Моево прв пат не беше 3 дена. Ние сме 2 месеци, вчера јас пиев 2 чаши чај од ким па не знам дали тоа помогна ама си се искака максимално и денес пак. Инаку наодручњк давам линекс прибиотик капки, навечер и наутро колипрев , се' исто, ама ете овој пат повеќе дена не можеше да кака. Сега пак си варам чај од ким, не знам дали помага ама ете бебчо се покака) (а можи и му дошло време да се искака, стварно не знам).
Зошто да ти е страв од греење со клима? Чиста работа, зимно време во грејна сезона ја уклучувам, ја искучувам крај на грејна сезона, многу сум задоволна. Не давај ништо, мачно е и жално, и моето втор месец најкритичен ни беше и со грчеви и со какање, не знам колку литри компот од сливи испив, све џабе, па се стабилизира само од себе и сега е добро, биди силна ќе помине. Слушај педијатар најдобро знае
Моето има 6 месеци, и не можев да му воведам ред да заспива секој ден во исто време. Многу велат дека е најдобро ред да се воспостави. Растат, се развиваат и се менуваат секој ден, и мислам дека е нрвозможно тоа, ама има мајки што им успеало, Ние секогаш различно спиеме, сабајле станавме во 7:30 заспавме во 9 спиевме до 10:40, па кај 12 заспа пола саат, и од тогаш дури сега во 19 заспа. Обично дремките ни се 40 минути, на 3,4 часа ретко на 2 часа да заспиеме. Не памтам кога последен пат спиела 2,3часа. Браво за вас што си нанате така. Супер сте.
Ние се будиме во 10, во 11 пак е заспан,и се така на 3 часа се до 19часот кога е буден околу 1-1,5 час. Во 22часот пиеме млеко и играме во спална до 12 потоа спие цела ноќ до 7 наутро. Во сон пие 60мл АД и продолжува до 10. Секој ден истата рутина веке 2 недели. Почнав да се грижам бидејки спие по многу време преку ден, или е само спанко
Вриштам, ми иде да утепам некој. Пред некој ден искочивме со мм, малце да се излуфтирам да ме фати воздух. Бебето го оставив на свеки и мајка ми. Тек сеа дознавам дека икало и овие две ненормални му дале лимон. Леле ми иде и двете да ги фрлам од тераса. Тек сеа ми кажаа дека зашло, изгубило здив. Леле ќе ги убијам, дали може да му наштетиле некако? Ептен се грижам, ќе пукнам...
Значи стварно претеруваат постариве...јас вчера се карав со татко ми лом го направив...Си дојде човекот од работа имаме кучиња ги погали го прошета и појде се изми раце така само ао вода и ми оди со прстот да му даел да лизни вода малиов..боже бре шо нема да му текни...ко го собрав прво не беше измиен како што треба па да му пикаш прсти во уста...друго ако треба да пие вода јас ќе му дам превриена и со лајче...ама му било жешко па да лизнел... Овие твоиве се врв..наредно мед му е на листата изгледа... @Flyfly90 Имаш среќа ако толку спие бебето...моево цел ден е будно и дремнува само по некои 15-30 мин и тоа само во раце
Лимонот е алерген, може само алергија да развие на него. Јас на почетокот така од бабините муабети оти икаше и дадов, само еднаш, после одма отворив да прочитам, и видов дека не се дава на мало бебе. За после на 11 медеца да ми појави алергија. Одмарав два месеца, и дадов пак и супер помина. Како снемало здив ? Што му се десило ?
Најверојатно има плачено многу и од тоа му има зајдено...и мојов кога плачи многу зајдува и ме преплашуваше на почеток ама после веќе навикнав не дека не ми е страв ама му дувнувам и се враќа..
Во 4- ти месец, бебчето веќе поубаво ѓи фаќа играчињата пред него, може да догледува до подалеку, во зависност од тоа колку е живо бебе може да почне да се врти на меше, ако му ставаш играчиња пред него додека е на меше да се труди да ги фане, и ќе успее во тоа само трае недела или две, исто така на меше додека е може да ги крева рачињата и ножињата како шкорпија Така и треба оти учат да држат баланс, ако му ги држиш ножињата ќе почне да се бутка,ако е во релаксатор може да се исправа за да дофане играче ако му паднало, нозете да си ги дофаќа, ако лежи на грб може да се извиткува со главата наназад за да види кој е позади него, ако го држиш во раце и гледа на една страна и ако шушкаш со нешто одма ќе се сврти да види што се дешава од другата, исто така додека го држиш во раце и во другата рака ако имаш нешто ќе се тегне да ја дофане. При крај на 4 ти месец, слободно можеш да го држиш со една рака, затоа што веќе се постабилни и држат рамнотежа. Кубат коса, пипаат за лице те испитуваат, ако те нема на видик или акп му заминеш може да почне да плаче. Јасно знаат која им е мама, и во цела гужва само нејзе ќе ја гледаат. Додека цицаат не се мирни, гледаат се ги интересира. Ова ти го кажав според моето, има дечиња што прават повеќе работи на 4 месеца, а има дечиња што прават и помалце.
Помислив и ја на тоа дека плачел , обично така зајдуваат, ама некако не ми е логично да се расплаче од тоа, обично само фаци прават..е сега, колку му дале и колку бил кисел лимонот тоа е друго. Ако е на врв на лажиче арно, ама ако била цела лажица може да се расплакал од тоа.
Па демек се збунил, застанал со дишење, како да се загрцнал. Не знам ни јас, не сакам веќе ни да ги прашувам.
Може неспремен му го дале, па во душничето му влегло. Шом е добар нема простор за паника. А на бабите, не мораш ни пеење да им удриш, една тишина и игнор од неколку дена ќе им биде доволна за да сфатат дека тоа што го направиле не чини, и да не се прават сезнајки.
А може и му здосадиле па се расплакал му има зајдено и му се вратило млекце па се разикал и тие му тупнале лимон...нели бабите се знаат
Не знам што да кажам искрено, ептен си земаат залет некогаш. Ако ја слушав мама, ќе давав и лимон,и мед, кравјо, и се по ред. Ако ја слушав свекрва ми, ќе му ставав зејтин во носето за да му се отнело, и да не сум влечела со пумпица ги болело, немаше да пружам алишта навечер, и да не перам у машина грчеви ќе имало. Земи го у раце..за у раце плаче - најјака реченица дефинитивно !
Мамички, веќе месец и пол сме со дохрана. Беба би требало да имат еден цел оброк и еден по неколку лажички. Малава се радвит на храна, отварат уста, почна да ѕвакат, не е веќе како изгубена хаха ама не јајт многу. После неколку лажички престанвит, па барат пак да цицат. Од 11.06. до сега качила само 100г. На доктор ми велат, мора да има цел оброк. За 10 дена сме 6 месеци. 6,500кг ,67цм.
И моево повремено така прави, уствари моево вика, р'жи И јас му зборам, со ќерка ми јадеме пред него, како кловнови сме Ама моето е на ад. Да пробаш да не и даваш да цица додека јаде оброк. Напрај пауза 5 мин. па пак дај и. Некои деца си јадат, а за некои треба малку повеќе напор
она се радува, пафта со рацете и нозете. Кога ќе го проба цела радости, ќе јаде неколку лажици и после тоа затвара уста, ако сум упорна испушта звуци како слонче со сурлата, тоа и значи револт. Ја земам и одма врти глава накај мене и ме бара за да цица, ќе и дадам и следува повраќање. Малце имаме проблем со повраќањето, уште да се прејадува треба.. ама од што да се прејади? 5 лажички и 3 пати тргање.