Додека доите, пролактинот е висок, а со тоа шансите да забремените многу многу мали, а притоа и циклусот изостанува. Ама во пракса не е така. Многу жени добиваат додека дојат, јас сум една од тие. Точно е дека добив после 8 месеци, ама сепак тука е и добивам редовно. Некои жени ке добијат неколку пати во тек на доење, некои брзо после пораѓај, некои ич. Зависи каква ви е среќата. Јас сакав ич да не добивам, убаво одморив од улошки доолго време.
Не е ич научен во раце вака е ден два во неделата иначе плачи ако е предолго во раце и нишкан и сака да го оставис сам си заспива со цуцлат..ама има е вака денови само во раце сака и да му зборуваш те гледа ко небаре разбира и се смешка @Dikinzi тука ќе те означам да не препишувам
И за ова да те цитирам Мене ми престана крварењето околу 4 недели па имав така по некоја локва крв пак во 5 недела и после само исцедок некој бледо розов или жолт...е денеска гледам пак локва крв и на бришење како парчиња имам а и ме боли стомак ме сечи како кога добивав пред да забременам и малку нервозничка сум можно е да е менструација или уште се чистам...
Ги купив во аптека Полин, во Ново Лисиче е. На попуст беа 995 денари две пелени. Побарај го на нет бројот, јави им се, може и со достава до дома да ти ги испратат. Јас џабе ги купив, ги исправ и не ги употребувам.
Да да,можно е, јас секогаш велам..ако една влошка ја полниш на 4 саати и повеќе е во ред. Не чини да ја наполниш преполниш за 1 саат. Така шо кулирај си, ја одма после 40 дена добив.
Си реков да не е уште мало за толку да му падне, 6 недели има. Ама сладок ми е, од страните има коса, а горе нема И малку како да му се лупи кожата на главата на тоа место.
Излегува од 5ти за една недела. Ние сме во вечен скок додуша, ама овој 4 ептен беше забележителен, почна сѐ да го интересира наоколу, не сакаше да цица еден период, тееешко заспиваше преку ден и почна навечер да не спие убаво, а претходно спиеше навечер. Сега во 5 научи дека ако плаче ќе биде по негово, не сака пелени да му се мењаат и не сака сам да биде.. Спиењето катастрофа не сме се опраиле. А кога ќе ми текне се жалев дека многу спие кога беше мал, ми се плаче
Така почна и кај мојов, сега е речиси на цел горен дел без коса. Ја купив апликацијата Wonder weeks и се пресметува од терминот за породување.
И кај нас е така тука сме со неделите кај што му е падната косичката почнуваат корупки да му се прават и му се лупи.. Прашање до поискусните да мачкаме со нешто или само ќе се излупи?
Нормално е, нова ќе му порасне Имаше некои од форумов.им ставаа нешто за тие корупки, а кај мене од коа се родија ги чешлам со чешле.И не фанаа такво. Ја чекав 9 месеца за второ Година и пол се разлика
Користите спф крема за бебушковци? Го шетам често, па се мислам дали да земам. инаку да се пофалам дека веќе 2 недели спиеме по цела вечер. Бањат во 9, цицање и заспивање околу 10, будни во 5 И пак не сум одморена