срц ти пишав јас не знам дали виде ама еве ќе ти кажам пак. ние лежевме 5 дена на детска хирургија и 2 дена на педијатрија. отидовме со дијагноза - пилорна стеноза. за среќа не беше тоа па утврдија ГЕРБ. не се прави гастроскопија на деца туку и правеа ртг и ехо. таму по совет на доктор почнав да ја ранам со хипп ар а истото ми го препорача и матичната пред да појдиме ск уште кога почна да повраќа но јас не сакав да ја ранам со вештачка и продолжив само со мајчино млеко. сакав да ти кажам пробај со хипп ар или хумана ар не е ништо штетно напротив тие се препорачани за против повраќане. за секој случај консултирај се матичната или со педијатар. и да како што ти пиша и другата феминка под јогата од креветчето ќе ставиш кебе при што ќе ја поткрениш јогата до 45 степени или пониско. кога ја раниш држија подисправена, после тоа држија исправена но внимавај подобро да е завртена со грбот накај тебе за да не се врши притисок на мешето, ќе ја држиш со едната нога меѓу ножина а дргата под пазува значи никако раката преку меше или горе од под една до под друга пазува како што обично се држи. друго нишкање и тресење никако можиш само она ептен малку да ја ништкаш лево десно а никако горе доле. се надевам ќе ти помогне, знам како ти е и јас поминав низ истото и тие 7 дена беа пекол за мене. сега фала Богу сме супер супер си напредуваме и во тежина и се иначе беше како штурче слаба поздрав и ако ти треба нешто слободно пиши ми и со лп колку што можам ќе ти помогнам
vi blagodaram mnogu na site za sovetite sega za sega da ne ja urocam mashala eve 2 dena ne mi povraka fala bogu pa da vidime ponatamu pozdrav do sitee backi mwa
Со денови не сум затворила око само во раце спие, цело време има грчеви ништо не ни помага многу ми е лошо не слие воопшто само на креветче а заспие во раце го ставам во креветче и се буди за 10 15 минути ПОМОШ!???????!?!?!?!
Оффф цацувче, да не е скок во развој а не само грчеви.....што спие само во раце легни си и ти и нека едната твоја рака биде под бебето, така ке одмориш малку или нас ни помагало да спие во релаксатор ( еднаш не цел ден) под него кебенце и како да е гушнато од сите страни му доаѓа......
Можеби е скок во развој ама малата моја пред некој ден така беше а потоа сватив дека и е топло па затоа сакаше во раце да спие,гледај да не и е топло или главата да не и се поти па не може мирно да спие,кај нас тоа беше..
Да и јас така правам со кебенце ама немам сеуште релаксатор а сакам многу дали е добра работа да се има релаксатор?? И сега се напив 3 голтки газиран синалко фреско сок ама ми е мака да не има грчеви од сокот три голтки се напив???
Од три голтки нема ништо да биде, не се секирај. Инаку реално релаксаторот мене не ми заврши многу работа, до кај месец дена го користевме, сега веќе не. Повеќе сака да е слободна да си мрда. Ама има мајки што се презадоволни......побарајте од некој на услуга.
јас од релаксаторо сум презадоволна синко најповејке време врви во него и си ужива а незнам зошто велите дека не можи да си мрда цело време си е активен со ноџината во него по играчките што се пред него цело време ги тепа и е одмена за рацете
Не се секирај, не е од газираното, јас по 2л Кока кола на ден пијам, а грчевите ги поминавме само со термофорче За грчевите помага ако се држите меше со меше, мојов така се смируваше. сега како што е топло и голичко да го ставиш, уште поубаво ќе ви дојде.
Cacuvce скоро сите бебиња имаат грчеви,некои со помал некои со поголем интезитет,ама како и да е кај повеќето траат некаде до третиот месец,а ние мајките мораме иако е тешко да издржиме и им помогнеме на било кој начин,што полесно да ги поминат тие денови.Моето е родено зимно време и откога си дојдовме дома мислам одма почнавме со тие грчеви,две недели се шекнавме дома,со него плачевме истовремено,беспомошни.Ама благодарение на моја пријателка,да го повивам со ќебенце(ние зимни сме затоа)сега ти можеш со обична платнена пеленка да пробаш,рачињата само,немора нозете,ем му држи топло кај мешето ем ќе спие како бајче(со рачињата ќе мрдне и се штрекнува,затоа се буди,има логика нели?).Јас се препородив а исто и тоа,првите два месеци така секоја вечер после банање и после си се навикна и немаше потреба од тоа.Си спие и преку ноќ еднаш станува за цицање и продолжува до сабајле.Одлично напредува.Пробај,мислам ќе ви помогне и на вас,на кого до сега сум кажала сите го примениле тоа им успеало.Па и ние кога сме биле мали така не повивале како векна леб и тоа до година,па ништо не ни фалело,ем знаеш покриено е,не му студи. А да и за релаксатор од прв ден сме во него,поубава работа здравје Господ здравје да му даде на тој што го измислил
Фала ви на сите и на тебе, да пробувам се и овие работи што ги имаш напишано помагаат многу, ќе издржиме тоа е иако денес полни 40 дена до три месеци ќе бидеме јаки.
Има некој буден кој ќе сака да ми одговори? Имам измолзано млеко од пред саат време,ама гледам има како ,,кајмак,, фатено одозгора... Смеам да го дадам на бебето? Нели мајчиното млеко на собона температура може да се употреби и после неколку часа? или грешка сум?
Еее за тоа и јас се прашував подолго време, па прашав доктор Љупка Андоновска од соба за доење и ми рече да го расклапам малку и ќе се соедини. Штом стоело еден час во ред е. Дај го. Ама бидејќи почнува жешкото држи го во фрижидер ради сигурност.
И јас знам дека може и имам давано така после сат време, промешај го шишенцето да се соедини млекцето и мислам можеш да и дадеш,лично јас и имам дадено. Само внимавај во која просторија го имаше шишенцето,бидејки времево топло и ако беше во топла просторија...ке има јак мирис и не и давај ако е така.
Мајки ај кажувајте тактика како да и ги извадам мрсолчињата од носето. Војна водиме. Црвенее ржи писка. Имам пумпица на нук. Капнувам или зејтинче или капки за нос да омекнеат па ги влечам . Од едната дупкучка се извадени од другата не а таму има најмногу ама не дава... ааааххх како се нервирам
Јас на моето ставам синомарин со едно или две прсксња омекнуваат и доста а некогаш и сами течат и полесно жожам да ги извлечам
Гледам дека има прашања за млеко мајчино од шише, па да ве прашам колку мл да се измолзам за да биде доволно за еден подој оти на 3 или 4 часа нема да бидам со Димитар па да им оставам дома измолзено млеко??
Мајки може прашањево не е за овде но не најдов соодветна тема. Многу сум загрижена но не знам дали треба да сум. Кога почнува да се формира центарот за вид на бебињата т.е. да се фокусира на едно место. Малата ми има 2 и пол недели и само ги превртува очињата и како да кажам гледа на различни страни со нив. Се плашам да не не е нешто во ред со очињата. Може ваш совет.