Мајки за неколку дена ќе правиме 4 месеци, се мислам дали е рано сега да почнеме со кашички. Само на доење е и добро си напредува, можеби ќе почекам до 5ти месец. И секако не ми е јасно како би го хранела на 4 месеци кога не седи сеуште
Мајка, ние почнавме од 4 точно. Странство препорачуваат така. Ја хранам уште во релаксатор. Сепак тоа е твоја одлука. Знам Мк дека докторите викаат од 5-5 и пол. Доколку ти е за седење, не секои бебиња седат самостално од 6 месеци. Има и столчиња што се прават под 45 степени.
Може треба малку време да се привикне на цел оброк. Ама и штом имате мака со повраќање, треба да се пази. Јас за доење не знам, за ад педијатарот ми рече да пие млеко, после 2-3 саати да јаде. Така правам и после обррок. После 2. 5 - 3ч од оброкот пие млеко. А што викаш, од 5 лажички што ќе се прејадува. Не знам, пак мислам(не знам колку е правилно ова), да не и даваш да цица додека јаде оброк. Или едноставно толку сака. Пишав во друга тема, ќерка ми на 1,5 - 2 години јадеше по 5 залчиња на оброк. И ги броев. Многу мака видов. Сега се смени.
Јас мислам да почекаш до 5 месеци. Таман тогаш ќе си седи во хранилка под агол од 45 степени. Нас ортопедот ни рече така, а кога ќе му даваме да јаде да го ставаме во хранилка под агол од 65 степени.
Ама и - не држи го многу во раце, ќе го научиш така, после тешко за тебе . А бебињата секако кога почнуваат да разбираат им е досадно во една положба, па нормално плачат за во раце за да разгледуваат нсоколу. Кај мене, пред некој ден беше свекрва. Малиов по навика си ги цуцаше прстињата, особено палчето, и таа вели "порано кога ги цуцаа прстињата моиве, ми велеа дека им е досадно, затоа ги цуцаат, дека не им обрнувам внимание, а еве гледам и твоево така прави, значи НЕМАЛО ВРСКА". Хаха откровение! Е арно шо сфати
Моја беба е 4 ипол месеци неможе да се справи да леже на меше. На страна и ма грбче. Ама кога сака да се врти на меше со маки ќе се сврти, едното раче под стомаче ќе и остане и мака мачи. Со глава у душек, едвај лево десно и се мачи. Ако успее да го извади и др раче пак иста песна е. Ја држи главата исправено ама не знае да ја легне на страна. И јас сама ако ја налегнам не сака многу на меше. Пдма се буни.
@Dikinzi леле значи благословена сум сама без свекрви и баби што сум. Оти ќе ме имаше по портали. Ќе се дружиме тука уште малце.
И ние имаме релаксатор се прави под агол и има додаток за хранилка. Кога ќе одиме на контрола ќе го измерат, ќе видам што ќе ми каже педијатарот и после тоа сама ќе си одлучам. А со што се почнува најпрво?
Јаболче, банана, слива, крушка. Морковче, компир, тиква, тиквица. Можеш да си ја симнеш апликацијата на бебе готвач, и да ти биде водич што прво се дава, и од кој месец. Дали ќе почнеш со зеленчук или овошје прво, тука нема правило. Самата мајка си одлучува
Мојов почнува некоја форма на лазење. Се фрла нанапред. Малку и на назад лазеше. За финти, една поголема имам испраксирана, како снаа и свекрва се карамеПа она почнува да го учиЗастанува и му вика "ај сега плачи, или плукни ја цуцлата" Весело ни е по дома, сами по цел ден. Затоа навечер како исцеден лимон сум
@Dikinzi Ако речеше дека цуца од глад, ќе ја понудев да му смени пелена. Бар салам да се присети како било
Па вака, тука Австрија и др. Марина од Ремедика ме советуваа до житарки без глутен да почниме. Си ги мешам со зеленчук или овошје. На странава гледам дека многу почнале со обошје. Круша,јаболко,банана,кајсија,праска,морков,компир,батат,брокула,карфиол,ориз,просо,амарант,киноа,палента.. на доктор ќе ти дадат една листа со кој намирници можеш да почниш ама овие се тие за почеток. Јас ја имам и книгата Бебе готвач.
Лудило , ама нека прооди ќе биде полесно..или пак не За умор..не правиме муабет А не му сменила до сега ? Па накриво да ја намести и да пропушти од сите страни ?