Не би сакала да сум на твое место макар што мојов го зема го нишка го шета го зборува ама џабе тој го шета јас со него заедно шетам натаму наваму...
Да да и кај мене помага не викам не, ама коа плачат нервозен е Ако заплачат и двете у хор..во глава ми се слуша Џек пот ДИНГ ДИНГ ДИНГ ДИНГ
Успешно летање беба си нанкаше цело време за разлика од првиот пат кога беше хорор. За чудо променава не и влијае лошо, со мајка ми си игра, ја држи, а тоа е реткост. Татичко многу ни фали ама ќе си одиме пак кај него.
И давав, и излегував на вечер. Млеко си имам уште, бабини приказни се тоа. Свекрва ми не го има доено маж ми ни една недела ама зато поштовала "правила".
@srce-9 ако е бебето гладно, ќе се разбуди и ќе бара. Ако си спие, не го буди, мене така ме советуваше педијатарот. Мојата е 3 ипол месеци, некогаш спие од 9 до 9 без ниедно будење , некогаш се буди еднаш околу 4-5 за цицање и продолжува пак до сабајле, така да ако е гладно ќе си побара. Нека си спие бебуш
Моми, ве читам повеќето велите порано не ги доеле децата. треба да ја прашам мајка ми за мене како правела. Чудно видиш, за почитување "правила" ко шо вели @Bubish26 знаеле, ама за успешно доење не. За разлика од порано кога некои не доеле многу долго или и воопшто не доеле, денес се посветува многу повеќе труд кон доењето. Видете, човечкиот вид опстанал благодарение и на цицањето. Таа храна незаменлива за опстанок. А денес, и покрај тоа што има заменска храна, сепак се вреднува мајчиното млеко. Ама теткиве и бабиве ако ги слушаме, немој вака, немој така, бабини теткини деветини, без да сме внимателни кон реални нешта за доењето, ќе ни секне сигурно млекото.
@elenaklasik во балканско опкружување и да имаш млеко ке ти секне,од стрес. Јас сум доена,до кај 9 мес и сама сум се одбила. Сега од што зборат сите ко да е научна фантастика да доиш или не знам какво достигнување,им се прави притисок на мајките уште непородени.Од стрес мислам дека не успеваат. Или па најглупата изјава евер-Немаш Млеко! Како може мајка да нема млеко. Природен еволутивен процес е тоа. Може да е надојдено само,а колку имам овде читано дека ги “сечат” уште во болница со такви изјави @Sexybaby86 од 9-9,школски пример имаш од бебе.Мојата ко тинејџерка на распуст се понаша,пробав секако,со будење рано(пак заспива во дневна),со заспивање од 20:30,се ококорува за пола саат и гуга,ритуали вакви-такви.Не знам каде грешам
“ Мојве двете се понашаат како тинејџерки. Во 22-23 заспиваат,си се будат ноќе,едната за чај,другава за млеко,поголемава на неколку саати малово почна на секој саат,па до 8 си изнаспиени,јас кома
Ne davaj dohrana.ti povraka zasto e prejadeno ili ne go ostavas da zdrigne.i cicanje i dohrana mn mu doaga.
Нигде не грешиш, ќе дојде време кога ќе почне да спие. Ако се сеќаваш, пишував за бебка дека преку ден ИЧ не спиеше. Поминаа грчевите и почна магично да си спие, да не ја урочам Ноќе спие од сам старт по цела ноќ, морав да ја будам да цица кога беше помала. Ама сега и денските дремки се регулираа. Ќе се среди и кај вас, уште е мала твојата и се прилагодува на надворешниот свет и учи што е ден и ноќ Грчеви ако има, тоа и те како придонесува за неспиење Ама ќе биде подобро, ќе видиш
Мојаваа се будеше така ама и поместив дневна дремка. Од 5 до 8 не заспива, кај 6-7 ја иставам на воздух, па одма капење после тоа и задпива пак по старо. Иначе така ќе се "наспиеше" за пола саат, па на ново се.
Ова со бабини деветини што да се прави а што не живи глупости е...ние од болница одма кај девер ми појдовме не дома(дома имавме мајстори затоа) и се прибравме вечерта значи не стемни на гости и навечер излеговме надвор..така уште неколку пати значи првата недела ние се изнашетавме и јас излегувам и алишта надвор сушам па фала богу ништо не му фали
Кај мене свекрва ми викаше ако се переле во машина ќе имало грчеви, на рака да се перело, и да не се сушеле навечер, ја покрај у машина за перење и во машина за сушење ги ставав А 40 дена чекав не од бабини деветини, него шо не сакав гости дома па изговор ми беше
Мамички дали ги оставате бебињата сами да играат додека вие средувате по дома или за било што (секако на безбедно).... Се заигрува беба ама мама се чуствува виновно ако додека е будна не и обрнува вмимание Дали само јас сум таква????
Освен на земја не е безбеден, ако се забуља во нешто го оставам, ама тоа екстремно ретко. Да си игра само да бута нешто во уста може, ама се нервира со непцата за кратко и вика. И јас се осеќам така како тебе, грижа на совест имам понекогаш, па си го земам со мене пр. во кујна и си перам садови или му спремам за ручкање, тој седи во релаксатор или хранилка и ме гледа . А повеќе го земам зошто не седи сам никако, во таква лепенка фаза е..
Па нормално, они мораат да научат да се заземат за себе, ако цело време си присутна до него, ќе очекува се ти да правиш за него. Мораат да бидат некогаш сами за да преземат иницијатива и да почнат да се трудат, а воедно и мозокот да почне да размислува. Ако е мирно,имаш време за кафе, за туш, за да поседиш на интернет. Го оставаш на земја и бркаш работа .
Е уште ова не сум слушнала За до 40 дена и јас не сакав гости дома додуша и никој не се најави за да го вратам ради да се навикнам јас на бебе и бебе на мене а не за друго...иначе свеки моја 300 амајлии да ги наречам му нареди во креветче од темјан лук брашно па и метла мала му купила демњк да се бранел ако не е мама до него па ко ја собрав со се тие глуповчињата и еве до ден денес мирна си е и ништо не рече..