Е сега па морам малку да ја бранам Меу. Нормални не се оние кои не кажуваат дека се болни а знаат дека мало дете треба да им дојде. Т.е не само за тоа туку и за секој воопшто. Тука многу се нервираат на пр болен ако им отидеш на работа и да ги настинеш другите и ти велат да си седиш дома. И ние чекавме пријатели на гости и ни се одјавија оти малата им била болна, а кога ние требаше да одиме пријателот настинал и ни рекоа да не одиме, туку во друга прилика. Имунитет да нема малото и нема целосно стерилна средина, ама па на крај краева па зошто и јас да настинам глава да не можам да кренам, а плус доилка. Не бива, па како сакате кажете. Тоа за мене се луѓе без осет, нека им служи на чест само. За ова тотална поддршка од мене. Јас море или одма надвор од таму или па на мене маска хахаха
Мајки ај ве молам кажете ми како да си го разбудам бебето ноќе за цицање?!?! Имаме месец дена и сме толку големи спанковци што ништо нè не буди ма не кубење, скокоткање, штипкање, соблекување, кромидче под нос, допирање со мокра рака... Ништо не го буди Дајте било каков совет
Кај моето најчесто пали ако го голицкам на ноџињата, ама пак, не секогаш работи. Ако си спие, значи е сито и му е убаво, не гледам зошто да го будиш.Викај ура и одмарај драга.Цудна жена, навистина си чудна ко така хаха
Aко бебето си ги има вратено килата од рагање нас педијатарот ни рече да не ја будиме навечер. Mојата мала спие и по 5 сати и си напредува супер.
Чудна жена не го буди бебушот навечер ако си спие оти беља ќе си направиш .Прочитај страници наназад како сите се мачиме да ги одвикнеме од ноќни подои,какви се техники користиме и за жал ретко која ни успева Спиј си и наспиј се кога бебушко ти го дозволува тоа Меу секакви не има ,за жал има и безобзирни луѓе кои нема да те известат за тоа дека некој е болен,настинат,но затоа според мене воопшто не е ни срамота ,ни недолично во таков случај да си се вратиш од врата.Мојот принцип кога дете ми е болно,настинато е да не примам гости дома,а уште помалку да одам некаде па макар и немале деца.И откако ќе оздрават чекам уште една недела за дружби. Малата може и да плачела зошто ти си се изнервирала (со право),а тие ја чувствуваат секоја наша промен,но и ние мајките сме луѓе и не можеме некогаш да останеме рамнодушни на некои работи.Лошото е што пак на крај ние си го извлекуваме подебелиот крај ,ама тоа е
Охооо, цели 3 месеци, секоја вечер без исклучок, иначе не можеше да спие Во тоа време ги изваде и егземите, па претпоставувавме дека е алергија, само не знаевме на што. Проблемот беше што и на дишните патишта и на кожата пројавуваше алергиски промени, па не можевме да утврдиме дали е алергична на некоја храна што сум ја јадела и поминувала во голем % во млекото (заради егземите), или од прав/прашина/мувла (заради затнатото носе). Или се` заедно + времето потребно да се исчисти и навикне на надворешните услови....кој знае Како и да е, еве после 22 месеца, од лично искуство кажувам дека детето мое немаше, и се` уште нема некакви последици од користењето на инхалаторот, баш напротив....ако некој има различно искуство - нека сподели, ќе им се најде на новите и идни мајки Чудна жена, а зошто го будиш? Ако нема реална причина, тогаш немаш ни потреба од прекинување на ноќниот сон, кој бај д веј, им треба за нормален раст и развој. Бебето кое е гладно НЕ СПИЕ МИРНО, секогаш имајте го тоа на ум. Верувајте, ние не можеме да се натпреваруваме со тој инстинкт - кај нас се` е промислено и прорачунато, а кај нив толку природно Оставете ги да си ги кажат желбите сами, тие знаат повеќе од нас!
