Има решение и за тоа ..ќе го оставаш цело време и да се буди, на крај ќе се умори и ќе си рече ќе спијам Или замотај го во тетра
Можеби прашањето не е за овде ама кога ви дојде циклусот првиот пат после пораѓај, поразлично ли е од претходно? Порано ме болеше само стомакот а сега цело тело, мускули, глава... Како укочена сум. И крвта ми е ептен свежо црвена и чат пат кога мочам ми излагаат и парчиња. 8недели после ппраѓај сум
Малечки се нема навикнување во раце сега кога се толку мали..... Сега сме им најважни им требаме некогаш за утеха некогаш од страв од грчеви а некогаш само да се осигураат дека ги сакаме.... Гишкајте си ги бебињата и не се напињајте со тоа не во раце.... Пошто колку повеке се напињате толку повеке ке бидат во раце марфиев закон
Јас немав болки но уште не сум дочистена очигледно имам како сукрвица постојано. Ке се регулира треба време за се.
Мене после 3 ипол месеци ми дојде. Циклусот сличен, скоро ист. Може малку пократок само и полесен. А ич болки немав пред пораѓај мислев да не се превртам после, ама не. Можно е да си добила.. Нема правило
Majki kade mozam da najdam gajcicki za sirok povoj da poracam preku internet prasav vo povejke apteki nemaat od tie sto se perat ?
Ја оставам да си игра, си правиме муабет/гугаме некогаш заедно, некогаш сама си игра. Мора од налечко да се учи на самосталност иако е бебе, треба да си го развива мозочето, да учи само да си е доволно за занимација, покасно такаа ја развиваат својата машта, секако деко треба да си играш со бебето тоа е здраво и ве поврзува ама не нон стоп, посебно кога ќе е поспособно за да се занимава само. Зошто грижа на совест? Сигурно сакаш да направиш од бебето човек кој ќе може да се справува сам и да не зависи од мама и тато, верувај од многу мало се учи на се постепено.
Фала А незнам зошто ми е таа грижа на совест.... Се заигрува си седи сама јас ке отидам си терам нешто и после некое време одвнатре сама си викаѓ имаш бебе оди играј се го запоставуваш мрдната работа
Јас добив после 4 месеци изненадувачки, без ниеден симптом (ни пред да останам бремена немав болни менструации), сега ни градите не ми се подуваат. Имав најнормално крварење и исто ми трае 3-4 дена како предходно, си добив на 30 дена вториот пат иначе дојам. Беше на контрола после пораѓај? Кај секој е мислам различно.
Ние имаме голем проблем. Почнав веќе да се сомневам во себе. Значи не спие бебе воопшто убаво. Преку ден не сака око да склопи, а не е таков што може без спиење па вришти пишти на секое задремување. Со солзи заоѓа секој ден по 3 4 пати, ќе дремне 15 минути и за саат време пак вриштење зошто не е наспан. Една дремка не може да врзе ако не ми е во раце. Не можам веќе да го гледам вака, не знам како да му помогнам. Не дај боже кога е буден да отидам да мочам, а не нешто повеќе. Цел ден плачки со солзи крокодилски. Еве го ми спие во раце, се издишува, и залипува, како којзнае што да му било. Се штрека на секој звук. Ноќеска од 3 до 6 не можеше да заспие убаво. Гроги сум и јас. Згора на сѐ, запек има не може да се искака, пред некој ден се изнамачи и со тоа.. Пак не какал од тогаш. Ќе пукнам
Мајка ден имате пак некои напнати ситуации со свеки? Пошо читам жената е страшна. Тоа има големо влијание исто, ако имате можност да отидете фамилијарно со бебе на еден викенд кај што има чист воздух, дворче? Малце рилекс и ти и маж ти? Далеку од нервози. Нас тоа ни е лек искрено, кога е свеки на посета малава е право ѓаволче, ме одеќа мене, енергијата и цел ден знае да не спие, да е плачлива кога ја сум под стрес.
Па напаст е жената, нема нешто посебно проблеми, ама јас сум нервозна цело време, да. Исто може да има влијание тоа што маж ми работи од јутра до сутра, дома не е прибран. Минатиот викенд бевме на прошетка целодневна, бебе вечерта заспа сам. А и со коронава не искачаме многу многу, сѐ си е собрано. Многу тежок период..
Бев во вторникот на контрола, се беше во ред. Немав болки пред да ми дојде ни па осетив дека ми дошло. Енос од кога почна да тече како чешма(дури мислам повеќњ тече и од првите денови по пораѓај) дури тогаш добив болки секаде. И кога мочам имам парчиња. Пп пораѓај крварев до крајот на 5та недела и престана Малку како да се исплашив(дека уште ме боли долу) па сакав да прочитам повеќе искуства, мислења
Кај мене така е преку ден еве веќњ една недела(навечер си спие). Кога почне да вреска по пола саат не преќинува. Мислам дека ќе полудам. Не сака да ја шетам, да јаде, во количка, да леже или било што. Кај мене според календар пишува втор скок па се надевам нема да потрае уште многу А и преку ден кога спие само во мене сака, само штп ќе ја оставам веднаш е будна. А навечер е како друго бебе, мила, мирна, си спие сама..
Обично на контрола кажуваат дали ќе добиеш за брзо или не, бар кај мене беше така, втората контрола ми рече за 2 недели треба да добиеш и вистина.
Истото и мене ми го рече но јас добив неколку дена пред да правиме 2 месеци. Уште ја дојам малава а сега колку влијае на доењето незнам....
Ние сме во 5 скок уште една недела. Секогаш бил проблематичен за денско спиење не се бунев зошто навечер спиеше, ама од 4 месец регресијата на спиење не е излезен уште. 3 ноќи не спие саглам, една спие со станување само за цицање 3 пати. Веќе имам заборавено што е спиење и јас. Кога спие само со станување за цицање на 2 саати градиве ми пукаат од млеко, одмор сум видела хахах. Ќе пораснат, ама да пројде периодов би било убаво. П. С се искака бебе, сега е порасположен