После непреспиа ноќ, да ви пишам. Двс дена така се будеше и не сакаше да нанка без мене. Вчера после 4 покушаи конечно ја остадов сама. Обично кога ќе заспие тогаш ја мијам,чистам,пеглам, туширам, така да се подпирам на нејзиното плачење ако стане. Само што почнавме филм со маж ми, ете ја пак се разбуди, легнав до неа и така ви пишав. Не помина ни 15 минути, почна во сон да се дави, првиот месец сакав да прекинам со доење ради тој страв што секогаш се загрцнубаше ама сега од нигде никаде. Како Господ да сакал да сум до неа, ја кренав превртив, почнав да ја лупкам и толку.. престана да реагира. Ни плачење, ни покрет, мене паника, викнав дојде одма маж ми. Тој во такви ситуации е ммогу смирен, ја тресе, мава.. ништо. Јас плачам, тој мртов ладен и наеднаш ги отвори малава очите, збунето гледаше и почна да плаче.. душа ми дојде. Од кога заспа пак бдеевме со маж ми над неа цела вечер. Ептен ми е страв, не би ја остала сега сама во соба дур сме ние во дневна. Толку, нека заборави и креветче.
Јас од тој страв откако е роден не го оставам сам. Додека отидам до вц некогаш ако ми дозволи и толку. Туширање едвај правам. Филм или време за себе, јок. Ќе пораснат додека трепнеме. Сега и ние си спиеме заедно, не сака сам..
Мајки дали вашите сонциња икаат често ? Моево секој ден понекогаш дури и два пати во денот. Дали е нешто страшно тоа ?
Ооо душиче. Да му давам цица само ми е страв да не е нешто сериозно дека секој ден цица а тек во среда сме на прв преглед на педијатар.
Ништо не е, тие и во стомак икаат. Сега како расте поретко ика, ама знае да затера по 2 3 пати на ден да почне да ика. Најнормална работа, не се секирај
Не, главчето и е секогаш на страна ама со тело си е на грб, пострашно ми е да е на страна, пошо веќе почнува да се врти на стомаче ако е на страна и ако не видам аууу, а залепена до креветчето оградите ми е исто страв. Прв пат се дешава во спиење да се загрцне, а во цицање веќе немаме проблем.
Не е страшно, така го исфрлаат вишокот воздух што го лапнале додека цицале. Како што ту кажаа и во стомак икаат, не нишај само, дај му да се напие и ќе престане. До кај 2-3 месец често икаат.
Majki pocnav so d3 -k1 so kombinacija na biogaja , dadov sega d3 ,posle kolky vreme da ja dadam biogajata ?
Се е тоа нормално мојата ги пика двете раце и вика вади нови крици па после едно по едно прсте а за дигањето на главчето исто нормално нели советуваат после 2 месеца и да се прават вежби за до седечка положба
И јас се препотив дури читав. И мене неколку пати ми се има заштркнато и тоа после 15-20 минути од цицање и заспан, и одма се потресувам и го дигам го тапкам, маж ми вика Аман полека, ќе го стресеш. Пред некој ден заспан, наеднаш врисна, кога гледам ја пикнал ногата под оградичката и ја заглавил во решетките на креветчето. Не знам како успеал. 10 очи отворени!
Леле душиче, ајде поминсло. И јас мн стравувам од тоа, мојов прелакомо цица и кога ќе се поддави толку паничам што се препотувам...
Јас сите витамини му ги давам во дохраната му правам 30 мл сигурна сум дека ќе испие толку и му ставам внатре д3 к1 и омегата и си ги цица. Погрешно е во ад млекото ако се стави ?