И јас јадам благо. Не многу, ама како што ич не јадев порано, знам да поткаснам. Здравје кога нема да дојам ќе се ставаме во ред. И млеко пијам чат пат.
Јас виноишав дека едвај го смирив бебето дома кога бевме на роденден кај комшиката. Немаше никаде одено ниту некој идеше кај нас поради короната. Сега почнавме да шетаме да ја бутам у народ оти ќе и смета тоа. Јадам и пијам. Оти да не пиеш млеко, шо е со млекото? @Cherish33 шо праи свекрвати? Мн да ми ја поздравиш
Да ти кажам кој знае како ќе изреаѓира, дали ќе плаче или не..останува утре да се види. Пијам млеко локам Уште од мала, додека бев трудна и од кога се породив.
За млекото и благото имам читано дека може грчеви да предизвикува.Ама наутро јадам млеко со бисквити или житарки, а и благо чат пат си каснувам (сега, не претерувам). Порано мислам на мајка ми и' викале да пија млеко кога нас не' доела...
Памтам и мајка ми со најмалата сестра по литар млеко пиеше на ден и ја доеше 20 месеци така да не знам Знам само дека се е различно од порано и мака ми е веќе од препукувања како треба и не треба. Слушам доктори ама и интуиција.
Не ми е мене за вирусов, некако многу нереално ми гледа се.. ама не битно то е друга тема. Можеби за осуда, зарад малава, зарад тие околу мене ама бебе кога праеше точно 2 месеци, јас летав од Австрија за Мк, тоа беше ден пред вондредна. Прашање беше ризик да дојдам со толку мало бебе по аеродроми или да останам без маж ми.. на помислата дека ќе сум без него, дека она ќе заоди што се вика, а не ја видел и предходните 2 месеци, плачев како луда. Мајка ми вели ако останеше кој ќе те трпеше. Кога дојдовме со малава не бев јас таа што велеше не идајте ради вирусов, туку сите од нас две бегаа хаха ...на страна тоа. Велам како со гости зошто малава прави хаос дома ако дојде некој, како да брани територија хахах. Цел ред и се пореметува, не сака да спие ни 5 минути, плаче нон стоп. Почнуваат гости да идат да ја видат за прв пат.. ама кого да видат,ѕвер невиден.
Млекото не се пие ради грчеви, а за тоа дали ствара млеко појма немам. Мене ми е речено јогурт и ориз. Не сум љубител на благо, од чоколада ја сакам само таа за кување. Ретко јадам ама јас ептен пазев на исхрана 3 и пол месеци.
И јас пазев од кога се породив ама испадна дека на 'погрешен' начин сум пазела. Мислев треба да се хранам ептен здраво. Мислам пишав тука, бебето не ми качуваше на килажа и откако исфрлив целулоза од исхраната и удрив повеќе на млечни производи, протеини, бели пецива и скроб ете го вчера на контрола одма одлични резултати покажа.
Оние бебенца што го изгубиле апетитот во 3-4 месец, да не го бараат кај нас е. Малата е 15та нед,3+м и последната недела цело време е на цице, со неа заспива со неа се буди. Порано цицаше мах. по 10мин. сега ме болат брадавиците од тоа што цело време цица. Не мислам дека немам млеко зошто супер си напреднуваме 5900гр, родена 2900. Значи ја дуплираше родилната тежина за 3 месеци. Дали е скок во развој или само лакомштина на мајка? Хаха
Мене не ми јавуваше грчеви од млеко, ми јавуваше од грав, леќа , боранија и цитрус. Сеа полека враќам во исхрана, иначе јогурт, млеко, месо, гледам такви работи да јадам за да биде по мрсно млекото.
Кај нас од се.. колку само сакав салата да јадам, по овошјето секако не сум. Во ориз се претворив. Еднаш реков чекај лазањи да напрам, зажалив што каснав, кутро бебе вриштеше ненормално од тоа зачините.
Скок, така и беба почна да се буди на секој саат да цица, како да е новороденче. Конечно последната недела ја тераме.
Исто значи, порано ми се будеше еднаш во текот на ноќта, сега скоро на 2 часа. Колку недели трае овој скок? И што друго може да очекувам?
19та недела е последна, плачење без веза, сака повеќе внимание, не можам на 1 минута да ја оставам сама да се занимава,не спие мирно на вечер и станува почесто ( исто од 8 до 4 сабајле спиеше, брзо цицање, па пак нанкање до кај 9, сега жива ненаспана сум), дење борби водиме за спиење, нон стоп е на града. Мене искрено цела вечност ми се виде.
Мое бебе после скокот не спие како што спиеше.. Стануваше за цицање накај 2 или 3 ноќеска прв пат, сега си затера околу 12. Дневно спиење исто хаос, еднаш саглам спие другото е малтретирање. Ние сме во 5 скок ама не гледам разлика некоја од претходно.. Освен што почна по играчки многу да пишти ако му ги земеш или му падне.
Нас шишето ни стана глодалка, не пие, само тегне со непцата на цуцлата, ако падне ете беља.. јас пак се надевам дека ќе се врати на старо со спиење, добро е што запива пак во 8, па да се видам со маж ми на раат, вечерам како човек, средам и себеси и низ дома, иначе ако беше уште како пред 2 недели до 11 скокање низ дома, во лудница ќе одев. Немав време ни дома да спастрам нешто, ни па да се искапам.
Kako toa mesec dena e bebe a 100ml pie?prviot mesec i davav 30ml pa posle nekoja nedela 60ml i zastanavme na 90ml Eve 4mesec sme a bebe poveke od 90 nejke da pie
Јас и кога не јадев ништо што наводно предизвикува грчеви, синко имаше премногу грчеви. Почнав да јадам се, исто. После 3 месеци грчевите престанаа.