Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    23E5302B-FB9F-48F6-95BC-0076D0C4CFAC.jpeg
    Благодарам :l:
    ако веќе сака нешто за смирување земи ги овие капки. Во ремедика на педијатрија ги имаат, кога плачат бебиња да ги смират. Ги имам и јас. По 1-2 капки на цуцла се става.
     
    Последна измена: 29 јуни 2020
    На Dikinzi и Dianas им се допаѓа ова.
  2. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Нас ни беше неуспешен на лево увце кога се роди. Тој првиот отоскрин кога се прави во болница. Ни кажаа дека најверојатно сеуште има остатоци од плодова вода и дека не е страшно.
    Правевме контрола на 2 месеци и успешно помина.
    Во болница првиот отоскрин беше успешен?
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.521
    Допаѓања:
    18.877
    До 6м најчесто беше вака: заспиваше во 22, прво будење во 3, па следните на 3 часа.
    Од тогаш навака нема споено 5-6 саати, најчесто се буди на 2 часа, а кога станал и цицал во 2,а пак ќе се разбуди во 3 ми иде да се фрлам од прозор, преморена сум. Луто ќе го искарам и му давам пак да цица и после ми е криво што сум се однесувала така.
    Мислев од 8ми месец,кога почнавме со вечера дека поубаво ќе спие ама не,изгледа додека цица ќе се буди ноќе. Кај издржав волку,ќе издржам уште малку,тоа е.
    Не сум знаела за црвените образи,а вистина му беа пред да избие првото запче. Па трчав брзо заштитен фактор да купам мислев од сонцето му е.
    Кога треба да се почне со чистење на запчињата и на кој начин?
    Ова отоскрин, проверка на уши самоп по приватните правите?
    Имавте индикација или во пракса се прави кај нив?
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Не беше успешен првиот. Истото ми го кажаа и мене дека има остатоци и дека каналите му се тесни. Правевме контрола на еден месец неуспешен и еве денеска месец и 3 недели пак неуспешен. Ми рече дека не е страшно ама веќе не ми е сеедно.
     
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема индикации туку го прават кај секое бебе.
     
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.521
    Допаѓања:
    18.877
    Во ремедика,систина?
     
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.404
    Допаѓања:
    26.830
    Пол:
    Женски
    Мамички душата ми се искина на прачиња, прв пат малечкото го видов како со солзи ми плачи. Вакцина е, не е сташно ама боли бе.. јагне мое нежно. Втората рота ја примивме, температура ми рекоа е можно, кај вашите како беше?
     
  8. Sandra456*

    Sandra456* Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    518
    Пол:
    Женски
    Koga.pocnuvaat da gi drzat glavite cvrsto ?
     
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.404
    Допаѓања:
    26.830
    Пол:
    Женски
    Кај 3 месец се веќе главчето стабилно и спремно бебе да се носи во кенгур. А на меше малава го подигаше, тогаш прв пат пробав, на 3 недели кога беше.
     
  10. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Ремедика. Не знам за Систина. После раѓање им прават отоскрин, кој ако е неуспешен се повторува за 2 месеци, за да се исчисти увото.
     
    На Sofi.ja и Jana06 им се допаѓа ова.
  11. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.404
    Допаѓања:
    26.830
    Пол:
    Женски
    Два пати на ден. Кога е жешко сабајле и кај 6. Кога ќе се стемни е време за спиење и еве скоро 6 месеци покасно од 8 не сме биле излезени. Тука Австрија се стемнув дури во 10 е темно ама си го пазам ритуалот. Ако не е жешко, кога е најадена убаво и расположена.
     
    На crazylady и Jana06 им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.392
    Допаѓања:
    206.372
    Пол:
    Женски
    Од раѓање устата се чисти со газичка намотана на прст намокрена со вода, кога ќе никнат заби, со четка напрсток или со обична бебешка четка со вода се чистат забите и непцата.
     
    На elenaklasik и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  13. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Од кога почнавте на стомак да ги ставате? И по колку време?
    Други вежби има во првиот месец? Ми е страв да не пропуштам нешто...
     
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.040
    Допаѓања:
    48.409
    Пол:
    Женски
    Движења на ножињата како да вози точаче, исто и кружни движења на надворешната страна, исто и со рачињата му ги кревам нагоре
     
    На Dikinzi, Jana06 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Од кога дојдовме дома од болница го ставам на меше, првите недели врз мене после тоа на кревет. Пред една недела заспа на меше и го оставив 2 саати нормално со надзор. Обавезно го ставам 2 пати дневно зашто убаво испушта гасови така.
    Иначе, стави го на меше и земи тропалка, тропај му 20-30цм пред лице и поместувај ја тропалката да се сврти сам на другата страна. Така ќе го вежба вратчето. Докторката денеска ми кажа за да ја зацврсти главата да го ставам на меше ама со рачињата под градите.
     
    На dunika, Филотеа, Dianas и 2 други им се допаѓа ова.
  16. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    5.196
    Пол:
    Женски
    После 40-45 дена веќе почна ама не толку стабилно..а стабилно мислам после 3 месец дека е
     
    На Sandra456* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    5.196
    Пол:
    Женски
    Јас досега го немам свртено на меше освен во раце кога ми е или ако плачи па на нога го ставам и го тапкам по газето...ама ное во ист ден сме породени па штом ти рекле тебе значи можам и јас да го оставам да лежи на меше...а како го легнуваш?
    На рамно и рацете прекрстени под градите или на перница па да му висат пред него?
     
  18. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    8.581
    Пол:
    Женски
    Исто сме со спиењето, и јас се надевам кога ќе вечера дека ќе спои повеќе, ама џабе изглеа. Околу 2 3 му е некој специјален саат, цел саат се думкаме. Исто многу му се лутам и го карам, па ќе фатам да плачам како улава. Ама секој ден вака 3 месеци веќе заборавив што е спиење.
    @Bubish26 мојов лигуш цел ден солзи рони. Душава ми ја испокина ;(. Рота ние без реакција бевме.
     
    На elimkd, Sofi.ja, *malenavolena*87 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    6.164
    Пол:
    Женски
    Џабе го думкаш рацете ти паѓаат, остави го на кревет легни си до него и играјте си, коа ќе му се приспие ќе го успиеш, јас така правам, аи играме коа не и се спие :D
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ништо посебно, го ставаш на меше на рамна површина и рацете споени и под градите. Тогаш најубаво ја крева главата. Иначе, како што пишав погоре и со тропалка можеш да го вежбаш.
     
    На crazylady, babyboy1 и Dikinzi им се допаѓа ова.