Да надополнам и да е завртено накај мајката додека не го држи стабилно вратот. Тоа е обично после 3м.
Толку мало бебче само спие, цица/пие млекце и тоа му е важно. Ќе го пратиш каков му е редот. Можно е и грчеви да има, ама и не мора. А за друга рутина, нема што друго да се каже, за играње рано му е. Да го гушкаш нишкаш само. Понатака како шо ќе имаш прашања, пишувај, колку умееме, ќе помогнеме.
Девојки имам мал проблем. Деновиве малиов се трга од цице, кенка, плаче, станувам да го шетам се смиеува, па пак бара цице, пробувам и лежечки да му дадам, ми успеваше. Ама синоќа се измолзав и му дадов од шише. Денес преку ден цицаше ама сега се трга нејќе за жива глава, ни лежечки нејќеше, плачеше. Сте имале ли вакво искуство, можно ли е да сака сега само од шише?
Истото се случуваше и кај мене пред 10 тина дена. Кенка, плаче, гладна сака да цица а штом ја ставам на цице се тегне и плаче. Ми успеваше одејќи со цице надвор, ќе ја смирам ќе ја нишкам и така и ја приближувам градата и фаќа. Но проблемот кај нас беа воспалени увциња најверојатно поради тоа правеше така. Колку е големо бебенцето? Докторката ме советуваше да избегнувам шише можело да се одбие од цицање дури и еднаш да дадеш шише.
И кај мене правеше, јас мислам од 2 скок дека е тоа. Само по 5 мин цицаше и се откинуваше. Маж ми го земаше го исправаше, се смируваше и го стававме на другата града и таму цицаше 5 мин.
Мајки, од старт ми беше страв да ја ставам беба да спие на стомак, си спиеше на грпче ама веке будна си почна да си се врти на меше и од меше на грб пак. Деновиве почна да си спие на страна, сама така да се мести ама еве ја гледам сама на меше се наместила сега. Ептен имам ја страв, нема спиење изгледа вечерва. Ја подига сама главата, сама се мести ако не и е згодно ама пак ми фуфка.
Прво, нема што да се плашиш, ти си мајка и нема што не можеш за твоето дете Друго, бебе толку мало, само спие и спие, 1 саат будно нарените 2- 3 ги спие, освен ако ти се погодило не спанко Јас сум со две, па ќе ти кажам јас како правам. Стануваме, бебе цица ,па го оставам после на креветче, додека лежи, а другото се мотка наваму натаму, кревам постела, отворам да се луфтира, идеме во дневна се пресоблекуваме, малото го седнувам во релаксатор и го вртам накај нас за да гледа како јаде другото. Таман се најала, нејзњ и се приспало, од кога ќе заспие, варам кафе , одам пуштам машина, ако треба да се смука со правосмукалка смукам, ако не друг ден, станала пак цицање. Пак ќе ја седнам релаксатор, па мијам садеви. Завршила машината, ги ставам во сушара па среќа за саатвреме се суви. Дошло време големата да спие, она заспива со малото се занимавам доделка не се приспие пак. Конечно и двете заспале, а ја одам да ги здиплам алиштата, и успат да појадам ( 12 саат ), седнувам на нет оти малата ми спие по пола саат 40 мин, станала малата, ја соблекувам ,станала и големата, правам јадење за сеа, ја ранам. Мијам пак садеви, успат ставам ручек да се прави, оп пак заспала малата, сеа ќе си играм со големата. И така се во круг додека не си дојде мажот ми, и даа не заборавам да пишам, големото се уште се одвикнува од пелени, па и по неа одам
Изгледа само мојава од старт не се п понашаше како за неделите/месеците.. само на болница спиеше цела ноќ, денски.. никогаш не спиела. Јас си мислив дека првиот месец ќе ми е најлесен, беба спие 3-4 саати, цица и пак спие ама јок. Од толку мала во состојба беше да има црвени очиња, да кенка за спиење и да не попушта. На доктор се жалев како не спие, пошо сегде читав колку мора да спие,такво е бебето ми викаа, на секој извештај темпераментно со карактер ми пишуваат. Абе ѕвер. Ах да се пофалам, денес заспа прв пат во количка и прв пат пиев на раат кафе.
Допрва те чекаат луди денови. Синко откако е роден не спие. На негова возраст бебиња спијат три пати по сааат два, синко само два пати по 40 мин до сат време најмногу. Се случува дури и еднаш да спие подолго. 10+ е, скоро 11. Преку ноќ си спие, немам поплаки ама денски е забавно. Ке се навикнеш.
5 и пол сме скоро. Исто спие само пола саат по 2-3 пати на ден. Се случувало од 4 сабајле до 18ч око да не склопи, лудило. На вечер си спие, фала Богу после скокот редот пак си го фати.
На почеток се селирав да не не е нешто како треба ама сите кажаа дека си е супер и едноставно не спие. Кафе на раат немам испиено откако се породив. Првите два месеци, кога спиешемпо 2 3 часа не пиев кафе заради грчевите, а сега не смеам да тргнам поглед од него.
@Enci200 И јас кога му давам да цица надвор нема проблем, може и с'клет е во прашање,или скок што вика @Enci200 пошо кратко цица, 5-10мин и се трга, или дека се нема искакано 6дена . 2полни месеци и 6дена е бебуш. Од шише му давам чајче затоа што му помага за грчеви и гасови, не плаче а си пртка цело време. А синоќа прв пат се измолзив затоа што сакав да пробам техника да си ја отспие вечерта убаво. Си спиеше како бајче до 5 саат сабајле. Прееска цицна 10мин и заспа. Додека бев во вц маж ми му дал од шишето што се измолзав, 80мл испи и бараше уште. Го ставив на цице и си продолжи да цица и цицајќи заспа.
Мојата сама почна да се врти на стомак. Прво на страна и едно утро одам јас во спална да земам нешто, она се свртела на страна и така спие, срце ми се стопи, па после неколку дена почна на стомак да спие, ја вртев на грб ама не сака, плаче, се лути. И ја оставам како сака така нека спие. Од лежење грб боли па добро е одвреме навреме да се легне и на меше. Јас не сум спиела никогаш на стомак, алав да и е како таа може. И не се плаши не може ништо да и биде доколку просторот каде што спие не е загушен, мислам на тоа да нема нешто што ќе и смета, да може да се сврти кога ќе и досади. Ние сме 5 и пол и почнавме да лазиме. Многу е интересна се влече како гасеница по земја и се учи сама да лази со колената, ќе застане на нив и не знае како треба да лази и паѓа на страна, и се така хахаха. Ама ако запази нешто влечејќи оди до него. Еве како ја затеков пред некој ден