И мојата не знае за доста, сега најново од кога почна да се превртува е дека ке легнам до неа се врти накај мене цица па ке се сврти назад на грб и пак накај мене и така до бескрај
Мојов не може да се натера да цица.. Сега во новиов скок се трга од цице, ме гледа и се смее. Исто гризе со непцата, бррр праи, све само да не јаде. А лажица кога ќе види се мава од земја мафта со раце со глава, зинат цел. Изгледа повеќе ќе биде по цврста храна, мајка му досадна му е веќе
Женски, имате ли да споделите или да ме упатите каде да се информирам повеќе за вакцините кои следат сега (ги имаме примено само двете на болница) и која за што е? Дали сситенги примате, дали има некоја која е за одолговлекување (за да се прими кога ќе понарасти ради имунитет), која сметате дека е ризична или не сте ја ставиле? Не сум многу упатена во оваа област
Еве ти го календарот: http://zlomsm.mk/kalendar-na-imunizaija-2019/ А за другите прашања најдобро отвори ја темата за вакцини.
Здраво мајки, неколку денови приметувам крцкање на коските на ножињата кај бебе скоро 3 месеци е. Дали е нормално или не? Не сме биле на ортопед со оглед на состојбата а и немало термини.. Некој со вакво искуство?
Бебуш е 2 и пол месеци. Јазичето се му е надвор, го ставам на рамо, ми ја лиже облеката, кога не е во раце, си го крева неговото раче и пак успева да пикне или ракав или цело раче во уста. Дали вашите бебиња прават така на таа возраст ? Мајки дали некоја од вас осеќа градна болка од доењето ( делот меѓу градите над желудникот ? Обично кога дојам во лежечка положба ја осеќам ?
Мојава е баш таква. Ние правиме 2 месеци за некој ден. Нон стоп рачето и е во уста. Ја лиже мојата рака која ја носам, штом дофати пелена или било што пика во уста. Обично децата цицаат прсте а оваа цела рака.
Да ние имавме првите 5 дена кога почнавме да ги користиме, по 1 саат се мачеше да се искака и прво какаше зелено па на крај жолто и не какаше редовно како пред капките. Сега веќе и се регулираше каката ама мислам дека капките не и помагаат, пред нив поубаво какаше и си прткаше, сега поцрвенува цела и некогаш се расплакува кога треба да си прдне. Душа мала се надевам до 3 месец ќе и пројде ова мачење
Пред да му давам и бекутан, и сега колипрев, и линекс пробиотик, мислам дека подобро какаше. Досега секоја пелена беше полна, последниве денови ми е почудно, а од сношти од 10 вечер до сабајлево до 8 немаше каки, и мн ме чуди. Ќе видам во тек на денов ,се чудам дали да прекинам со било кој капки...
Ваљда некој период им е штознам...подобро рачето отколку еден прст, барем јас така мислам , потешко се одвикнуваат...
Исто и јас мислам да не и давам никакви капки, кога почнав со д3+к1 и дха омеха и био гаиа по препорака од чаир после 8ми ден од раѓање и се поремети спиењето не ми спие по цел ден, некогаш е будна од 6 сабајле до 11 навечер и од што е преморена едвај ја успивам. На 1 месец ја однесов кај Марина Поп Лазарова она ми рече да почнам со Колипрев наводно имала грчеви, а до тогаш не плачеше само се вцрвуваше кога сакаше да прдне, од кога почнав да и ги давам капките се и се поремети. Можеби е најдобро да и ги прекинам тие, д3 знам дека мора заради коските и пробиотик ќе и давам мислам дека е доволно.
Мајки што правите за да се искака бебето? Ние сме стари 13 дена и вчера само еднаш сабајлето се искака и од тогаш цело време се мачи се напиња ни да прдне ни да се искака. Цела вечер и еве сабајлево пак мака си има. Ептен ми е мака да го гледам како се мачи цел се црвенее од што се напнува.
Еве неколку дена се мачи наодручек воопшто не заспива, а сношти цела ноќ стенка, се црвенее , кемка и не е покакан. Не знам дали да земам нешто чепче, ама си велам да почекам сепак ова е прв пат, довечер можи ќе појди. Само не знам како да му олеснам, му правам вежби со ножињата...
Кога гледам дека се мачи, соблекувам пелена и и ги кревам ноџињата и така држам, за минутка почнува да си кака. Мене со вежби не ми успеваше. Инаку даваш чајче и водичка? Ние сме само на АД утре правиме 40 дена незнам дали треба да и давам вода и чајче и по колку, сите различно ми кажуваат
Да се дава на бебиња што се исклучиво на АД. Ние кога бевме на контрола на 2 месеца во Ремедика др.Јадранка не советува обавезно 100мл вода и 100 мл чај дневно... ние сега сме 3ипол месеца малата кај мене никогаш нема скрос до крај испиено...