Мојава ни ден нема со широк повој и ооооодлично напредува, мислам дека тоа нема врска со колкчињата туку останато да се практикува од дамнешни времиња кога непостоеле пелени за една употреба. Чинам во другите земји воопшто непостои такво нешто, еве нека споделат искуство феминки кои неживеат тука...Сега твое е да си одлучиш дали ќе ставаш широк повој или не
I jas dodeka bev bremena se mislev da i stavam povoj, ama koga.odime na kontrola i ne gledat na eho velat deka e se vo red fala mu na Boga, mi nemat spomnato za povoj. Sega zdravje ke odime vtornik na kontrola i ke vidime so ke kazat.
Да да и нас ништо не ни споменуват,незнам дали само во странство е вака или стварно нема потреба,нека нема само добри да ни с бебушките. Иако како што кажав во другиот пост не е нешто лошо ама кај нас го прават скоро кај сите бебиња.
Мами, јас сум родена со дисплазија на двата колка, проодена сум на полни 2 години. Кога сум се родила, на мајка ми и рекле лабави и се колковите, ставај и широк повој со ПЕТ пелени!!! Пет, човече! За на четири месеци при рутинска редовна контрола, да се види дека јас такаречи немам колкови. Поминав без операција, само со Павлов апарат, ич да не знаете како изгледа, се врзува цело тело од рамена до зглобчиња, секое менување пелена = квантна физика. Поминав без операција заради упорноста на моите родители и роднини, Господ нека им подари вечно здравје за тој труд! Првиот проблем од тогаш, ми се појави во 38 недела од бременоста, кога ми се укочи десниот колк, и заради што морав да бидам породена со царски рез, иако се отворив комплетно, со мазни рабови и прекрасни напони, се беше џабе кога нозе неможев да раширам, бебето се заглави во карлица. Имам ќерка, нели нормално се надевам дека ќе ме благослови со внучиња во далечна иднина, ниту еден ден нема носено широк повој, ниту пак знам да го ставам. Широкиот повој НЕ ги решава проблемите со колковите, нивното ширење не значи и правило развивање. Како и да е, постојат педијатри/ортопеди се и сешто, и секако секоја мајка најдобро си знае за своето дете. Утре сме на контрола кај ортопед, до сега фала му на Бога и вечна Му слава, се е совршено. ва е моето искуство, решив да го поделам со вас затоа што може ќе ви помогне. Секое добро од мене и Буцка!
Мајки во мисли ми е дека на детево му давав капки и чај од анасон уште од 2 недела да не му се наштети се ми е тоа во мисли??? Сега му давам само чај од ким ама и за тоа се мислам, ама има грчеки сега дури се стега на цицка и додека не се искака на се смирува, а и столицата му е течна прска кога го соблакам??
Јас чај од анасон му давам од првиот ден откако си дојдовме од болница па фала Богу до сега се е во ред
Лично јас се водам по докторката од соба за доење , а и многу други кои велат дека доволно му само мајчно млекце на бебуш за се до 6 месец. Кога има грчеви пробај со топла пеленка да ставиш на меше , стави го на града да цица, контакт меше на меше со тебе, пробај со звук од фен тоа доста помага. Можеш да му ги кренеш нозете горе долу им помага да ослободата гасови така.
На син ми му беше дијагностицирана дисплазија, ставав прво широк повој со четири пелени, а потоа носеше и Павлови ремени. Детето ми се мачеше, па седев на компјутер по цели вечери, барав, читав, споредив слики и никако не ми изгледаше дека детето ми има дисплазија. Инстинкт ли е во прашање, не знам, ама знаев дека син ми е здрав. Побарав второ мислење и ете моето чувство не ме излажа, син ми има совршени колкови, никаква дисплазија. Се мачеше со повој и ремени цели 3 ипол месеци. Уште од почетокот си бев со став дека повој нема да ставам, сеедно дали е машко или женско, ама поставената дијагноза ме запалши, па си реков да не се каам еден ден. За погрешно поставената дијагноза несакам ни да коментирам, се нервирам, детето ми се измачи, ниту јадеше, ниту спиеше. Широк повој ништо не решава, особено ако се работи за дисплазија. Аман од овие докториве, се знае ако има проблем се решава со соодветни помагала, а не со пелени. Инаку јас сум родена во лето, широк повој немам носено, а имам широки колкови и каралица. Значи се паѓа во вода, доста е веќе од овие бабини девитини. Згора на тоа се пораѓав царски од сосема други медицински причини. Затоа не мачејте ги своите деца со повој, доволен е памперсот.
Од капките не е. Ако има грчеви посебно толку силни капките барем малку би го смирилие. какви капки даваш? Еспумисан, инфакалм или колиф? За нас колиф беа најдобри затоа што помагаат и за варењето на млекото. Каква е бојата на каката? Секогаш ли е течна? Мириса ли кисело?
