Мајки, доењево мене веќе ми стана болно.. си преткаше беба од секогаш дур цуцаше ама сега почна да ме штипит, ај што не и ги имам исечено ноктите, па цела сум изгребана како да сум била во вреќа со мачки, за тоа сме ние криви, тук почна да ме стиска со непцата, да тегне, арно запчиња нема.. ама кога ќе ме види на сред цицање и ми се насмее, се и е опростено.
После доење го поткревам малку да ждригне,не знам дали секогаш успева ама многу често ика после тоа. Дали е нормално?
Нормално е, се наголтало воздух и со икање го исфрлува, дај му нека цицне уште малце да прекине побргу иначе ништо страшно.
Jas si kupiv od struzanka komplet za novorodence ima preubavi. I zamotana vo kebe zaso bese fevruari I vo transporter.
Сечи и ги ноктињата и тaa ќе се греби. Јас од 2 недели ко имаше син ми почнав да му ги сечам со ножички бебешки, онака уредно скратени немора до живец, секако меки се. А за цицањето со тек на време ке ти се навикнат брадавиците, незнам вие колкави сте мене мислам месец време ме болеа, сега само пред добивање ми се осетливи. Најубав период ви е, посебно доењето, затоа ние уште цицаме чувството е незаменливо
Хаха мене па мојата ми вика постојано да му давам, а стави синко рака во уста дај му да цица сигурно е гладен
И ги сечам и јас, а ниеднаш не е гребната, се чеша со дланката, не се прстињата хаха. Секогаш кога е заспана и ги сечи маж ми ама последниот пат мрдна, па малце ја стипнал, тој виде крв и 2 саати плачеше како мало дете дека ја повредил, а таа си продолжи сп спиење.. траума имат и сега не и ги сечел. Кај него заспива само во кенгур, па кога и да сме излезени јас по мене го влечкам ноктарчето случајно дан заспие.
Хаха и мене не ме бива за пипави работи, мм му ги сече. Јас еднаш му ги исеков, до живец го средив, 1 недела раат бевме. Ама мм вика си го осакатила бебето не може веќе да му ги сечеш. Ваа на секои 2 дена орли, цело време се гребе и крв си пушта мали мрав
Хаххаха ох лелее кај нас јас сум плачката, ама и по храбрата за се, мада и ич нејкам да ми се мешаат па така се завземам во свои раце. На вакцина јас го држам и секогаш плачам, неможам по јако е од мене, на мм му велам држи го ти, ама нејки знае дека ке попушти и тој па затоа бега Нека се живи и здрави само
Здраво мами Можеби прашањево не е за овде но гледам дека најактивни сме во оваа тема. Планирам малава да ја оставам на чување кај Свекрва ми на некој час, па само што измолзев околу 100 мл млеко. Но изгледа рано го направив ова, планираме да одиме после 4 или 5 часот вечер. Дали смеам да и го давам или друго да измолзам?
И на мојата на моменти и' "шетаат" очите. Кога бев на контрола пред 2 дена ми рекоа дека е нормално и дека уште не може убаво да ги контролира ама уште не сум мирна дека мм како мал имал криви очи па ми е страв и нејзе да не и' се искриват. 5 недели сме
Секакп дека смееш. Стави го млекото во фрижидер. Пред да и го даде, во некој сад нека згрее вода, да не врие, туку да е жешка, нека ја тргне од плоча и нека го стави шишето. За неколку минутки ке се згрее млекото и тоа е тоа.
ми се изгребала кај усната горе линија цела, ми е страв да не и остане лузна, дали знаете шо треба да ја намачкам? инаку и ги сечам ноктињата редовно. нз како се изгребала.
Helooo мамици згодни Еве не и нас. Вчера бевме на контрола, 2 месеци наполнивме па да се измериме и прегледаме и супер напредуваме да си кажан, цело кило и 50 грама за 1 месец од моето млекце само и 4 цм пораснала Се е супер. И се смееше на педијатарката и гледаше со очињата кафе што и покажуваше и слушаше кога и тропкаше, кукла ми е она, богатството мое непроценливо, не можам да се воздржам ама тоа е она за мене Друго што да ви кажам. По дома добри сите еве си седиме и слушаме надвор моментално Кај вас како е ситуација? Од понеделник тука основните школи и градинките се отвараат и ќе одат до крајот на јуни до 30Јуни. Не знам дали да го праќам синко, прво одделение е, ме прашуваат тука мајки дали ќе го пуштам, многу се мислат дали да ги пуштаат или не, а и јас се мислам.... а од друга страна секој ден надвор е си игра со децата, возат велосипеди....не знам, јас би го пуштила ама ќе видиме. Ете тоа е драги мои. Со подетални информациј се чираме нареден пат
Јас ништо не го мачкам, цело време се гребе, нема лузна. Еве го сега во око си брцал и таму црвен се испогребал тука кај што се спојуваат окото и носето . П.с и јас му ги сечам ноктите цело време ама како жилетчиња му се.. И не знам што желба има да се џбара по лице цело време