Сега на жешково, 25 е кај нас. Собата на запад е, приквечер пекол се прави. Како и да е, кога се грее во зима може да е 20тина, ама на жешково не можеш да ладиш толку, нема логика. 23 е супер, помалку облечи го. На таа тт јас ставав боди по прерамки и тенки пижамчиња. Со свекрва не питај, 2 б6 од сабајле пијам за да ја истрпам. Излези шетај попладне, сеа на жешково па не може да се мрдне од дома П. С и ние спиеме со отворен прозор навечер. На кип најчесто, некогаш ретко и скроз отворен, не се дише..
Синко е невиден склетџија и помирно спие кога е поладно во собата. Сега е 10+ и цел прозор е отворен со спуштена ролетна. Од две недели па натаму клима на 26 пуштавме, лани беше пеколно жешко. За правилен развој битно е да циркулира воздухот а не се да е затворено и јаглерод диоксид да дишите и вие и бебе. После 2 месеци, или после 3, кога ке почне да ја држи главата самостојно. И кај нас немаше гужви, кога доаѓаа гости јас едвај чекав да си отидат. Ми сметаше галама, синко грчеви имаше, жешко не се диши, грбот ме убиваше од болка. Плус на сето ова посесивна бев никој да не го допира. Плус хормони. Кажи дека сакаш мир. Најбитно е ти да си опуштена. И тие се баба и дедо, сакаат да го видат, ама за бебето мајката е на прво место.
Неможам да им кажам да не доаѓаат, бидејќи ќе речат тие куќата ја правеле и ете одма нервоза и кавги. Знам дека сакаат да го видат, но треба малку разбирање и за мене. Од кога се породив не сум спиена. По цел ден перам, пеглам работи од бебе. Ноќе стануваме два пати. Значи и тие треба да стават прст на чело и малку да имаат осет.
Аман со тие куќи. Тие за тоа ли ја правеле. Да сметаат кога ке им е кеф. Кажи му на маж ти. Па и свекрва ти. И таа била мајка, зарем не е свесна. Ти помага ли барем кога е тука? Свекрва ми ми помага многу. Тоа не е ни помош, се сработува таа, вели и јас бев млада и знам колку ти се спие.
Второво ми е такво немирно прета во сон..има повеќе причини ако се така : не ждригнало па му смета воздухот, ќе прдне ќе се олесни, ако е жешко премногу облечено, кај мене обавезно е боса доле 4 и пол месеца е, ако цица нервозно може чека млазот на млекото да и дојде по брзо па се нервира, исто ако им е жешко додека цицаат така прават, а и ако и се спие, На бебе ако е преморено тешко заспива, исто како нас. Времето му е поминато и после е нервозно. Јас пуштам аспиратор, и музика, а за спиење во соба уште првото од кога е родено (скоро 2 години) спиеме со апликација како врне дожд. Фатете го бебето на тилот ики на градите, ако е топло соблечете веднаш чарапи.
Да. Буквално кога ќе им е ќеиф со извинение да заебаваат. Ништо не ми помага. Кога ќе заминат, после нив куп чаши и тањири. Мајка ми кутра ми помага, а јас нервозна нејзе ќе и се истресам за сите. А, на мм да му кажам ќе ми рече сакаат да го видат.
Пеглаш ? Стави ги поводени да се сушат и после само дипли, едно врз друго и сами ќе се испеглаат, пеглав и ја на почетокот 3 месеца, еве година и пол ништо немам испеглано. До душа ја ги вадам топли од сушарата за сушење и одма диплам па супер се, ептен некогаш ако нешто загужвано пеглам. За другото не знам што да ти кажам..сами ли сте? Или ви доаѓаат често ? Ја едино што можам да направам на твое место е да го земам бебето коа ќе дојдат, да се пикнам во соба да се заклучам, и да речам дека цица , ако чукнат речи цица и ми треба одмор и готово, или испаѓајте почесто да се шетате.
Нека го гледаат ама нека не ти прават дополнителна работа. И нека го гледаат еден ден. Срамота, наместо да помогнат, они ти одмагаат.
Често доаѓаат. Ептен се неразбрани. На човек не му оставаат избор освен поштено да се искараш со нив. Маж ми купил ќебапи, а минатиот викенд кога беше сестра му скара правеше. Јас незнам кој пат да фатам. И јас сум за кафе и сок и ај терај, а не ручеци. Колку се значи без осет. А, кога го цицам свеки дели лекции. Еве ги стигнаа. После ви пишам како поминавме.
