Не е какано неколку часа, не е страшно. Прави масажа на мешето, дигај му ги ножињата на кај мешето. Мислам за ад беше 3,4 дена (нека ме поправи некој ако не е така). Битно е да не е тврдо мешето и да не плаче.
Моето бебе не сака веќе да цица.. Можеби една недела на по некој подој одбива и плачи.. Овие два дена се зачести и постојано плаче штом ја ставам на града.. Ме интересира дали молзењето со електрична пумпа е ефикасно и дали е возможно така да продолжам да и давам од моето млеко? Има два месеци и 20 дена
Баш како што пиша. Мајката нема потреба од грижа, секое бебе е различно, и да е на АД не мора да значи дека ќе кака секој ден.
Дали можеби ја нудиш прерано да цица ? Со првото ја научив лекцијата, штом бебе се наведне да цица и почне да плаче значи не му се јаде , па макар и да поминале 3 саати. Бебињата од вториот месец драстично менуваат, почнуваат пократко да спијат, и јадат на подолг период. Во врска со јадењето, работите се враќаат во нормала за недела до две. Пробајте да го успиете кога плаче, не секогаш плачат оти се гладни. А потоа понудете града. Пак ќе ви кажам, си ја научив лекцијата со првото, па сега второво кога ми правеше така, ич не се сеќирав. И уште еве ја скоро 5 месеца така прави, ако ја наведнам за цицање а не сака, отвара уста плаче као да ја колат, а после пола саат еве ја побарала, и си цица.
Гладна е затоа што после и дадов шише со ад од 60 мл и одма го испи. Имам млеко.. Вчера со рачна извадов 60 мл. Сигурно со електрична ке ми биде и полесно и побрзо штом веќе не сака да цица..
Не треба да попушташ кога е таква не брзај со шише, период е ќе помине. Верувај кога ќе огладни има да голта и тоа како. Пробај различни позиции, на пример кај мене исто се случуваше вриштеше во седната позиција, но штом станев да шетам одма фаќаше да цица а јас станата одам од соба во соба, сакаше да се пули и истовремено да цица, но незначи дека тоа ќе трае така засекогаш,обично кога се во скок се повознемирени и трае неколку дена. Еве сега пак си цица нормално. Ако и покажиш дека постои опција Б(шише), може многу лесно да ти се одбие од цицање, а како што гледам сте скоро 3 месеци, сега повеќе разбираат. Воопшто не е лесно да пумпаш па да даваш во шише па да миеш шишиња. Не си го комплицирај доењето беспотребно. Стисни заби и само цицка.
Многу знае тоа што сака, со шипе е полесно мислам и затоа ке си чека да и дадеш.... Според мене труди се до поплавување пред да смениш од цицка земи го бебе во раце и шетајте низ дома..... Друго мене што ме мачи беба недела дена веке кака еднаш дневно (ајде тоа ок) ама каката е кисела пенеста и малку накај портокал боја оди..... Не сум сменила нешто со јадење... Се чув со педијатарката вика електорлити да и дадам и линекс, таа само тоа знае преладена ти е ( преладена на 28 дома незнам од што) ме интересира дал некоја од вас се сретнала со ова и друга работа вода каква давате и ако давате купечка (јана земав) дали и таа ја вриете??? Беба едвај ја молам за по некоја лажичка вода а 5 + сме за некое време планирам да почнам со вкусови.... Незнаѓ дали да се грижам ил не :/ и 13та работа беба на спална дига нозе се врти и се .... Ја ставам на под како што препорачува ортопед само гледа лево десно и плаче за да и ги подадеш играчките....
Баш така апсолутно точно и ние шетавме тој период.... А свеки вика ја готово нејке повеке не и се ареса млекото (поддршката од страна значи многу во тој период а ако ја немаш треба да си страшен инает за да истераш до крај)
Значи ова свекрвиве Дерман да се немало. Наместо да се повлечат, да речат чекај да ги оставам на само можи ќе фати да цица бебето, таа неќе млеко бебето. Ај кај што е напната мајката и сака да се справи на секој можен начин со бебето, уште демотивација и фали во такви моменти.
Има таков период кај скоро сите бебиња на 3 месеци. Се друго им е поинтересно. Јас одев и го доев за да цица. Трпение и не се откажувај, ќе помине за некое време.
Уф па ко ке дојдеше на почетој на глава ми виси и вика ај на баба момичката цуг цуг цуг цицај си синче толку ме нервираше што си помислив да ја прашам да не сака и она
Се надевам дека и е само период затоа што многу тешко ми паѓа.. Два дена само плачам... А пред тоа на совет на педијатар давав ад бидејќи не качуваше на килажа... Сега еве ќе прекинам да и давам ад па кој знае што ќе се случи со килажата
Јас би ја извала и другата града и би ја почестила жената да не и е во мисла какво ми е млекото...Ме потсети на ситуација свеки така нешто ми коментираше за млекото вакво такво и кога пиевме кафе и викам со мое млеко ти го направјв види дали е убаво (таа само капучино пие ) И се смени фацата за момент дури не и кажав дека е шала
Колку е нормално да кака бебе? Мислам дека моево многу кака, еве го 13ч а до сега од вчера од 00:00 има веќе три пати какано. Каката му е жолта.
Имаш среќа моево какао на 5-6 дена и тоа плачки плачки додека се покака а нема запек и меко му е мешето..
Женски,бебуш цел ми е нафрлан околу уста со ситни бубулчиња,највероватно од рацете што ги става во уста и секоја можна играчка хехе Дајте некој совет со што да го мачкам или чистам лицето? Јас го поминувам со вода на памучно туферче и го мачкам со виледа лилавата крема но не многу често. Фала
Здраво мајки тукс сум нова.. Бебе е старо точно 1 неделс и цицаме. Зборот ми е вие што сте нс цицање дур е новороденче по колку вфеме требс да цица.. Моето некогаш 10 мин некогаш 15 некогсш полаа сат заспивс нс града. Инсче родени сме 36 +1.. 3 килогрсми.. Знам декс е мсло уште нема силс да цицни пробувам да го будам ама се плашам да не цица малку нз колку е нормално а млеко имам доволно