Моево вчера го пофалив дека ја спие цела ноќ , арно ама вчера се будеше често .. и дадов само еднаш млеко кај 00ч после се будеше пак ама ја презаспивав така, и кај 06 30 си доби млекце Мене денес осеќам очи ке ми паѓаат
Маченце, осеќам запче ќе ве изненади наскоро МеУ, честито за големата молитва, и да не се секираш, во право си што се лутиш ако не ти кажале дека некој е настинат, нормално дека не сакаш малото да го изложуваш на непотребни вируси и бактерии, поготово сега, кога почнува нивната сезона. Мораш да ја пазиш, таман работа, не значи под стаклено ѕвоно да ја чуваш, ама па и секој да кашла во неа, и тоа не бива. А вознемирена е од новите лица, шетањето, промената на околина... ќе се смири, не се грижи. А тоа миење со вода од кваки малку ми е гадно... кваките што сите ги фаќаат, јас да ги мијам со вода, и детето со таа вода?! Мало сутра! Со крстена вода да, може, и јас практикувам често, особено некогаш навечер кога син ми не може да заспие и се корне од плачење. Моира, мило ми е што инхалациите ви помогнале, поготово ете, ако малата има проблем со алергии. Истото се случуваше кај мојата помала внука, без егземите, таа само тешко дишеше. И еве, 4 години има, не знаат од што и беше тоа (веќе не и се појавува, фала Богу). Редовно ја инхалираа, ама после година, порано не. И јас не би го будела бебето да цица навечер ако не стане самото...
Кај нас на гости дојде другарка која отворено си кажа дека прима антибиотик зошто има бактерија стрептокока. Дома имам две деца, а малото немаше ни годинка и плус знаеше дека е многу нежно. Колку што можев ги тргнав децата на страна. Како за беља после три месеци правевме брис за малиот и имаше стрептокока во нос. Ми доаѓаше да полудам. Ете какви луѓе има да знаеш дека не си сама. Ако одиш на гости можеш да си одиш и побрзо но што ако ти дојдат дома?
може може да е забче многу се лигави исто преку ден Кај нас е работата што почна да ја преспива ноќта , или ако се разбуди не и давам млеко или вода-сок Гледам да ја заспијам така , пошто ако почнам да и давам млеко ке се буди уште толку повеќе за јадење на секои 3 часа а плус пелената сабајле 1 кило тешка ќе е
Ако ти напредува во килажа нема потреба да го будиш, само ќе си се разбуди кога треба, ако не земи со брадавицата капни му малце млекце и поминувај со неа по устето, барем така успеваше за мене. Поздрав.
Мамички каков прибор за јадење користите за вашите бебиња (лажички,чинивчиња) видов во Бисер во една продавница компет тањирче со вакум поклопче кое наводно е како термос за храната ,ама не забележав на кој производител е . Ако имате некој предлог добредојден е бидејки сум во намера да си купам во брзо време.
Јас искрено без срам и перде би ги замолила да си одат ,сеедно кој е ,ако тој не ме почитува мене зошто па јас би требала да го почитувам него. Леонтина јас користам на Томи -Типи и тоа се продаваат две тањирчиња со еден капак и лажиче и сум презадоволна.Во принцип треба да земеш од тие ПВЦ- фри или пак да бараш ознаки дека смее да се става во микро и во машина за садови ,затоа што таквиот тип на пластика била најдобра и најчиста (мислам на состав и бои)
јас користам вакви http://www.encimenci.com.mk/proizvod.asp?id=430292600&kat=1&sn2=15 http://www.encimenci.com.mk/images/artikli/44671871v.jpg и сум многу задоволна
мамички мојава малечка веќе 2 дена има запек многу тврдо кака и премногу плаче кога ќе и дојде да се искака ... што да правам ?
Незнам колку месеци има ама знам дека сок од слива или кашичка од слива ке заврши работа. Стефи23м ми се допаѓаат овие тањирчиња со лажичка незнам дали херметички се затвараат дали се за носење и храната дали протекува или не.?
Уник мислам дека е многу мала за да и дадеш барем малку сокче од слива, обиди се со масажички на долниот дел во стомачето, со малку уљенце на јагодиците од прстите и во правец на стрелките на часовникот.