Па ризично било, и многу гужви имале, па ги распоредувале.. ама штом нема ништо, да не одиме. Од 2 месец и ние си одевме редовно на преглед.
И дај боже да нема ништо Ако му поминало времето за дремка да. Тогаш се нервозни, се не им се погодува,претаат клоцаат, не можат да се наместат и затоа плачат. Гледај шом ќе сетиш да му се спие успивај го, ако чекаш да помине повеќе време за да се измори и да ти спие повеќе, само по кенкаво ќе го направиш Кој Јануари си породена? И каде? Јас на 31 во Велес.
На гинеколог бев 8 недели по пораѓај,сметам дека е важен тој преглед,да се види дали е матката целосно вратена и дали е чисто(цисти,миоми) А и не би сакала да продолжам со односи без Амин од д-р. Бебе носам редовно на педијатар и контроли. @Cherry333 си мава и мојата шамари,и се гребе многу а и ги сечам ноктите.Како успева не знам,крв си пушта
Моево е 7 недели и плачи кога му се спие додека да заспие.. @Cherry333 И моево така се мава со боксови некпгаш и во спиење и ќе списка само па си продолжува да спие..
Па не ја оставам многу време будна, за саат и пол-два најмногу. Ја гледам се прозева, ги трие очките и ја земам да ја нишкам... фала многу на одговорот
Мојата најново и е дека удира со едното раче се околу неа а во сред цицање се трга и си јжго зема стопалцето и правец палецот во уста незз дал да се смеам ил да плачам секоја ден нова чаролија со малава
Абе кај нас нокти може комотно на 3 дена да се сечат и пак ке има за сечење и изгребана ке биде.... А кога сечам до крај сечам
Изгледа во тој 3 месец мн им се пореметува сонот. Мојот спие по пола саат, се буди, пробува да презаспие и не бива и плаче. Вака околу 16, 17 саат е преморен и ми прави гунгула дома, плаче некое време и пак засшива 30 мин. Прво нерви изгубив, му давав града по саат да ја џвака само да презаспие...мн ми е тешко кога го гледам ваков
Ааа исти роденденки си имаме Ја вечерта се породив,во 22 и 55 часот, со провокација, мислев Февруари ќе го фанам ама ништо А многу имав желба Февруари да биде
Здраво и од мене женски. Јас ја носам секој месец на контрола, еве во петок закажавме пак, ќе полни 3 месеци тогаш, за мене чисто си ја носам, да си знам како си напредува, да ја измерат, да ја види докторката....не е лошо. За мене бев некни навгинеколог после скоро 3 месеци од пораѓај, направив и пап тест и ехо, за да си знам и јас до кај сум, дали е се во ред и ете да не бев од каде ќе знаев дека имам скроз маал миом во матката, од што така не ни прашав, само ми рече не е ништо тоа се е во ред итн. Ама отпосле ко се вратив се замислив и барав по интернет што е, како е, од што се дешава......дека прв пат, до сега сум немала никаков проблем, дали може е од пораѓајот, којзнае....
Мајки ако може совет! Сега околу бебето ми помага мм и мајка ми. Мм оди на работа а, и на мама ќе и заврши одморот. Кога сте сами со бебето која ви е рутината? Како се снаоѓате? Секој совет е добредојден.
Да, почесто му се случува да рика и тоа рикање ако е ептен уморено. Пример ако му пропуштам пола сат повеќе да поседи и потешко му е. Сонот му е поважен од цицање. Некогаш ќе поплаче 5 минути и се смирува брзо.
Наутро си играм со бебето, го држам малку, малку на подлога сам си игра со висечки играчки. Па потоа заспива околу полсат спие, па ќе се разбуди, менување пелена, го оставам да поседи само, на подлога, шеткање, зборување, песнички му пуштам, па по два часа пак заспивање. Втора дремка трае исто полсат. Пак истото, па пак спиење. Трета дремка подолга неколку часа. Во тоа време не знам дали да одмарам дали да седам на нет или да чистам. Моево е тримесечно и сака главно на два часа да спие. Колкаво е твоето?
Ако е кенгурот наменет за новороденчиња, секако дека може. На кенгурите наменети за новороденчиња најчесто препораките се да тежи бебето повеќе од 3 кг.
И јас така, во тоа време останав сама си бебчо. Маж ми на работа, никој друг немаме, во странство сме. Тој втор месец беше преубав, бебчо си имаше рутина, цицање и спиење, ангелче беше. Се си мислев господ ми помага...јас око не можев да склопам, ама нема веза. Со носталгијата се сеќавам. Сега трети месец се ми е пореметено, чудни некои дневни дремки, плачки, викање...