Епа седи и оваа ама кога ќе и досади се спушта со газот надоле и почнува да лази, или така лежи. Или плаче хахаха
Мајки, кај нас дома е 26, 27 или 28 степени. Малиов го оставам да спие по долни долги ама комотни пижами , чорапи а горе боди по куси. Покриен е со танко ќебе како пелена. Да не е многу?
Да, ама моево не знае да лази, и уште да ја држи главата кога е на земја, мислам ја држи она главатаама уште нема осет ако запаѓа да ја задржи,и осетот да ги пушта рачињата да не падне уште не и е разбиен,да научи уште малце обавезно.
Толку ви е навечер? Или збориш за преку ден? Уствари и за преку ден јас на овие горештини не би оставила ни дете ни бебе во долги. Моиве се летни бебиња, цело лето по цел ден беа само по боди, без чорапи!
Сега баш видов, 27 дава ако е точно жешко си е...јас спијам по куси без маица. Инаку ние сме 2 месеци, ми е страв да не е мало...или да вадам пижамите? Имам отворено прозор во другата соба ама не иди воздух некако а клима не сакам сега да пуштам на спиење...
Спие мирно бебенцето или прета во сон ? Ако им е жешко многу се немирни. Ние веќе спиеме со пуштена клима навечер, климата ми е многу далеку, во дневна е, па додека дојде до спална ладниот воздух треба време. Соблечи го, температурата е висока, ако ти е мисла куски панталони облечи, без чорапи, и тетра само.
Спие, само за цицање се буди или гасови ако има...Сега му ги извадив пижамите, чорапчињата ги оставив.
Кај нас преку ден е 26-27, сега е 26. Мали спие веќе 2 недели по кратки ракави, денес само по целонсни пижами како боди со малку ногавички и без чорапи. Можеш и боди по кратки со памучен шорц-пижами , зависи што имате. Вчера спиевме цела ноќ со отворен прозор во спална И вади чорапите. Вие со маж ти со чорапи спиете? И јас прашував на форумов за тоа,па си тргнав од мене .
Моите двете после месец дена веќе ги водев како прилагодени на наша клима Одма беа расоблечени и полесно спиеја. И отворен прозорец
Bodi na kratki i kratki pantaloni pamucni ili spikozni na kratki. Bez corapi. So tetra pelena samo pokrieno i pak na glavceto se poti! So podotvorena vrata i prozor na kipanje. Toplo e mnogu.
@lavinija28 мојата за спиење е по боди на прерамки и пижами( по долги,како шпихозни,без ногавички. Покриена е само до половината со тенка памучна прекривка,а многу често ја бута со нозе.Не прета и не е топла воопшто,ја си мислам дека и е таман Не сум во Мк,малце поладно е овде.
Го раслеков сношти одма, само по боди на куси го оставив бидејќи стварно беше жешко. Ама пусти страв да не настини
Бебе по ромпер спие, од кога е жешко пред спиење рика како никогаш до сега, не знам дали од жешко дали заби вади врска немам веќе. Кај нас собата на запад 29 степени е навечер, со клима нешто под 28 праам, ама пак е пекол. Вчера клима пуштивме додека заспие подолго да дува. Не се трпи ова немојте да ги облакате во шпихозни тие во мк греота се
Не мила, не му се мисли. Само немој да му се тресеш многу, коа се тресеш вака да не биде нака да не биде..баш тоа бидува. Јатрва ми ич не им се тресе на децата,и се си мислам нив ништо не ги фака Другарка ми дома ги чува цело време, првото и е 4 и пол години, другото и е 11 месеца, од кога е родено првото, низ градов многу ретко шета, а со второто па ич. До продавница само ги носеше. Пред 2 недели малиот качи тем, само шо му помина, големата качи, па само шо нејзе и помина пак малиот качи. А со коронава они уште не излегуваат да шетаат, само во двор. Ја прашам од шо бе така, вика..и дала сладолед на големата, и одела боса на тераса ..молам ? Кај мене од коа се родени се без чорапи, првото и среде зимо е босо, ни хулахопка не носи ( само за надвор) . Гледаш ..колку повеќе се чувани во стаклено ѕвоно толку полошо, тоа треба инунитет да стекнува. Можеш ти да го чуваш така, никој брани, и да не оди во градинка за да не биде болно. Ама наместо до 5 годино да стекне имунитет, ќе почнува кога ќе тргне на школо, значи вака или онака, детето ќе мора да се разболе. Мајки сме, и мисла ни е..ама некогаш кога оставаме работите да течат природно, полесно си поминуваме
Јас по мене знам, мајка ми никогаш во живот не ми ставила мајца под блуза и на зима, мене сега одма ми е склет и никогаш не носам, хулахопки.. па -20 да е нема шанса. Золва ми е вечито стресена, наоблечена божем камења паѓаат надвор. Јас фалс Богу никогаш болна, она само настината е. Јас ни за глодалки дали се миени или не, не се замарам. Што е тоа пак под стаклено ѕвоно да се држи.
Кај нас е 29 степени. Бебе спие само по боди на кратки. Спие немирно ( мислам дека му е жешко ). Не го покривам, бидејќи кога ќе го покријам со тетра само ја турка со ножињата. Како ќе се издржува летово навистина незнам?
И јас сакав да те прашам тебе дека врсници се, мене ми е страв да не настине па му облеквам доле пижами и чораби горе боди со долги, а темп кај нас дома се движи од 27-29 степени понекогас на бебе му се црвени лицето и како пуфкички му излегуваат. Можно е да му е топло? Се плашам само по кратки некако или? ☹️
Ај, ај... Се препотив само што прочитав. Соблечи го одма детето на боди да видиш како ќе се наспие. Ај ти облечи се исто како него. Немој те молам, моето исто како @Bebac што напиша е облечено. Не дава ни да го покријам. И јас сум само на маица и гаќи по дома.
Одма соблакај бебе по боди, и евентуално можеш кратки пантолончиња. Чорапи и долги никако, претопло е, ќе се свари бебето на таа температура дома Мојата и ноќе спие само по боди, ништо друго, покриена со тетра пелена.