Мајки Како го поднесуваат жешково малечките? Кај нас дома е пекол 29 степени внатре денска, абе бебе цело време се поти и плаче неможе да спие јадното. Дали пуштате клима на ладно и на колку? Страв ми е, малава е 2 ипол месеци. Еве ја конечно заспа само по боди и чорапчиња
Климата ми е пуштена по цел ден на 27 степени на најслабо да дува и седиме или во спална или некаде кај што не дува директно.
Наместена ни е климата на 26 степена на средно да дува, као вентилатор ќе му дојде. Со клима се ладиме летоска, со клима се грееме зимоска, тоа ни е грејно тело немаме друго.
Пуштај клима, не го вари детето, греота е. Ништо нема да и’ биде освен што поубаво ќе си спие. Само да не дува директно во неа и да спие понастрана, односно во друга соба, не кај што е климата. Кај мене е секој ден на 23 пуштена, бебе се изнаспа. Некогаш и на 22 ја ставам, многу поубаво ми спијат и двете на ладно.
Мојот педијатар ми викаше со првото на 20 да била климата, ама тоа ми е ту мач. Едино кога имаше розеола вирус, со висока тт и осип, само тогаш ја ставив на 20 2-3 дена пошто беше сред лето, 40 степени
Јас ако ја ставам на 23 дома нема да седи од шо толку лади, некои ни се смеат, 26 степена дома а климата ни е на 26 наместена да дува, и тоа не е на најјако..и искрено стварно нема поента..ама лади колку толку Каков е тој вирус ? Прв пат слушам, ако не ти е тешко да ми објасниш, и од каде може да се фати?
Секое бебе е различно, на некое му студи, на некое му е таман, ама подобро малку да му студи одколку да се прегрее.
Женски, вие што доите, имам прашање дали смрдат каките? Ние си имаме проблем со тоа...всушност не знам дали е проблем. Цело време има слуз, качува на тежина, ама стално му вари, му кркори во цревата и доста јако смрди. Читав на нер демек не смрдело на тие што се доени. Се сомневам дека има нетолеранција на лактоза. Алергија од нешто што јадам јас не е, имав рестрикциска диета и не даде резултати.
Ау ау времево.. пред 3 дена бевме со јакни тука, денес не знам колку пати бевме под туш ја и беба. Она е цел ден поспана од топлово, се поти душичка, и го луфтирам и газето малу без памперси сме. Сега пошо е прежешко и облекувам целокупни,летни пижами на прерамки, така не и е грбчето голо ама за прозор отворен што велите? Па не се дише веќе, и западов не е то шо беше. Иначе вие што сте патовале со бебе, дали после пат,промена на клима, нова средина, се депавало да одбива да јаде? Крофна моја обожаваше кашички и нормално доење ама конечно вчера и денес почна пак да јаде, пред тоа затвараше муцето кога ќе видеше лажиче. Прво мислев можда ради запче ама не никнува уште.
Ние со ширум отворен прозор спиеме до кај прво станување на бебе, после на кип. Во соба ми е 28 степени, клима пуштаме пред да легне бебуш и толку, цела ноќ прозорот. Пошто бебе цело време се буди, ако залади одма затворам. Не сме се успале хаха
@Dikinzi розеола е вирус при кој се јавува прилично висока тт (мојата големата имаше 39.7). Тт трае три дена, и одеднаш спласнува и се појавува осип на кожата, од глава до пети. Личи на морбили, ама не е. Вирусов се нарекува уште и шеста болест, зошто трае 6 дена (3 дена тт и 3 осипот). Во принцип не е страшно, јас со сируп и’ симнував, само не смее на жешко додека трае зошто топлото многу го влошува осипот. Држев на 20 степени тогаш дење ноќе. Инаку големава го фати на 6 месеци, не знам од каде. Лето беше пеколно, дома седевме со бебе, јас на породилно нели. Може мм го донел од работа, којзнае. Вирусот напаѓа бебиња и мали деца најчесто, возрасни речиси воопшто. Во принцип, звучи пострашно одошто е, само тт ме распамети дека многу висока (тогаш првпат ми качи големава, кога закачи розеола, па јас нели тазе мајка, плус бебе болно првпат во живот, хаос бев). И така, не се мачка ништо за осипот инаку, се повлекува сам од себе преку ноќ и е последица од високата тт.