Ќе заборавиме. Сѐ се заборава. И пораѓај и болки и скоковиве. Овој 4 скок, кој влегол не излегол ахахах
Мајки дали ви се плашат бебињата во сон? Моето бебе се плаши и крева рачиња во сон. Дали е нормално тоа? Бебе денес 30 дена.
Јас приметувам од вчера исто слуз во столицата... моментално го мачат грчеви и има проблем со празнење, ете сега и ова, бојата е нормална, но е ко лигаво... Дали можеби се консултира со педијатар од што би можело да биде? Само на мајчино е
Моров до 6 месеци се губи. Ама и после знаат да заплачат во сон Едит јас треба да бегам во друга тема ама ми се уарни тука
Да 5 ипол месеци и уште се плаши. ............ Туку дали при мал звук одма ви се будат бебињата , нешто да шушни и одма се плаши не само во спиење туку и кога е буден??
На ист ден се родени, и моето ептен се плаши дури ја прашав матичната од толку паника што правам ама нормално било ми рече и сега не го мислам многу
Хахах леле, исто ја оставив на минута само, ја најдов на паркетот од другата страна. Морам ограда да купам.. тек кога ќе почнат да лазат ау ау. Ма каква теретана.
Здраво мајки ве молам искуство за бебе со дерматит за козметика.Сега користам еуцерин атопик (купка и лонсион за тело)но во зегин ја фалат и по нет што читав за колекцијата Frezyderm дали имате искуство? Денеска ги гледав па се мислам незнам што да правам
Момичево мое олку мирно не било до сега никогаш. После вакцините вчера втора доза рота, прва доза таа што е хепатитис,тетанус и прва доза пнеумококен, беба нема температура ама е цело ошаметено. Прв пат да лежи на кревет и да не прета, да ја галам само. Поспана ми е ептен. Тука времево ни е лудо, еден ден за јакна,друг за на плажа одење, денес пола пола. Бутка мамина на двете ноџиња ми е боцнато, валда не ја боли уште..
Од Фризи дерм користам само крема за на лице поточно кај устата за да нема иритација од плунка, за запчињата маст и кога имаше корупки на главчето. Во Ремедика Фризи дерм ги препорачуваат. Иначе јас ја користам Мустела за атопична и до сега сум презадоволна.
Сега ми текна дека не ти одговорив. Ова е исто како транспортно креветче ама има друго име за да се продава. Ова е добра работа за треба да работиш нешто, а и не е штетно како дубаците и џамперите. Не е нужно да го имаш затоа што кратко се користи. Транспортно креветче е подобра опција. Кога почна да се исправа синко, беше нестабилен, не знаеше како да паѓа, па купивме транспортно затоа што страните се меки, а дрвеното го преместивме во спална само за спиење. Сега транспортно го користам да го ставам додека работам низ дома. Транспортното чека и прилика да се смири короната и да патуваме некаде.
Од која возраст се стават вака? Ги гледав подлогиве ама немам земено, ние дома немаме теписи па ќе треба уште нешто за одоздоле на таркетот да постелам. Оваа коронава не ни дозволи да се доспремиме за бебе.
Normalno e toa. Pominuva za 48casa. Mazi ja gali ja sea si i potrebna. I proveruvaj za temperatura. Stavaj od tie lentite za vakcina.ke i go ladat mestoto. A zasto dve bocki?