Скроз исто само со едно сум јас и пеглам на рати Бев противник за релаксатор ама среќа маж ми не ме послуша и купи. Се збунив што да правам со тие 2-3 саати слободно време И јас спремам ручек, закачувам алишта, се бањам... Од скоро сме сами со бебе и морам се сама како и да е. Дури сама почнав да го бањам. Последните денови успевам само ручек да направам зашто зачестија грчевите и влеговме во втор скок. Барем ноќе ме остава да поспијам 3-4 саати.
Ти ја знам маката Ама ќе помине,од коа ќе почне да лази се ќе се смени. Ќе го обезбедиш просторот пред време и го пушташ да шета да испитува. Јас така му викав на мажот ми за сушара и за садеви машини..и се зафркнав Сега машина за сушењр имам..ама за садеви не, ја си викав ај бе..за нас можам да мијам, ама не било така. Среќа алишта шо не пружирам, кај ќе ми беше крајот дури тогаш
Ете, ти си се спасила од алишта, јас пак машина за садови имам, од миење садови се спасив. Да си купиш во најскоро време!
Јас за некои работи сум воодушевена од нивното воспитување. Знаат да се многу смирени и во состојба се 100 пати да повторат едно те исто, да чекаат 2 саати додека само 2 годишно дете не се облече, да читаат сликовници додека ги носат во градинка и да им зборуваат на високо ниво иако пола не ги разбираат. Иначе дека им даваат да лазат на под и да се валкаат тоа да, така е кај нив. Кога плачат за без веза вистина не ги смируваат, едноставно мислат дека не им потребно внимание, сепак ретко плачат хаха. Јас кога бев на факс и одев на пракса во градинка,која разлика меѓу балканче или швабче, култура уште од многу мало, кај се балканците после во основно таму се и тепачките.
И јас имам активно бебе. И останатите мајки овде. И оние што не се тука. Секое бебе е активно. Не знам како ги замислуваш останатите бебиња ама сите се исти. Некои порано се развиваат, некои подоцна ама сите се развиваат. Јадат, одат, зборат. Тоа што ја учиш да џвака е добро, ама мала е. После 7 8 месеци можеш да ја научиш, нема да задоцниш. Да видиш синко како отвараше усни на 5 месеци кога воведував вкусови, си реков ова бебе се гладно ке е, сега со молби јаде. Кафе не се препорачува ни доилки да пијат затоа што навлегува во млекото.
Не дојам, на адаптирано сме. Тоа велам и јас, сега сака да проба се, и јаде, а понатака може ќе бега од храна, како на золвата детенцето има две години ќе касне една две лажички и толку не сака веќе. Моето може бетер од сите ќе биде, т.с или веќе е бетер од другите. Не е најпаметно што уште сега јаде се. Нека се живи и здрави сите.
Како се мирни? Е па напредни се западњаците, им ставаат во млекцето по некоја капка канабисче за смирување. Мене малку и чуднички ми се, ама малку. Друга тема е.
Јас немам искуство со дохрана и слично моето е сеуште мало, здравје планирам околу 5ипол мес.да почнам. Ама не ми е јасно ако велиш дека не е најпаметно што уште сега јаде се да му даваш да пробува секакво јадење
Ех да можев,ама за да ставам буквално цела кујна треба да се демолира, и нов распоред да се прави..коа не мислев со време Слушајте ги мажите понекогаш Да да, 3 дена иста намирница, па други 3 дена друга. Пауза нема да правам, наредно ќе и дадам банана, па круша, после може на зеленчуче да свртам, од коа ќе ги проба почетниве, после иде мешање меѓу нив. И секој месец после како иде, се пробува друга нова, и се така додека не проба се
Девојка ами шо Претходно кој ме спомна ми рече жена..каква жена бе 29 младо е..ама не ко 22 М? Од каде ова ? Не сум знаела, вистина или ..? Ако е така, затоа тие живеат по 90 и кусур години
Епа нели се почнува со вкусови? Ние почнавме порано, со одобрение од педијатар. Давав јаболка, крушка, просо, се тоа пробавме и сега кога нешто ние јадеме и давам и она да проба. И не не сум најпаметна што го правам тоа, нема да се наддавам со ниедна мајка, колку јас знам, колку другите. Сега само така пробува, 6 месеци сме. Во бебе готвач пишува дека авокадо се дава, мене педијатар ми рече дека не е добро сега туку од 7ми,8ми месец да се даде ако сакам, нема да дадам сега тоа. Ми се фати за водата од гравчето. И уморна сум цел ден трчам како кобила и нема да се објаснувам веќе. Ако сакаш да збориме пиши ми порака па ќе збориме во пораки. Поздрав
Купете си вакво слонче ќе ви заврши голема работа за да завршите нешто по дома. Мене ми олесни многу, барем 20 минути седи во него, малце со играчките, малку во количка, ја замајувам нон стоп за да не ми е во раце..
Не си единствена не се секирај јас па немам ни релаксатор, а бебуш дремнува кратко преку ден. И тогаш ако крцне нешто се буди, ако не сум до него одма вика. Маж ми ми помага за се по дома. Два пати пуштив правосмукалка кога бев сама со бебе и имаше вриштење, плачење едвај го смирив, душиче. 2ипол месеци е. Се надевам дека веќе вп трети ќе се загледува вп телевизор па ќе можам садеви да измијам и ручек да направам... Којзнае а незнам од кога не сум си исчистила онака темелно. Маж ми фаќа ама друго е женска рака. Ама ајде, еднаш е бебе, сега си сака внимание и топлина од мама се друго може да почека.
Гравче онака запржено? Ама авокадото било проблем. Кобили сме сите, се акаме, траќаме за децата ама толку е просто и едноставно да не даваш на бебе храна. Се натегало детето, жити се. Имам дете од 1г и 5м алергично на кравјо па му бранам се што содржи. Нека плаче, нека вреска се знае што е добро за детето. Не дека треба да се правдаш ама веќе кога коментираш неможам да те прескокнам.
Нее без запршка ги правам манџите и без зачини. Кој колку сака зачини си става во тањир, јас солено не јадам. Затоа дадов од водичката. Авокадо не ми е проблем, ќе дадам и тоа хахааха