Се согласувам со Melinara има еден куп методи кои ќе ви помогнат да се справите со грчевите. Мајка како мајка во момент на очај ќе проба се. Признавам и јас се обидов со чај, но кога видов дека нема ефект и не му правам ништо добро на бебето го баталив. Со чајчето само ќе му го наполните желудничето и ќе му ги исперете цревата, а ако му го давате уште од шишенце ризикувате бебушко да ви се одбие од цицање. Нас многу ни помогна термофорчето и звукот на фен и правосмукалка. Му давав и капки еспумисан, па во комбинација со термофорот и фенот ни се ублажија грчевите. Секое менување пеленки му правев и масажички на стомачето (во правец на стрелките на часовникот) и секако цице кога сака и колку сака. Грчевите се ноќна мора и за родителите и за бебињата, период е, ќе помине. Само МНОГУ, МНОГУ трпение! Ние веќе немаме грчеви, ама затоа сега прткаме растураме! И уште нешто.. Велат храната нема врска со грчевите на бебето, моето искуство не го кажува тоа. Бебушко имаше СТРАШНИ грчеви кога пиев кравјо млеко, јадев јајца и храна која создава гасови и надуеност (како гравот) Кога ги исклучив овие намирници бебушко се смири, повторно (за тест) пробав гравче и млеко, бебушко збесна. Можеби не е ова случај кај секоја мајка, но ако бебето има многу грчеви, направете анализа што јадете и од која храна реагира така. За широкиот повој ви благодарам на одговорите мамички, решив и јас веќе не му ставам! Се надевам дека не грешам и дека и по два месеци нема да имаме никаков проблем.
Баш така како што кажа Јагода храната која ја јадеме може да има влијание кон стварање на грчеви. Кај нас на млеко и грашок ни реагираше мешко.
Ako ne ja pogodiv temava upatete me kade da go postavam prasanjevo.Vaka znaci imame veke 4meseci so sinceto se e vo red mejgutoa sakav da prasam jas sum po cel den s so nego mm odi po cel den na rabota si idi si legnuva muabetov mi e po cel den vrace jadenje presoblekuvanje nojke stanuvanje sterilizacija na sisinja nemam poveke sila nekoj sovet mi treba kako polesno da se snaojgam.
Истиот случај сум и јас. Нема полесен начин додека не пораснат. После ова следува дохраната и уште потешко ќе е. Јас одмарам повеќе викенди и после пак турбо. Нека те одмени било кој еднаш во неделата да поспиеш повеќе, колку толку одржува.
Јас утрво малиот го однесов на лекар зошто ми имаше многу брунки од комарци . И таму матичната ми рече дека секое сретство за комарци е опасно за бебе само во домот раид апчиња за апарат а за бебе ништо да не се става на телото се е отровно освен пудра за брунки што се продава по аптеки.
Може некоја мајкичка да ми даде совет како да одам прв пат кај педијатар, во општина Ѓорче Петров сме дали треба да закажам или одам дирекно па чекам во амбулантата во Ѓорче, сакам во понеделник да одам???? Таму да одберам матичен педијатар??
Во Германија сум сама, исто мм работи во др град дур си дојде... и по цел ден со бебе. Искрено да ти кажам средувам по дома кога имам време и јадам кога можам. Ослабев 14 кг за 2 месеци. Кога си доаѓа мм од раб. Тој е со бебе па јас да фатам нешто да средам а и ручекот ми останува на пола доста често па кога е дома мм тој го доправа. Бебушките на прво место, се друго на второ. Ако веруваш од моментот кога се роди ќерка ми тска едно две недели око немав склопено. Во болница спиев по пет минути. Затвори очи 5 мин. Отвори, провери бебе пак затвори 5 мин. Така и дома бев дур се опуштив малку. Многу на почетокот се исттрошив, ама имам прекрасна ќеркичка и таа ми е силата. Сакам да кажам не си сама и други има како тебе. Само трпение и смирение. Поздрав
Nemam vreme za sreduvanje sto bese toa odvaj zamivam nekoj tajnir casa rucek sto pravam i tolku se cuvstvuvam epten otepana mi treba spienje.Tuku aj temava ne e za vakva diskusija sepak blagodaram se tesam sto ne sum samo jas vakov slucaj pozdravce devojki
Девојко аман! Бебињата не се кукли, престани на сите теми да шириш дезинформации зошто некоја мајка може не знае дека си имаш мака со подвоена личност, па за нешто ќе те послуша и ќе се чуди после. И не ми е гајле за дрскоста, станува збор за бебиња, а лупаш свашта насекаде.
Мајки тежок е почетокот Јас со првото бебе така ко вас си патев , не бев наспана , не најадена , немав време да се средам.... е сега со второво сум увежбана . Плус и јас сум во Германијата никој немам од своите , мм на раб по цел ден ...Ама се трпи . Малово е многу мирничко , големата дада умна е и она . Поопуштена сум заразлика со првото . Сепак треба време да се привикнете со бебето едни на друго и ќе си се прилагодите на новата состојба дома.