Наводно да. Откако му престанаа грчевите почнав се да јадам и пијам и немапе грчеви. Пред тоа пазев и имаше многу грчеви.
Ние на стана спиеме веќе некое време, се има и на меше завртено во спиење скроз, ама се буди со плачење, ваљда главата не може да си ја намести за лежење убаво, му паѓа на средина и не продолжува да спие. Вака како на старлич има спиено, и го набљудувам со страв, ама скроз да се преврти се буди. Уште не е спремен за така да спие, си знаат они сѐ.
Мајки во петокот ја примивме петовалентната вакцина на 3.5 месеци, во ноџето два дена имаше локално црвенило (а потоа се изгуби) но сеуште има на опипување како тврдо топче внатрешно, го пипам гледам не реагира синко немаболка..Дали е нормално? Дали ќе се изгуби?
Да.нормално е.Со боцкањето на иглата мускулот се кине,и настанува тврдо ткиво.Апсолутно безопсно е,ке се регенерира за 10тина дена.
@Meri92 не можам да го најдам мислењето. Во врска со плачење пред спиење , мојот е плачко. Имам пишувано. И само полошо станува. Кај нас е од причина што сѐ повеќе осознава што се случува околу него и сака сѐ да види и не сака да заспие. Јас пробувам да го заспијам, тој пишти и вратот ќе го искрши да види што има позади него. Борби водам секој ден. И посилен е, се тегне ќе ми испадне од раце. Освен во темно нема шанса да заспие. Да го изнесеш надвор кај што ќе гледа нови работи, нема теорија да ти заспие макар цел ден да трла очи. Не знам до кога ќе трае периодов, ама не е убав. Вака прави преку ден најчесто. Ноќе не.
Pa jas pijam tursko kafe po dve na den nekogas i 3 pa en sum znaela deka toa stvara grcevi. Mene sabajle..prvo stanuvanje mi e kafeto u raka
Исто и мојава е така. Кога е време за спиење, она очи трла и се спие а се тегне да види се, не сака да заспие да не пропушти нешто. Често знае кога ќе ја заспијам и ја спуштам во креветче и само што ќе ја спуштам отвара очи и се смее уште да ми каже тралалала те зезнав, не сум заспана Ова само преку ден.
3 е многу, не за грчевите туку затоа што содржи кофеин, а се лачи во млекото. Може да се појави вознемиреност кај бебето од него. Држи се до 2 кафиња.
Јас пред да останам трудна пиев по 2 кафиња на ден, од кога остамав трудна до сеа, пијам само 1 кафе, и тоа мала шолја и само сабајле.
Моево само се џари со очите наоколу, сака се да разгледа, па знае да се загледа во нешто и да не тргне поглед и нејќе да продолжи со цицање. 5мин цица и после се тегне да гледа наоколу. Докторката ми кажа дека ќе биде така, и да спуштам ролетни, во темница ќе цицало. Пробав и така ама он си најде дупче од кај што влегува светлина и пак му беше поинтересно да гледа отколку да цица.
Да ве прашам девојки дали и вашите така прават, мојава е 3 месеци и веќе неколку дена или недели не знам ни јас точно, ноќеска спие со претање во сон, не се буди, не плаче ама мрда со.раце, нозе, глава лево десно врти, цела ноќ така, со.рачињата се греби дури се удира по лице па се смири некои 15 мин отприлика си спие мирно па пак и се така, цела ноќ..... Сабајле штом се разбуди е весела, се смее и многу прета и преку ден, се радува и само прета со ножињата и рачињата, секунда не седи мирна. Нормално ли е бре луѓе? А преку ден кога спие си спие мирно, ни прета во сон ни ништо, до душа и малку спие денски 30-40 мин само 2-3 пати. Ама ова ноќново веќе ме плаши, не знам зошто толку немирно тоа спиење.....
Мислам дека да. И јас приметив дека и пречи и го баталив. А пиев по 3 дневно, имам нозпк притисок и главата ме боли но сега пијам само какао и чај.
Мојата имаше таков период земи шетај и нека цица додека шеташ можда звучи како виша математика ама изводливо е ааа шише според мене нИКАКО се додека не испробаш секаков начин друг
Пијам по едно какао најчесто наутро како демек кафе пијам А чај пијам лакта микс или хипп за доилки што се други не, но незнам дали има резултат некој...
За низок притисок сум открила ново нешто,а воедно и главоболка, последниве две недели ме утепа нискиот ради времето излеа. Зимам 2 чаши ладни од фрижидер вода, и ги пијам наеднаш. Не знам зошто не знам како, поминува за 10 мин .