И ние поминуваме низ истото. Не наспани ни ние ни бебуш. За тврда столица ни рекоа сливи (сок и каша ама ќерка ми не сака сок ) и јаболка. За непцата има гел кој знам дека мн помага GENGIGLE Baby, поскап е, ама има огромна разлика одма. Можеш да купиш и гел да десни,тој е 120 ден, знам дека често го користат ама не знам колку помага затоа што го немам користено. Некои мачкаат со бело вино, јас искрено не би го направила тоа ама ако не ти пречи може и со тоа да пробаш.
pozdrav se izvinuvam od moblen pisuvam bi te zamolila da mi kazes koi simptomi gi imase tvoeto bebe dali ti povrakase non stop posto i malata moja ima 4 meseci i eve 1 mesec non stop mi poraka ja nosam na pedijatar mi rece deka e normalno te molam za odgovor i kolku e staro tvoeto bebe pozdrav i se najubavo
и синко мој не сака сок никаков .. пробав јас со гел за десни ама ич не ни помогна.Каде можам да ја најдам таа маст ГЕНГИГЛЕ БАБИ и колку чини одприлика. А белото вино не би го пробала впо никој случај.
Во аптеки го има сигурно. Колку чини точно не знам, не го купив јас. Ама знам дека помага. Бебето што го чував го мачкавме со тоа и имаше голема разлика. Сега јас мачкам со гел што ни го пратија од Англија и тој помага ама оддвај чекам да помине овој период. Преку глава ми е. Имаме неколку "нормални" денови и после тоа нешто се случува-скок во развој, вадење заби, повраќање, запек...абе откако се роди раат не сум. Аман веќе. Аман
мајчички сакав да ве прашам - каков крем со заштитен фактор користите за вашите најмили и најмали ? доаѓа лето па сакав да се снабдам за прошетки со синот поздравчиња
Јас му ставам јекодерм и ништо повеќе, другото е се хемикалии, нема потреба уште од сега да ја шлакаме таа нежна кожа со такви креми
Ако ти е само за прошетки низ град - никаков. Лесно покриено со ленена бела пелена, лесна облека, под сенка, во нормално време од денот - и никаков проблем ќе немате
Мојата два пати ( и тоа после 17 часот ) од возење во кола преку стаклото што ја фаќало сонце се вцрвува во образите дека е бела и нежна. Педијатар ми рече бебешки Еуцерин 25 фактор. Мислите дека е лудост?
Штом ти препорачал педијатар не гледам зашто да е лудост. Секако неговото мислење е порелевантно од она што се пишува како став/искуство по форуми.
Ќе се вцрви еднаш-двапати, после ќе потемни и природно ќе си направи заштита Јасно е дека не збориме за добивање, скраја да е, изгореници од сонце, ама лично не сум се потресувала за вцрвенување. Времето кога се движите е тоа најбитното, како и директната изложеност на сонце.
Може некој да ми каже колку време од прилика траат интезивните грчеви кај бебе машко ?? Тоа секакоо ќе си има до 3 месеци ама ме интересира интезивните бидејќи имаме секоја вечер од 17-22 часот плачење многу ептен ??? 3 дена по 4-5 саати инаку пред тоа преку цел ден ама слаби издржливи и по 2 саати навечер ама сега ептен 5 саати интензивно??????????????
По 14 саати дневно имаше до скоро 3 месеци. А до 4.5 месеци со намален интензитет. Неполни три недели сме раат. Не знам како во лудница не завршив. Најстрашни беа од месец и пол до три месеци. Се надевам кај вас брзо ќе се смират.
Да те утешам барем со тоа што ви се грчевите до 22ч. Кај нас почнуваа од полноќ па сабајле до 5-6ч. Инаку ни престанаа една недела пред да наполни 3 месеци. Од се што пробав најмногу ми помогнаа Коли Еф капките.
Ех со овие грчеви мака мачев секој ден од 17 до 21 кога ке фатеше да плачи уста не затвораше па и јас прашував што е едни ми кажуваја да ја однесам на бајачка Али не ги слушав оти знаев дека се грчеви и една жена ми кажа се до 12 недели ке плачи и така беше сега фала бога немаме проблем со стомачето понекогаш ја боли Али не е како порано поминаа тие денови фала му на бога
Леле многу е тоа 3 месеци интензиввно аиии. Се давам ама не поминува секој ден сега дури и сабајлево плачеше.
И нас не мачат грчеви со силен интензитет скоро секоја вечер. И за да биде уште полошо, моето бебе ретко кога подригнува (а тапкаме по грбот и по пола саат) па воздухот кој останува во неа уште повеќе прави проблем со грчевите. Почнавме со сирупот Коли-Б, па капките Еспумисан, па Саб симпекс, па Инфакол, па чај Хумана за грчеви,па трици на стомакот и од сето тоа никаков ефект не видовме. Грчеви сеуште има и се додека не тртне неколку пати и не се искака не престанува да се вие и да плаче. Понекогаш, кога е најлоша ситуацијата со грчевите дури ми посинува од плачење и губи глас... страшно Кутрото дете се мачи а со него и ние. Јас најдов еден начин како да и олеснам и го имам применето 3-4 пати досега. Со топломер и помогнав да ги исфрли гасовите од неа и да се искака. Се чудев колку гасови имало едно мало бебе од 30 дена во него, а и каката ни е течна па зошто ли тешко се олеснува не знам. Денес разговарав со педијатар дали и колку е штетно тоа искакување со топломер и ми кажа дека во исклучителни ситуации кога има страшни грчеви дека може да се искористи тој начин за да и олесниме, но не смееме пречесто бидејќи може да дојде до мрзливи црева кај бебето. Ете мамички ви кажувам, прбајте некогаш така со топломерче, ќе исфрли многу гасови и кака, па ќе му биде полесно. Но немојте често да го применувате тоа... така советуваат педијатрите. Само кога е најлошо, во краен случај, нека топломерот биде последната опција која ќе ја примените за да му олесните на бебето. Спојлер Топломерчето обавезно исчистетего со алкохол и намачкајте го со павличева маст пред да го употребите.
срц нашето уште од 2 недела почна да повраќа ама цел млаз како фонтана нагоре и не качуваше на килажа иначе се утврдува по пат на ехо или ртг. но не мора да значи дека е од тоа можи да е од храна ако и даваш може ја надразнува. иначе нашето повраќаше буквално се што ќе исцицаше или чај ако и дадев. пробај да и даваш анти рефлукс храна ама консултирај се со педијатар прво. ако не губи на тежина немој да се секираш поздрав и пиши ми што направи