Поглуп аргумент од тоа ние така правевме па еве пораснавте не сум слушнала. Путуј Европо сречу желим ти ја . Нивно е да си кажат, наше да си тераме.
Генерацијо 3, 4 месеци плус ви исчезна ли теменицата тие што имавте ? Ние третиравме со се скоро, и пак како да има не е сто посто исчистено главчето.
Па ништо ја погледнав на криво, ама не и поземам многу зошто со детево е ретко, а и кога е јас секогаш сум тука, така да нема прилика да праи што сака, жалам.. Ниедна намера не си ја истера, да беше до неа немаше да дојам и син ми ориз ќе јадеше на 3 месеци
Овие свекрвиве како една мајка да ги родила. Значи мораат да се умешаат во се. Фала Богу за малава мојава закочи, на почеток имав проблеми ама маж ми не беше со нас, му кажав и скроз друга е. Јесте дека деновиве запна за бајачка оти плачела ама низ едно уво влегува,низ друго излегува.
Нашиве се недела дена мислам разлика, можда и помалу. Памтам двете бевме околу служниот чеп со прашања нас ни помина со ова, пола саат пред бањање, чешлање од сите страни и добро сушење на косичка. Ако не си пробала, пробај со ова..
И на моево од жешкото му се направија и еве уште има.Педијатарот ни даде маст пантексол, но како што читав овде, сами треба да си пиминат. Со камилица кога го чистам мислам му се смирува подобро отколку од маста...
И уште да прашам, дали земате магнезиум? Од бременоста ми останаа неколку кесички магнезиум директн од 400 па се мислам да ги допијам , само не знам дали има штета во доењетоа мислам овде прочитав некоја мајка дека пие. Инаку пијам и фемибион 2 после ручек...Навечер пред спиење понекогаш и Б6.
Ajde sega e vreme da bidam nekulturna i neevospitana... Moja c***a moe dete.. Kako beee pozdravo bilo da pie adaptirano.... pa toa nikoj na svet uste ne sum cula da go kaze... Naprotiv oni najm se bunat ako nekoja majka ne saka da doi a ima mleko... Boze mili... Bez svekrva! Teraj sama,ne ti treba pomos 9mes se priviknuvalo teloto i psihata se si znaes!
Ох душиче мало, исто и кај нас беше, уште од раѓање од болница си имаше гурелки и секој ден и го бришев окцето, имаше ден кога немаше ништо, а другиот дупло повеќе. Пишував и јас тука што да правам, читав по интернет за затнато каналче, како да се масира итн. И го масирав неколку пати на ден и ништо, како што викаш ти секој ден ќе се буди со залепено окце. Инаку јас почнав големото со хомеопатија од пред неколку месеци да го лечам и сега за ова и се јавив на хомеопатката и ми даде една капсула да и дадам и верувала или не, за 2 дена толку беше. Веќе не и се појави. Еве 14 ден денес како нема ништо пу пу пу, ни солзичка ни гурличка ништо ништо. Инаку денес полни 2 месеци мојата. Дај Боже толку да е, да не и се појави веќе
Женски, во Скопје нема советувалиште? Сите се матични? А кај вакцини само вакцини се? Нема за здраво дете контроли? Еве контролата на две недели, во Јане, ми кажаа кај матичен педијатар дека треба
За советувалиште не знам. Кај вакцини, да пунктот е само за вакцини. Поради ситуацијава јас се слушнав со матичната рече контрола со нејзе не, да го проверат на вакцина. Таму има нели педијатар го мерат, го прегледуваат.. Ние не сме биле кај матичната од 45 дена, 5 месеци сме. Само на 2 вакцини до сега, па таму пратиме напредок.
Епа требаше така да го проверат, ама тие на шалтер ме пратија само кај педијатар. Во ред си беше жената, ама нели развој, вакцини, се, треба тие другите да пратат? Не знам сега ни вакцина следна ни ништо... Затоа прашувам. Ми рече па нема сега така, сега сите се матични хммм
Чекај, не те сфаќам баш. Вие имате примено вакцина до сега? Не знам како е во Јане, ние не примаме таму. Овде носиш крвна слика, го прегледуваат бебето, го вакцинираат и ни кажуваат кога следна вакцина, ни запишуваат во книшка со моливче. Независно од тоа си се прегледите кај матичниот педијатар. Само јас не го носев таму ради пандемијата, па и тука на вакцинирање го проверуваа. За вакцина мора бебето здраво да е, не ставаат туку така.
Вака, бебето ди прими вакцини во болница кога се роди и сега требаше да ја правиме првата контрола, на 15 дена таа, бев до Јане и тие ми викаат треба да го види педијатар, а не кај вакцини. Нели тие кај вакцини си следат развој? Зошто вака не насочија? Не беше работата да се стави вакцина, туку контрола.
Добро ти рекле, преглед таму добиваш само во моментот кога ќе примате вакцина. Следна ти е Рота, пред 12 недели треба да ја примите, после 2 месеци обично се прима. До тогаш, кај матичен. Или приватно, како сакаш. Или воопшто не го носи, како мислиш така прави