Мајки ние сме 2 нед и денед бебе не сскс да спие.. Нз дали му е жешко дали јас некаде грешам ств нервозс ме фајка. Ѕиврички тенки долу носи а горе боди на кратки и едно потенко на преклоп бидеќи ќе му студело немал крв... Че се нацица ќе заспие и кога го кренам да ждригне му жежи на мене и тогаш се раскенкува и нема спиење и така во круг цел ден сме.. Од шо е прецицан и поврсти а устс му е отворена и на пола сат само за то кенка..
Ако убаво си е сама денес сум ја оставила на свеки и бев на педикир (мераци за душата) леле кога се вратив кога ме виде писка од радост насмеана цела и рачиња подава мислиш ке ме гижушне.... Срце ми топли љубов мајкина Него да прашам @Cherry333 пошто обично се исто се депава кај нашите беби.... Дали нокта ти спие немирно.... Не беше ваква ама еве недела дена ги крева ножињата и ке ги лупне од душек и се буди некои 3 до 4 пати а беше сведена на само едно цицање.... Не ми е проблем ако е гладна ама нема шанса да е 1 саат после цицање пак гладна па не е новороденче.... До сега беше супер вечерта незз дали дека и смени со какање 1ка само дневно кака а се утепува прдејки... Дали и тоа и е дали и е 5 тиот скок кој ја знае а преку ден да речеш да ја боли нешто не е весело бебе игривп само малку мрзлива (знае да се сврти а не сака, неколку пати се сврте на 4 месеци да ни покаже дека знае и сега ако не и се до неа играчките бара да и ги дадеш, а знае да се сврти ама неке И @Dikinzi нешто за лазење те прочитав.... Кога почнуваат да лазат.... Мојата јас ни со перници за седење не ја ставам (по совет од Антоније дека бебето тррба да е на под и се што треба да прави ке прави сама кога ке треба)
Штом заспива на града не го кревај, остави го да си спие додека помине овој период на кенкање. Не знам колку ви е температурата дома ама ако е топло расоблечен нека биде, по потреба ќе го покриваш.
Ох фала на утехата мајка. Ми фали да го гледам спокоен, сега ептен ретко е така, или спие или е кенкав и плаче се надевам дека само ќе се подобрува ситуацијата Го знам видеово, сепак фала ти. Понекогаш и јас вака му правам, но не гледам некој ефект голем. Можеби пак и неправилно го држам... тоа со подригнувањето ми е стварно проблем. Ги испробав сите техники, но не секогаш успева Пс. Стравувам да не е гладен цело време, пошто на града цица кога го ставам, иако последно пред пола час сум го доела можеби 40 минути долго... наредната недела сме на контрола за напредок, па да видиме дали му стасува моето млеко
Инаку мајки, го слушам бебе од вчера како ептен крчи на носето, посебно додека цица, вака надворешно не се гледаат мрсолчиња, мислам дека подлабоко му е затнато носето. Ноќеска ме фати паника, па и температура му мерев... 3 недели е, што можам да превземам. Значи не се работи за суви мрсолчиња туку баш ко запушено носе
Па секој ден само менува така да сигурно не е за долго ова @lavinija28 Остави го ќе се искака и моево кака на 4 дена некогаш и 6..
Kaj mene e taka malata kupi marisol.i so pumpica za povlekuvanje mrsuli povleci ke iskocat , samo pocekaj otkako ke stais kapki nekolki minutki ,jas sega taka i gi cistev i mene mi krcese so noseto i go iscistiv i ok e sea.
Мајки со платежниве картички кои памперси може да се купат и ад? Јас слипи купувам и аптамил, ама не се мк производство. Па ме интересира кои може
Ме интересира какво му е расположението на бебе во ваков случај каде ете 3 дена не се искакало? Моево еднаш 1 ден скокна и не се смири додека не успеа да се искака, цело време се напрегаше и кенкаше... прашувам бидејќи сега менуваат од ден за ден па се замислив како би му било ако повеќе дена не е какано
Каква треба да е каката на 2 месечно бебе, не прашувам за боја, туку за формата? Кај нас е жолта течна и низ нејзе како ситни парченца незнам како да објаснам, како урда, Како ги облекувате навечер за спиење? Исто и за преку ден ? Јас на кратки ракавчиња и танки хеланчиња и чорапчиња , о ги соблекувам чорапчињата некогаш ама после ножињата и се ладнечки.
Мајки кој има искуство со некој ортопед во Систина? Не ми се допадна таму кај што бевме па планирам во Систина да одиме ама собирам искуства не знам кој да одберам, има повеќе.
Баш таква треба да биде каката, тоа како урда е од високомасленото млеко, значи убаво ги исцицува градите.
Секое дете различно, класично лазење на сите 4 е некаде кај 8 ми месец, кај некои порано, кај некои покасно, а додека пак некои бебиња воопшто не лазат. А она лазење или пузење како војник, или да се фаќа со рачињата и да се влече е кај 6 + месеца. Секое бебе различно се развива, има бебиња, можеш и да ги врзеш цел ден, со перници да ги опколиш па пак ке тераат по нивно, и нема да ги најдеш на место. Има бебиња цело време се на земја па ги мрзи се да прават, и лежат само. Другарка ми во Германија, ни вежби и правеше ни ништо, ниту пак ја поттикнуваше на некои работи, детето почна да и седи на 11 месеца, почна да лази на 12 месеца, да се исправа на 13 и на крај прооде на 15 месеца. Со моето дете се 6 месеца разлика, моето туку речи побрзо прооде од нејзиното. Додека мојата на 11 месеца се качуваше на едно масиче, другово паткаше. Така шо, треба да се следи детето, оно само кажува за што е спремно. После 2 та недела од прилика. Може не цица константно. Па затоа си бара почесто, не е до тебе или до млекото, едноставно дететп е такво, го мрзи да влече, па се уморува брзо и заспива. Додека пак има деца за 10 мин се готови. Стисни заби, ќе потрае Може да биде различна секој пат. Ако кака почесто како водичка, ако кака поретко може да биде погуста, да има белки внатре, да биде мешана - течно со густо како намаз од кикирики. И да има слуз во неа. Се на се, зависи колку долго не е какано, и што си јадела ти