Без гајле тоа е нормано за возрастса не може да се фокусира и затоа така прави до 8 месеци може да се случува тоа и да не претставува страбизам
остави две до три шишиња по 50_60 милилитри зошто тие цицаат по малку и често ако го испие едното и бара пак ке му го дадат второто а ако му се доста 60 мл нема да треба да фрлаш млеко и ке му ги дадеш подоцна
Па ако јаде на два сати остави две шишенца по 70,ако имаш повеке остави му 3,за секој случај да не задоцниш. Ики мало е бебето затоа така прави,лелеее јас како бев преплашена на тоа време мислев ке има проблем малата со очињата ама помина еве ја сега нема никаков проблем,нормално е така сеуште е мало.
Многу ви благодарам за одговорите, се таму ми оди паметот, но гледам дека било нормално. Фалаааааа ви срцки!!
Нема некоја посебна тактика, значи можеш да и ставиш само солени капки и толку, самата ќе ги исфрли после бањање или кога ќе заплаче. Порано и јас и ги вадев со пумпица ама беше измачувачки и за мене и неа. Пробај како што ти викам, ние веќе со месеци ги вадиме така мрсулчињата. Ики не се нервирај, нормално е тоа кај сите бебиња е така на почетокот.
Мамички, се плашат ли вашите бебенца кога ќе ги соблечете голи? Моево многу се плаши кога го соблекувам за капење, се додека не го брцнам во вода. И тогаш се плаши и сака да се држи за нешто, ама убаво му е.
ОООооо моето кога беше мало па до 4 месеци уплав имаше и од вода и од соблекување, а го соблечев за банкање само ме штипеше со тоа рачињата, а после тоа еве и ден денес ужива да сее банка и да седи голо сега плаче кога се облекува
И малава се плашише многу а повеке кога голе ке беше сега ја гледам не до толку да се плаши,на почеток кога ке ја соблечам а потоа ужива да е голо,поради топлово
а дали се пласи потскокнува кога спие моево мн ми се паси кога спие само потскокнува и одма це ми се разбуди ич не сме спиени малце ќе задреми и ќе се уплаши од нешто и ќе рипне..... а и од кога почнавте да им давате водичка на малите јас незнам дали да и дадам имаме 13 дена.....а и како д препознаам кога има грчеви во стомаќето и дали се дава нешто....и како сто им ставате за носето да и се пушти мн му е затнато
Да да се случува и во сон да се уплаши,јас два месеца ја доев малата а потоа почнав со ад и до ден денес е со ад,последниов месец некогаши нудам а она не сака а некогаш ке голтне некоја капка. Ако доиш нема потреба од вода ако е на ад накај 3/4 месец пробај со неколку капки.
Ако само цица никако вода ( поготово не на таа возраст), грчевите секако ќе ги препознаеш, ќе плаче подолго време, ќе ги витка ножињата и тогаш ќе го нудиш да цица за утеха, ќе го затоплуваш стомачето, ќе го држиш бебето на стомаче и можеш и капки да даваш ( има разни- колиеф, имфакалм...), чај никако. За носето само физиолошки раствор ( марисол може) еднаш до двапати во денот по капка две. Многу е мало бебето ќе се буди почесто, понатаму ќе фатите ред. Кога ќе одите на педијатар разговарај за овие работи.
Мајки дали знаете можеби каде можам да најдам од тие гумените слагалици шо се за на под да си лежат и играт дечињата на нив. Не знам како се викаат а и да ги опишам не знам.
Мила,провери во некој поголем трговски,јас сум видела во големи трговски дека има од се па и за бебиња.
Ееее ама се нервирам денес му облеков само целосно шпикозни ама поголемнко а дома е 21 степен па сега кога го облакам му беа ладни нозете и одма му облеков чорапчиња плус бенкиче и сега ми е мака оти 4 саати беше така облечено да не настине????
Мамички неколку прашања: *Дали треба да се закаже за прв преглед кај педијатар? *Дали за истиот е неопходно здравствена книшка на бебето? *Невработена сум и под социјално, па ако знае некој да ми каже каде треба да ја заверам книшката од бебето и која е процедурата? Спојлер Малку сум неискусна, па помагајте
* не треба закажување за првиот преглед * треба книшка за да и отворат картон ама до месец дена и без книшка ќе те примат каде сакаш и не прават проблем * сопругот ако работи нека го пријави бебето и ќе добива сини картони и за него додека се изработи картичка а и двајцата ако не работите мислам дека и бебето во заводот треба да се пријави.