Здраво. Некаде имав прочитано за скокови ама немам време да враќам и да тражам. 5 недели е ќерка ми и последните неколку дена преку ден скоро па ич нејке да спие. А пак денес цеееело време рика и ништо не сака освен да сум на нога да ја шетам. Нејќе да спие, нејке цуцла, нејќе да цица... До вечер ќе сум сама со неа, а и во иднина 90%од времето ќе сум сама, мм почна пак со работа. Не знам веќе шо да правам, ем неискусна ем уште имам болки доле а и во цел грб, ем тешка е 5500гр и не можам цел ден на нога да ја држам..
Има посебна тема за тоа, веројатно ќе не префрлат. Еве апликацијата какви типс дава за тој скок, се надевам ќе помогне :
Синко имаше тесен солзен канал. Нема што не пробав, од газа и превриена вода до капки, маст и специјални влажни марамици кои беа прескапи. Помина само од себе. Секој ден го масирав нежно и се отвори само од себе. Неколку дена по ред солзеше и имаше многу многу гурелки а потоа се исчисти целосно. Јас мислам дека не е гладна и дека сака да се мази. Не би давала дохрана.
@Fallen.Angel ако сакаш да не ти се меша кога ќе стигне бебчето, кажи и уште сега дека ти и маж ти ќе одлучите за тоа. @VDT2906 растворот е Нистатин, со содата се прави 1 мала лажичка во 200мл и со газа.
Мене ми треба совет... Бебето има 50 дена и секогаш кога е вознемирено и пчачливо го ставам на града и се смирува.. Меѓутоа проблем е тоа што со тоа најверојатно се прејадува и повраќа... Свекрвата постојано ми префрла зошто тоа е на града.. Не требало постојано да нудам да цица.
Има нешто свекрва ти што не знае?!? Гледам дека за се има "стручно" мислење Се извинувам на негатива ама раат немаш видено од неа
Молим ? Речи она за нејзиното да си каже, ставај си го на града кога сакаш колку сакаш, тоа тебе те сака не неа. Чим фаќа да цица има нешто..
Сега сум на раат од неа, во Штип си седам и чекам болки да ме фатат, а она упорно ми досадува да дојдела да ме земе и ми соли памет. Прееска кога се јави пак ми даваше совети за бебиња да не сум се лажела уште сега да купам премногу шишиња за млеко, доста биле 2. Имав земено и адаптирано млеко за секој случај да имаме дома, кога го видела пак ми соли памет да сум купела уште да не сум се мачела да дојам тоа веќе никој не го правел, она уште во тоа време не доела децата ги пораснала со адаптирано млеко и многу убаво спиеле. Јас и реков дека планирам да дојам, а таа една кутија ми е за во случај на почеток да немам млеко да не биде гладно бебето и и исклучив. Искрено ми годи што сум сега подалеку и ако не сакам не морам да ја слушам. Сега ако ми заѕвони ако сакам ќе и кренам ако не нема.
Леле и мојава поборник за адаптирано е зошто не доела. А да ги прашаш млекото од крава во прашок кон што е адаптирано дали знаат да ти одговорат. Кон мајчиното, кажи и. Не и дозволувај во доењето рачки да ти фаќа. И мојов не спие, зошто бил доен бил. Мрш
Докторите не препорачуваат лажалки дури стоматолозите се строго против. Можат да направат проблем, но тоа нема врска со бактерии. Ти си одлучуваш за тоа ама не можеш да планираш. Јас не планирав да давам ама уште од болница го научија и сега кога не можам со ништо да го смирам (што е ретко) му давам и јас. Или кога заспива на града му ја давам цуцлата да заспие цврсто и ја пушта после 5мин сам.
Давање цуцла лажалка ептен го намалува ризикот за ненадејна смрт на новороденче. Некои родители домот го одржуваат чист ама кога ќе падне цуцлата на земја му ја даваат пак без да ја вријат или дезинфицираат. Мене моите ко капка на дланка ме чувале ко во стаклено ѕвоно па глава не можев да кренам од настинки како возрасна. Имунитет треба да се гради, и педијатри и неонатолози препорачуваат цуцли низ цел свет и сега некоја проста тебе ќе те замара, а бе зошто и креваш слушалка бре цц
И јас не сакав лажалка, ама коа ќе завришти и кога ќе го смири цуцлата, како попче ќе му ја бутнеш. И онака мојов пречесто е зинат, уште да не е цуцла, хорор. Ќе му ја фрлам кога ќе дојде време, па тогаш нека плаче. Барем сигурна ќе бидам зошто ќе плаче.
Јас не сум поборник ни за едното ни за другото. Сметам дека до одредена возраст добро е да се дои бебето, сепак и адаптираното млеко не би го исклучила целосно, ако има потреба би дала. Ама мешање не сакам од страна, така баба ми и се мешаше на стрина ми и бебето никако не можеа да го смират плачеше и беше многу раздразливо оти сите се мешаа и се нешто пробаа да му дадат или да му прават. Цуцла лажалка ако фати нема да му ја бранам.
Нема што да си поборник. Ако имаш млеко зошто да не го доиш. Ако немаш, гладно ли ќе седи бебето? Нормално дека најважно е бебето да е нахрането, и да не го доиш не треба да имаш грижа на совест, ако поради некоја причина не си во можност. Ама при млеко да ми вика прашак да давам и секое понашање лошо на бебето да ми го припишува на доењето, тоа ако не е поборник не знам што е. Не е битно, може да си кажуваме ние вака ќе правам, така ќе правам. Бебето само ќе си каже. И јас го "научив" во раце, сигурно не ми беше намерата раце и кичма да ми паѓаат, ама ете..
Така си е. Доењето од една страна е тешко, ама мајките кои ги хранат комбинирано велат дека сто пати е подобро ноќе кога ќе се разбуди да го стават да цица отколку да плаче бебето додека му спремат и стоплат адаптирано.
Наоружај се со нерви затоа што ќе ти требаат, нон стоп ќе слушаш проповеди .... Јас читав предности недостатоци за цуцлата и секако повеќе има недостатоци, но кога почна да вришти кога со ништо неможеше да се смири , решив да бидам немајка и да му дадам цуцла, исто и за млекото моето е на комбинирано во почетокот и затоа бев немајка зашто сум давала формула ...Сега веќе не ме ни интерсира кој што мисли битно ми е насмеано бебе, полни пелени ...Што и да си одлучиш само си терај ... и со лесно бременоста.
Кои се недостатоци на цуцлата? Пак ќе спомнам, цуцлата во огромна мера намалува ризик за синдром на предвремена смрт на новороденче, мислам дека никој недоататок не може ова да го надмине.
Moze da dovede do krivi zabi , polesno se vnasaat bakterii vo ustata, tesko odviknuvanje od nejze ....
Недостаток е што децата ќе имаат тешкотии при проговорување затоа после 6 месеци се препорачува исфрлање на цуцла...има и други само ова вака како најбитно го запомнав...побарајте низ интернетот има информации дали е добро или не е...за добра страна е тоа што бебе полесно ќе заспие друго ништо