Ооо бидете среќни и на тоа станување,моево се буди на 2 саати, некогаш и на еден саат, за 10 дена прави 9 месеци
Па мала е за заби, 3 месеци полни е. А од 2.5 месеци раката во уста ја става, сега и двете да има како ќе ги изгриза толку што е нервозна кога ја чешкаат жлебинките, што знам. Лиги многу има....
Лиги нормално е да има, исто и рацете во уста. Тоа не е предзнак за растење заби, туку е оралната фаза кај сите деца. Ова со чешањето обично како што реков е во периодот на вадење заби. Да не и е жешко и поти, па затоа се чеша? И тоа не е исклучено.
@Annath , кои се најчести знаци за растење на запче, од страна на однесување на бебе и изглед на непце? Дали секогаш непцето е набабрено? И кога се очекува првото запче, во некои временски рамки? Моево бебе има 3ипол месеци, некогаш многу се лигави, става и рачиња и сѐ друго во уста, а некогаш и кога не успева да загриза, се нервира, почнува да кемка.
So toa sto gi stavaat racete vo usta si ja jaknat vilicata mojata kerkicka oti I izleguva zabce ovie denovi se zivo i divo stava vo usta inace sme 19 meseci
Во просек забите почнуваат да растат накај шестиот месец. Знаци? Различни се кај сите, ама генерално - нервоза, често ноќно будење, зголемено лачење плунка и почеста и потечна столица поради тоа, што особено кај поголеми се приметува, кај бебиња не толку, потоа црвени образи, чешање на ушите. Непцата може да бидат отечени, но и не мора, кај некои бебиња/деца се забележува модар оток што се нарекува еруптивен хематом и не е страшен. Гризењето разни работи им олеснува затоа што го намалува притисокот врз непцата што го создаваат забите кои растат. Мокра ладна фротирка врши многу работа, само да се внимава да не испушта влакненца.
Пелена и капа, под сенка и до 11ч максимум. После од 17:30 /18ч пак. Пошто е мало нема кај да бега и ќе биде под сенка, нема потреба ништо дополнително.
Не дозволувај друг пат , посочи им дека не е добро , јак е медот.. Од каде ова до 3 не , после година и некој месец може по малку да се дава и да се следе на старт за несакани реакции .. Читнете уназад и низ др теми се има доста зборено за мед
Па тоа си помислив прво затоа и ја расоблеков. Инаку ја следам цел ден и приметив пред спиење така прави, кога се разбуди е супер, никако не се чешка, ама кога и доаѓа време за спиење почнува да си трие очињата и накај увцата исто се чеша, се трие, се греби.....
Имав тука читано https://mk.dzvranje.org/3297-at-what-age-can-you-give-honey-to-your-child.html Во ситуација кога мајките или бабите почнуваат да даваат мед на деца под 3 години, тие дејствуваат на сопствен ризик, бидејќи е невозможно да се предвиди реакцијата на бебето на овој производ. Во многу случаи, бебињата добро ја доживуваат оваа природна сладост, но постојат и спротивни ситуации кога медот се претвора во вистински проблем.
Лелеее она веќе долго време и давала, така успевала само да ја смире кога плакала. Лелее веќе никогаш не ја оставам сама со бебето. Дај Боже ништо да не се случи. Оффф..среќа што ја забележав денес иначе којзнае уште колку време ќе и давала така. Душата мњ заболе кога прочитав што се може да се случи
медот не се дава оти е алерген но медот треба да се избегнува до 1година затоа што се случува да е контаминиран со бактерија( не запамтив како де вика) чиј токсин мозе да го нападне дигестивниот систем кој не е доволно зрел. Не верувам дека од еднаш двапати мозе нешто да се случи но јас повеке не би дозволила...ах тие баби
Денеска бевме на контрола и веќе конечно можам помирно да спијам. Качил дечкото едно кило за 3 недели и пораснал 60цм. Па кога почна да гука, па да и се смее на докторката ептен интересен беше. Главчето веќе го крева, ни покажаа и како правилно да вежба на стомаче ама мислам дека е супер и уште малку ќе може скроз самостојно да го држи. Кажете ми дали вашето бебенце имало неуспешен ото скрин? И денеска му беше неуспешен и ни рекоа пак контрола за 2 недели ама веќе почнувам да се секирам. И кажете ми во кој период од денот ги носите надвор? Јас обично откако ќе се стемни, само еднаш бевме на ручек во кафана ама многу топло беше. Докторката ми рече да го носам надвор на дневна светлина.
И мојов дечко веќе го држи главчето и сега сака да е испраен и како желка стои Јас го носам на сабајле околу 10-11 низ двор шеткаме дека сенка и одручек после 17h пак под сенка..а ако нема сонце да е облачно не гледам колку е саат