Женски ги будите ли бебушите за цицање навечер? Мојот е спанко голем, ми се чини ако не го будам ќе си седи така гладен. Гледам на 4 саати барем да цица. Вие како ги будите? Јас пример вака правам, капнувам ма прстот млеко и го мачкам под носето, и кај устето. Ако не помага му го земам рачето и му поминувам покрај устата. Не знам зошто така правам, дали во болница сум видела, или така мајчински инстинкт.
Тесни каналчиња, не е настинато, тоа го поминуваат скоро сите бебиња. Чим нема зелени мрдулчиња не е страшно, ставајте капки физиолошки раствор или бебе аква марис.
Така ќе се вртите во круг до кај 2 месеци. После тоа следува мало олеснување до следниот скок. Знам како ти е, мојава чим ќе заспиеше и идеше на повраќање и пак наново се, мислев дека нема крај. Ако не ти повраќа кога ќе заспие, а нема ждригнато, не го кревај.
А сама на колку време се буди за цицање? И како изгледа будењето кај тебе? Ја става раката во уста или не? Некако јас не можам веќе да ги најдам тие сигнали. Некогаш навечер ќе се размрда ќе отвори очи, јас готово одам по перницата за доење, се враќам оно спие
Поткренато да лежи и физиолошки раствор капки почесто во денот и со пумпица да влечеш.Има еден спреј марисимо може за новороденче како туш е.Морска сол да ставиш да врие во вода во собата кај што е бебето.
Кажете чаре за хемороиди. Мачкав со Факту, не ми помогна, како да се намножија Дојам, па дајте нешто кажете што е дозволено.
@*malenavolena*87 ние го поминавме тој период со будење на саат време како да е сега родена. Толку многу преташе на вечер, клоцаше цело време. Баш на педијатар прашав случајно дан не и е доста млеково мое, добив одговор или запчињата или скок. Запчињата не ни се уште пробиени ама скокот 4 помина, сега ќе следува 5ти. 4 ми беше ептен тешко, тогаш се дешаваа тие драми. Како по книга помина 19та недела, беба сега си го има фатено стариот ред. За сега се држиме, само ме плаши што се враќаме Мк во недела, па пак промена како ќе ја прифати. Пред 2 недели дојдовме кај Австрија и супер помина ама што ја знам... таман и тука фати ред.
Мислам дека му е жешко, склет го фаќа, башка грчевите и затоа не ти спие. Не знам колку ви е температура во собата, ама мислам дека боди на кус ракав ви е доволно. Одоздола може и голко да биде, само нс чорапчиња. И се разбира ќе го покриеш со тенко чаршавче.
@0ли ништо не ми помогна,уште се мачам.Ставав супозитории на Веледа,за нијанса е подобро,но сеуште се тука и не поминувам без болка и крв:/ Матичниот ми рече да оставам на времето,од хормоните било.. @prinstongirl2 не мора да значи дека ке има грчеви,мојата немаше воопшто.Кај доените бебиња се поретки,знаат да се виткаат и закенкаат но тоа е нормализирање на цревна флора,голтнат воздух итн..
Немам пробано такс.. Ама тоа од жешко неќе да седде кренат и само му дувам да се излади.. Викаат дека скок имс прв во 3 и 6 недела.. Зспознсета си со тоа?
5 месеца е, сега само ќенка, тоа пикање раце во уста и викање "ааа ааа " помина. И кај мене знае да се деси да закенка , прво одам во вц оти многу ми се оди, па ја дојам, и знае да заспие меѓувреме.
Дај боже да е со лесно досега 2 нед е океј мслку ги згрчува когс цица иначе е добар... Сегс 3 неделс кско што читав имало скок па со божја помош ќе видиме
Не кажувај два пати. Синко е доен и имаше страшни грчеви. Баш тој период беше само на цицка, ни вода ни чај. Јас избегнував се што слушнав дека прави грчеви и џабе. Како што помина 3 месец синко стана друго бебе.
Ако си решена за Систина мислам само Каличанин е за деца. И добра е ама многу се чека кај неа. Антоније е супер, Ортоплус. Мене ми препишаа маст Антролин и ми помогна многу. Ама јадев и многу зелка и грав, тоа помага. Уште имам понекогаш мака ако претерам со сува храна.
И мене ми препишаа Антролин маст. Прво сама се лечев со Фрезидерм, Факту, Хеоатромбин х креми за хемороиди и ништо од нив не помогна. На крај испадна дека е фисура не хемороиди. 3 месеци се мачев и на крај само Антролин помогна + лесна храна (супи,суви сливи,ленено семе со јогурт) за да омекне столицата. Но за оваа маст мора да се консултираш со лекар, не ја земај на своја рака.