Кај нас од кога бебе ја прими рота вакцината веќе 3 недели имаше слуз во столицата и беше многу течна како пролив. Еднаш се случи ситни кончиња крв да видам низ неа, не беа многу заприметливи но ме загрижија искрено. Истражував на Google дали може да предизвика интолеранција на лактоза, или алергија на млечни протеини, и испадна дека може. Всушност тоа се Side Effects на вакцината за кој никој не спомнува. Искрено мислам дека нема да дозволам да ги прими другите дози на рота вакцината. Нека ги прими сите други вакцини освен оваа. Ми е страв дека можи да се искомплицира па поголем проблем да настане.
Здраво мајки, што ставате за да паднат овие корузи? Мачкам само крем за лице на веледа. Целиот е исфрлен црвенило и жолти корузчиња.. Совет?
Обавезно, да станат од спиење и ќе пишам Ахахахахахаххахахахааа Ништо страшно, кај мене имаше малата, за главчето користев мека четкичка додека ја бањав, и исто така со влажно крпче ја нежно ја триев,а по бањање и ги мачкав вегите со крема. За месец дена ќе падне
Мајка штом не и е ништо не се потресувај толку, и ние сме живи битија а за малечкиве е потребен супермен некогаш
Леле ова грчевите биле срцебол морам да ги прифатам некако и дека бебе во наредниот период ќе го гледам како се мачи... ептен ме боли што не знам како да му помогнам! Сите конвенционални методи ги применувам (капки, масажи, топли облоги, вежбички...), но пак само на града се смирува Кажете како се справивте со ова
Ох душиче... заблежав дека најмногу наутро и приквечер се мачи. Се грчи, црвенее... а дали менуваа интензитет грчевите или целиот период беше исто? Во смисла дали можеби може да му се влошат или вака ќе тераме додека скроз исчезнат
Тоа не е ништо,моево почнуваше од 20 до 04ч да плаче и ништо не ја смируваше, среќа на месец ипол и прекинаа, може ги имала и после тоа ама не и биле јаки и не ми плачеше, спиеше како што треба. Инаку вежбите и Колиеф капките најмногу ни помогнаа. Маж ми ја ставаше на рамо и така и го притискате мешето, па така ги смирувавме.
И јас така бев, он плаче јас уште повеќе. Се навикнав веќе почна навечер само да плаче ама пак не е сеедно. За утеха намалуваат како поминува времето. Гледај обавезно да ждрига после цицање и ставај го на меше 2 пати дневно така полесно испуштаат гасови. И издржи мајка викаат дека после 3 месец ги снемува.
Кога ќе го ставиш цица ли ? Може му се јаде ? Иначе и кај мене само на града се смируваше, гледав да ждригне, и правев масажи, и ги мрдав ножињата како точаче да вози, кога спиеше термофор и ставав. Има едно видео пред некој ден го ставив ќе ти го пратам, лесно ждригнуваат така и прдат.
1) Иако нема правило, 4месечни бебиња на колку саати им се дневните дремки? 2) Моето бебе ја прими прва доза на рота вакцина. За некој ден втора доза, ми е страв тоа што викате дека можно е несакани дејства од типот на алергија на млечни продукти и сл. Дали можам да ја откажам оваа вакцина, да не ја прими? И дали понатака ќе имам последици како казни или бебе да има последици по здравје? 3) @Dikinzi честиткиии! Кога помина време а? Тоа со пробување вкусови ми е квантна физика. Хахха. Дали пробување вкусови е исто што и дохрана? Дека според СЗО треба од 6+ месеци да се почне со дохрана. Тоа значи дека со пробување вкусови може и од 5, за бебето веќе од 6 месеци да е спремно да си јаде кашички или пак цел процес на пробување и дохранување да биде исклучително од 6 нагоре. Може малку објаснување од некоја од вас
Види по најново, можеш да даваш дохрана, односно цврста храна од 4+, односно со наполнети 17 недели на бебето. Од тогаш најрано смееш, а од кога ќе почнеш и сѐ во однос на цврста храна, е твоја одлука. Зависи многу и од бебето, ти најубаво си го знаеш. Најчесто тука со вкусови се почнува од 5 месеци, јас почнав 1 недела пред да наполни 5,на 5 ипол веќе оброк почна да јаде. Има и 100 табели која храна кога се дава, сите различно кажуваат. Пак на тебе е да одлучиш според што ќе се водиш. Сега, нормално дека нема месо или јагоди да даваш на 4 месеци, ама општите препораки ќе си ги следиш, натака како ти одговара ќе правиш. Едит: Од рота да добие алергија? Не ми звучи веројатно. Може слуз да има од алергија, да. Ама ротата не верувам дека може алергија да предизвика. Најлошо нешто што може бебе да добие е преплет црева како што знам јас ама екстремно ретко тоа. Ние 2 дози примивме без реакција, сега третата. Не знам зошто би ја избегнувала оваа вакцина. Уште еден едит: дремките на 2 саати отприлика, од крај на последна до почеток на нова. Кај нас уште е така. На рати се одговорив хаха
Рота ако не ја примиш во одреден период после не можиш. Воопшто не е опасна, реакција е нормално. Ние поминавме без тем. само поспаност. Дури не ни имаше овај пат проливче како првиот. А за дремки.. па малава моја од новороденче не спие поќе од саат. Ич не е спанка, така да и се приспива на 2 саати и дремката трае 20-30 мин.