Да, може. Стави го фрижидер и кога ќе треба да му даваш пак ќе згрееш вода во ѓезве и стави го шишенцето внатре и ќе се стопли за 10тина минути
е да прашав порано ќе го ставев во фрижидер ова сега е 4 часа на собна температура стоено..да го давам или да лета во мијалник
Твое млеко трае 3 часа макс. ако не е во фриждер, мислам дека не би било штетно ислп не сум ставала никогаш во фриждер доколку има пиено, секогаш си се молзев тазе.
обде низ форумов читав дека може и до 6 часа на собна темп. да стои јас по толку и го оставав ако не го испие цело па на наредно пиење го досавав тоа и плус пресно молзено ако му е малку...
Mајки денеска бебето што се допирал вратот на каишот од транспортерот малку се изгребало и околу тоа има како црвен осип од тоа што се допирало а беше жешко , со што да го мачкам ?
Здраво мајки ! Синот ми е 2+ месеци, веќе 2-3 пати забележувам нешто бело на ку*енцето...прво мислев од памперсот е, но увидов дека е секрет. И пишав на матичната рече само да се мие или да мачкам канестен крема. Дали може искуства како вие ги чистите, колку често и со што ? Да напоменам, почнавме повремено на некое бањање да му го отвараме по малце...
Белото е микроорганизми, ќе го мачкаш со крема некоја против бактерии, не знам да ти посочам некоја оти не живеам во Мк. Кај син ми кога имаше белко ни препорача педијатарот една крема таква и му ставав неколку пати ама и му го отварав, го чистев со водичка убаво и после го мачкав и му помина.
Дали знаете некоја апликација слична на оние за бременост каде што ќе гледам развој, совети, идеи за бебуш?
Јас ја имам kinedu за вежби и една детски развој, македонска. Нека споделат и другиве нешто интересно ако имаат.
Мајки како сте денес? Јас на раб на нервен слом хахах дома имам мало дифтарче, веќе ја имам тука така представено . Како сте вие со спиењето преку ден? Имате некоја рутина, ред кога треба да спијат, колку спијат? Јас едвај ја заспивам, ни пола саат не нанка, многу се штрека, рефлексите одма ја бидат. Како се укина полицискиот час, така ни се најавуваат гости да ја видат. Јас можно е да одлучам забрана до 1 години да дојди некој дома.. па ова малово не остава да го погледнеш, камоли речиш нешто. Покушавам во исто време да ја легнувам ама она колото го води.
Девојки кои го храните бебето со адаптирано млеко, колку грама ви качија во првиот месец? Моето 1400 грама и еве неможам да спијам од што мислам дека е многу. Пиеше 100мл и сега од 2ри месец педијатарот рече да не качувам на 120 мл туку да остане на 100мл барем уште 10тина дена. Јаде на 3-3.5 саати околу 7-8 оброци на ден.
Ако ми веруваш и мене истото прашање ме мачи..што со гости ? Зарем цела година ќе се криеме ? А секако на крај ќе мораме да го прележиме зошто ниеден вирус не умира туку така, исто како и со сипаниците, стомачните вируси. Не сме се виделе со моите и со свекрвами од коа направи малата 40 дена, тогаш и ѓи воведоа мерките. Еве ја на 31 прави 4 месеца, а и големава више збеснува, сака друштво, сака да трча. Утре планираме за прв пат да одиме кај моите и свекрвами, а од понеделник више да почнат гости да идат.. Нека се премести прашањево пошто не е за овде..
Мајки кои доите, дали јадите благо и пиете благо млеко? Мене некако после пораѓајов мн благичко ми се јади...
Ми рекоа да не пијам млеко, јас и секако не пиев и претходно, а благо не да ми се јадеее... Почнав од завчера по малку, а вчера касно малку и се ставив на теглата крем Не знам дали смее или не смее ама морам да прекинам