Дали им ставате на новороденчињата нешто како кебе или слично во транспортерот од количката бидејќи самиот транспортет е некако како вдлабнат на средина?
И на мојата и е такво окцето. Нон стоп чистам со камилица ама не и поминува. Др и препиша едни капки ама кога го прочитав составот воопшто не сакам да и ставам. Пишува дека има хлороводородна киселина и ми е страв.. Скоро цел месец и е такво окцето. Закажав термин кај друг др (дека оваа ич не ми се допаѓа, само од далеко и го виде окцето и "можеби е инфекција...") Следната недела е терминот па ќе видам што ќе каже. Ќе споделам овде
Ние уште од болница сме такви, стававме цел месец капки тобрекс,гледам тие на сите им ги даваат. Брисот еве е чист, ама изгледа сега нешто е преладен оти и носено му е затнато, грчи. Ллеле мисла ми е толку малечко , кај го фати ветре да прелади ко само дома сме..И денес повеќе пати кивна , се надевам ќе му помини. Му ставив солен раствор па ќе видиме...
По правило не треба ништо да се става, намерно е така направено. Така без ништо го сметаат за најсигурно за бебето кога е врзано.
Не треба ништо да се става, обликот на транспортерот е така направен за да го заштити бебето при удар. Со ставање било што се губи функцијата на транспортерот. Ова го имаше кажано ортопед на телма 0+
Нормално е бебе да кива, и да кашла, и да ждрига и да прди Сите тоа го правиме Киваат оти им влегува прашинка во носот а не се навикнати уште, кашла ако му се враќа млеко или од плунка. Не им се тресете на децата, првото го родив среде Јули, надвор пекол, од кога е родена е под клима и стално разголена. Второво еве го исто моментално на клима сме, и на куси е горе доле без чарапа.
Му ставам една тетра шубе ми е дали е чисто и уште една здиплена тетра под вратчето за убаво да му е наместено, да не му паѓа напред. Така ми покажаа во болница.
Ја исправ ама пак го носиме до болница, до кај моите. Не дека е нечисто, така мене ми е во глава. Тенка е тетрата секако не ја менува формата на транспортерот.