не било до тоа. Вчера во парк на кој и да го видеше му се смееше, гугаше цело време, весело си беше, си заспа во 8 и 15 (најкасно во 8 и пол заспана е). Јас и маж ми легнуваме кај 12, знае да се размеда кога ќе влезе ме во спална ама вчера се разбуди одма, ја зедов до мене и заспавме. Кај 3 ми се разбуди да цица и од тогаш почна немирно да спие. Мавташе со раце,нозе, главче.. јас стави ја пак на града џабе, гушни ја џабе. Не знам што би можело да е, дали нешто и смета, дали оваа последна недела ќе е хаос.. ама ептен беше не мирна.
Мајки, за паѓање на струпките од главчето прво пред капење начкаме масло/крем после некој саат капеме и чешламе, така?
Педијатар ќе те советува чим е на ексклузивно доење се толерира и 7-8 дена да не е какано, според мене и 5 дена е многу, се мачи, има гасови, нервозно. Така и моето, ќе заспие ќе прдне и со вриштење се буди
Јас сум од тие што даваат имаш омега за од 8 ден од рагање Едните се D3K1 другите се DHA Omega До 4тиот месец и давав по една капсула од двете Од 4тиот месец има други тие се D3DHA Omega е тие се за од 4ти па натака
Има решение не и го давај на свекрвата Инаку како што ти кажаа погоре за него ти и гола и боса и со кал измачкана и испотена си најубава најдобра и светица
Кај нас е обратно, беба кога е вознемирена до пред некое време само со мене се смируваше сега научи и мм како да ја смири Иначе свекрвами ја фака паника и само и збори и уште повеке се нервира детево
Така е, за МАЈКА нема замена Веќе не е кај нас она, мада ми помагаше многу, за тоа неможам да се пожалам, некогаш се нервирав ама па кога си сам оди до вц да те видам или касни нешто . Сега веќе сме сами со бебуш и маж ми. Ама не е страшно тоа, зар ние се сеќаваме кога не држеле и смирувале бабите? Не, туку се сеќаваме на мајчината љубов и внимание. А и бабите секако си имаат посебно место во срцето, и они се радуваат на внуци.
Мајки, каде можам да научам повеќе за "скоковите" за кои зборувате? И што мислите, дали и од кога да давам пробиотик(имам линекс капки), а освен витамини , давам бекутан капки за грчеви...
Кои витамини ги даваш? Јас давам пробиотик од кога не пуштија од болница Recol bimbo се викаат. За скоковите јас ја симнав апп Wonder weeks околу 3.5 долари е, а има и книга. Може и на google ќе можеш да најдеш нешто.
Омега мене не ми кажале, не знам дали да ја прашам докторката. А пробиотикот го давам сабајле и навечер пред цицање.