Кога не знаете да си ги спрегнете уздите и да покажете заби така е..нека ве заебаваат. Додека мајка ми ме учеше да ќутам и да не се расправам, баба ми ме учеше заби да покажам. Баба ми имала лоша свекрва, викаше..абе ќе те застане на улица ќе прати поздрав и ќе те клукне ! Земале си купиле стан и се отарасале од неа уште на времето. Викаше, ќе седиме и сал ќе ме буцка, де мене де дедо ти. Ја навечер вика плачам, коа ќе го видам него он хрчи ли хрчи. Станала , си ги избришала солзите, и рекла е сеа ќе ви е*ам матер ја вас Си ја фанала работата во свои раце. Она и мама никогаш не се скарале до сега, не дека и она не е досадна како жена, досадна е..ама пак има разбирање, оти знае она како поминала. А и мама никогаш не и ќутела, ќе ја наведне главата од срам ама ќе и пререче и ваа си се трга. Па да ви кажам поучена од баба и ја така правев Ми велеше..а да дигнеме спрат кај моите ? Шо му велам? Поарно ќирија ќе плаќам ажа таму не седам.. зошто ми вика? Зошто? Јас да не можам да прднам ! Да не можам да се скарам и да викнам па се да ме слушаат? Ако сум изнервирана од работа..на криво да и кажам добар ден па да ми се лути! Утре децата коа ќе се родат да ми дреме дома? Да не можам гола да шетам дома ( сеа цело време сум гола ) оти нејзе може да и текне кафе да пие со мене , или зорле да и терам ќефови?! Не..му реков ако сакаш мирен живот, само на страна..и така си купивме станче. Има да земеш и да му с'ржеш на маж ти, има да дознае на кого каде му е местото. На крај краева..ја викаш мајкати, ја викаш свекрвати..и на двете истото им го кажуваш, за да нема лутење..и крај. Јас иако ми е мајка, како за неа така и за свекрвами, идење подеднакво. Кај мене нема делење. Едит:Сум пишала и друг пат, детето и првото и второто го дојам исклучиво пред маж ми и поголемото дете. Пред друг никој.Да тука спаѓа и мајка ми, јас на раат сакам да дојам..тоа е моја приватност, и уживање. Не може секој да ти украде од најубавите моменти.
Имаше и на веѓи и чело пред бањање ги мачкав со павличева или некое масло малце да омекнат и на бањање со крпичка ги поминував. После 2-3 пати се исчистија. Сега правам така и на главичката ама повеќе има и побавно оди.
Леле кај нас во соба е 27 степени, ама ако го расоблечам почнува да кива. Инаку го облакам по боди и шпикозна. Денес му ја ставив и пелената за широк повој. Треба таа цел ден да седи? Зар не им прави жештина? Многу ми беше жал така да го оставам па му го извадов.
Ако ти е шубе за широк повој, однеси го бебе на ортопед порано и ќе ти каже. Греота е со тоа пелените сега да го вариш. Јас ич не би ставала, мене ми рекоа од болница да ставам па не ставав. Реков ќе чекам до ортопед ако ми рече ќе ставаме, и така бебе мое 3 пати било повиено пред да баталам. Тие во родилиште на сите им викаат да ставаат широк повој по дифолт. Треба бебето да си го види стручно лице индивидуално и ќе ти каже. Едит ако е толку жешко по боди по долги јас само би го облекла, и тенки доле ѕиврички, ете да не е голо на рачињата дека е мало. Мое бебе така спие навечер, а преку ден гол е само по боди и шорц некогаш. Ако залади маичка по кратки му облекувам.
Премногу е боди и шпикозни за 27 степени. Кај нас кога достигна толку клима пуштив. Облечи го на боди на долги и надоле само широкиот повој и покриј го со чаршафче. Види како ќе му биде.
Оди извади ја даската за пеглање и алиштата, земи си го детето во раце и почни да се жалиш дека не можеш да постигнеш и не си спиена. Оди во спална, извади му ја цицката на бебуш и одмори си. Белки ќе и текне да ја фати пеглата да ти помогне. И кога ќе ти доаѓаат користи го тоа да одмориш, а не да ги угостуваш. Додека маж ти не им каже да не доаѓаат ќе си трпиш освен ако ти не им дадеш до знаење. Ама веќе кога мораш да ги трпиш искористи ги за помош, не се срами да побараш.
А зошто сте прифатиле да живеете во куќа што тие ја правеле? И извини маж ти е виновен. Кога им молчи, така ќе ви прават. Седни го маж ти, ако треба ќе го подбереш.