Не не, ни кашла ни се дави, нормална си е од прееска, еве ја цица моментално. Ваљда више и е спуштено надоле, па деновиве ќе чекам да го искака. ( Ем до неа стоев, секунда се свртев на мажот ми да му кажам нешто...ете толку се брзи...)
Мојава беше секогаш воодушевена кога ќе видеше дека ќе папа кашичка, радости.. ама деновиве затвара уста не сака ни да проба. Дури и нејзината најомилена круша. Не знам што и е, си цица нормално, чат пат знае да ме касне, арно нема заби. Што ли и стана?
Како ги миете цуцлите лажливки пред да ги дадете на бебето? Јас ги стерилизирав, али некако мачно ми се гледа секој пат да стерилизирам пред да дадам.
Мајки дали ставате ќебенце како подлога во количката или е жешко сега? Незнам дали само да го покријам со нешто лесно? Совет.
Обично о на самата паковка на цуцла пишува. Мислам 3м дека е. А и ќе ја видеш ќе се загади внатре, ќе се полни со вода.
Прво ти е? Некои кога ќе дојде второто бебе се опуштаат и од на земја ако му падне ја креваат и дирек в уста. Какво стерилизирање, можам да замислам колку се мачиш
Денес конкретно топло е, ама зависи и во кој дел од денот излегуваш. Само не реди покривка над количката одозгора. Многу се загрева количката внатре, иако вака прво делува ко да е заштитено бебето од сонце и поладно му е
За стерилизирање, ми се фаќа еднаш дневно да стерилизирам цуце зошто обавезно му паѓа на земја, само тогаш стерилизирам. Иначе, некогаш му ја пикам директ ако цуцето си стои на безбедно, а ако не, под чешма со врела вода
Да,можеш да смениш . Јас пред некој ден и сменив. Ја имам 4 цуцли. 2 за дома, 2 за надвор. Хахахагахахахаааа Ова е жива вистина. Ако е дома да, надвор давам друга.
Тетра никако. Ако заспие може да го покриете бебуш со тетра пелена по нозете, ама цела корпа никако не смее да се покрие. Се добива ефект на стаклена градина. Многу брзо почна да пече, до 9 најкасно може да го фати сонце ама 5 10 минути, бебињата лесно можат да дехидрираат.
Јас стерилизирав цуцли до кај 6 месеци. После тоа почна да лази, панја лижеше подлогата, немаше логика да стерилизирам. Сега лиже ѕидови, така да...