Не се плаши ноџињата се ладни од што си претка со нив. Ќерка ми цел ден е боса и навечер спие боса. Кога не претка и се топли а кога почне да претка одма кокал студени. Исто со рачињата е мрдаат си ги стават во уста и ќе им бидат студени. Неможе стално да им бидат топли затоа не грижи се. Нема да настине.
д-р Темелковски во Ново Лисиче, јас сум задоволна од него и неговиот пристап кон децата, само ако одите таму нагласете си дека сакате кај него, последниот пат кога бевме беше докторка многу лош впечаток ми остави освен што е арогантна и многу диво се понесе со малата, се отплача како никогаш порано, ни на вакцини така не плачела, и баш сестрата рече леле докторке денес сите со солзи, па како нема осеќаат тие лоши луѓе а нареден пат пак ќе си закажам таму ама исклучиво кај докторот се гледа дека има искуство и знаење добри совети и одличен пристап со децата
Имаш во Ѓорче, и тоа многу го фалат за деца, кај Камелија цвеќарата. Ај да редактирам, Орто+ била ординацијата и д-р Антоније Хаџи Антоновски, одма пред Камелија ординацијата.
Да ве прашам, кога ја направивте вакцината на месец дена од породување? Мене патронажната ми рече дека мора да биде на датумот кога се родило бебето по еден месец, а педијатарот ми рече ден-два подоцна.
Ние бевме после датумот на рагање,мислам нема некоја врска тоа да е баш на датумот на рагање,се паднало кај некои на датум кај некои после дата
Има врска мене за еден ден ме вратија, значи неможе ако не се поминати 31 ден точно од последната вакцина од картонот плав што ја пишува. Минатата недела беше ова со мене.
HB ја имаме примено на точно месец и 4 дена. Туку не ми е јасно сега на 1 Јули треба да одиме на вакцина, тоа ќе бидат неполни 4 месеци и ни се закажани 3 вакцини во истиот ден?????? Не беше вака кога одев со син ми пред 5 години. Исто пред еден месец и дадоа 2 вакцини во еден ден. Многу тешко ги поднесе. Дали мора да ги прими сите три одеднаш?
И ние првата и 2 и дадоа по две вакцини,едната на едното ноџе др на другото. Незнам зашто 3 ке прими?!. Можеби едната ке и дадат сируп Ние на 4месеци примивме две,разговарај зошто три ке и дадат.
Дали некој користи бекутан крема за промена на пелени? Јас почнав од вчера пред тоа користев цел месец павловичева помрсна беше а оваа е поцврста и не се брише лесно има и до наредното менување на пелени а таа павловичева розева одма се бришеше?? Мислење и искуство дали е окк Бекутан павловичевата??
мајки дали и некоја друга има вакво искуство па да ме утеши малку бидејќи досега незнам колку пати ми се пресекоа нозете за овие месец дена, проблемот ми е што синми многу се закуснува и на спиење го прави тоа, и од плунката, и кога цица и секогаш мора да бидам покрај него бидејќи ми е страв на спиење недај боже да направи проблем
Legnuvaj go nastrana da spie drug nacin ne znam. Stavaj mu pernice pozadi grbceto. Da e gluva zemja ama nikako nemozes da go dopazis. Nemoze toa da spie ti nad nego non stop. Se izv. Za. Latinicava od mob sum.