Зар не ти кажале до сега " Што ова твое бебе под саат спие" мене ко ке речам дека и е време за спиење така ми вракаат
Омега од кога се дава? Нас само д3к1 ни рекоа. Дали мислите дека ако мајката пие пробиотици би помогнало детето да нема грчеви?
И мене не ми рекле омега. Му давам д3к1 и плус доза д3. Инаку можно е да помогне, јас секое сабајле пијам јогурт. Не знам до што е точно, но кај нас доста се намалија грчевите.
Мислам дека им прави топло, затоа и не му ставав, па и ми олесна ортопедот кога ми рече да не му ставам. @Butterfly1107 Се согласувам со ова, може порано да го однесеш ако ти е мисла. И мене ми покажаа во болница со тетра, но ортопедов кога ја виде тетрата, ме искара, ја тргна и рече ништо да не ставам. Омега со Д3 му давам заедно со Д3К1, така до 12-та недела ми препиша ортопедот. Го отеков со ортопедов Но тие се советите, па да споделам. Сабајле рече дека се дава Д3.
Па затоа се тупеле порано шо му е шо му е, аха во раце сака..затоа и постарите само тоа го знаат. Од коа ми се роди првото ќере само ја испитував, не дека запишував на ливче..ама ја гледав, на колку и се приспива, колку спие, гледав како реагира на одредени работи. И згора на тоа не ми беше форумов за да читам. Ако нешто имав нејасно некогаш, или прашав другарка ми, или одев читав Англиска литература, а и среќа претходно го чував внукот долго време, па и другаркиве што кажуваа и шо сум ги гледала следев и учев. И уште е така. За второто веќе е по друго
Мене ми кажаа да купам д3к1, а за омега не ми спомна ниту еден педијатар. На контрола сме после 10 јули. Незнам што да правам дали да купам и омега?
Да бе они стручњаци за спиење. А не само што не може да го заспие син ми, како што се буди тој на секои 5 минути ако го докачи го расонува. Сум го малтретирала не сакал да спие. И за пола саат пак пискотници зошто е недоквакан. Ама оди објасни и на старава недоквакана нешто
Хахах ова ме подсети кога стасавме пред некој ден на аеродром, ја сама со малава во кенгур ја имав стаено и како што чекавме на ред за пасошка контрола, сегде светла, нејзе интересно и гледаше нагоре и мрдаше со главата лево-десно, леле Нина и викам мама ќе те помислет лудо хахах пресмешна беше. @Kiki1705 мајка, нормално е, тек ќе имате циркузи. Мене ме тегне за града, каса, така стегнато со вилицата на брадавица се врти лево-десно, јас само офкам. @Cherry333 јака ти душа тебе, мојава си го фати пак стариот ред конечно.
Мојава решила денес прв пат сама да се успие, да плаче ако ја земам да и помогнам. Ја гледав во темница како се врти во креветот, цуца ногата, па палецот на рачето и заспа сама. Сакавме со маж ми да почнеме со методата за самозаспивање ама штрумф не изненади денес. Ај валда ќе продолжи вака и јас раце да поштедам.
@Butterfly1107 сум пишувала и предходно за широк повој. Само на Балкан го има тоа, се породив Австрија, тука се чудат што е тоа "шведски повој". Женско имам, еден ден не е повиена.
Е многу се нервирам вака доктори кога кажуваат различно и сега за се треба да идам на две мислења. Нека се договорат.
Тоа е целиот муабет (проблем) бе душо што го правиме цело време . Секој педијатар си тера по негово, како замислил, или од кој лекови може да има заработувачка. За греота .. еден вика повој, друг не..еден дава вакви капки за коски друг такви..тоа е ..
Мене првично педијатарот ми даде само д3к1. Една пријателка ми кажа дека дава и омега. Кога го прашав педијатаров рече можиш да даваш. На двете пишува дека се даваат од 8от ден на бебето. Омегата ја почнав јас од кај 10 ден. Си викам нема гајле ако давам и тоа, плус додадок за бебче...