Син од лиги и така и така, ама сега кога почнав вода да му давам, се потепа од засркнување, на секоја голтка. Па прееска од кашата ми се засркна, од тоа уплав имам
@Dikinzi почнавте ли сo оброчиња веќе, како е беба сака ли да ручка??? Генерацијо Јануари Февруари ручкате ли? Ние уште не сме почнале, на 12 правиме пет месеци. Водичка пие ехее земи и го пишето од раченце одма го бара. Арно почна да го прифаќа шишенцето, на лажичката се радуваше
Или свекрва @ddevojce И моето на 16ти прави 5 мес. ама сеуште не сме почнале, само цицање. Оваа недела ќе го водам на мерење па ќе видам што ќе ме советуваат. Јас планирав пд 5ипол да почнам
Мојата на 18ти ќе направи пет месеци, ама ќе се стрпиме уште месец дена сигурно, за да почнеме со пробување на вкусови. Сега за сега сме само на доење, ни вода не давам.
И мојава на 12 ќе полни 5 месеци. Педијатар ме советуваше после 5 да и давам по неколку лажички колку да се навикни на неа и вкусовите па после 6 да воведам оброк. На доење е.
Скоро цел ден е на земја, лази,се игра и црвени и се коленцата, што да ставам, бидејќи сме на боди само, топло е за да носи хеланчиња. Два ноќта по ред спие само на боди на кратки без чорапи, и не прета толку многу и не се буди. Маж ми вика греота е јас и ти со ќебе да се покриваме и облечени а таа скоро гола да спие. Температурата е некаде 23,24 степени. Веројатно не правам грешка што ја оставам така?
Видов во локо кроко онакви како перничиња за коленца, види какви се. Ние не лазиме ама ги видов ми паднаа во очи. За спиење, кај нас околу 26-7 степени бебе спие по ромпер, исто како боди. Се отскрива, џабе покривање. И јас имам грижа на совест дека јас се покривам, ама исто ми се фаќа, не можам цела ноќ да го пазам, заспивам и јас малку
Ако сомневаш во шлајм, земи стави ја раката на градите или на грбот. Или ако можеш додека спие, стави го увото, ако има шлајм се сеќава ептен, ќе ти вибрира на раката. Ако не однеси ја педијатар ништо не губиш. Почнавме, 3 дена по ред неколку лажички. Дебакл ! Плука, се гади, и се повраќа. Кој знае како ќе ја биде
I mojata spie po bodi samo. Ja pokrivam ama dzabe mi e. Go kloca carsavot i da bide otkriena samo i so oblakanje so maka imame. Dur ja oblecam vristi mislis ja kolam ic nejke da se oblaka.ona bi gola cel den hahahaha
@Dikinzi е некако многу природна и го разбира детакиот свет. И јас и се восхитувам како некако со леснотија ни дава насоки
Вовед.. Денеска си чекавме гости на ручел по повод дека се помина во ред со вториот пораѓај.Другарка ми си даде ручек во чест на некој светец, сама си одбра кој, затоа што се заврши како што треба со втората бременост и пораѓај, затоа што имаше преекламсија. Јас не го планирав ручекот, додека не ме фанаа јаките болки и стравот во болница. Па и самиот ден на кој што се роди малата 31.01 св. Анастасиј. Имено..мама ми се јавува и ми вика кпга да стасаме, и велам па кај 14h или 14 и 15h , таман да стасаме на време. Кога, ете ти ги свекрвами свекор ми заедно со внуците( за да си поиграат со голамава), во 13 и 40h. Ја лута пепел, мажот ми исто. Среќа што скоро се ни беше готово од претходно, само уште нешто ситно остана. И кога завршивме со се, и ставено се на маса го гледам саатот точно 14h. Неколку пати женава, ме пукнаа децава, цело време викаа ајде ајде.. јас и велам "ама не сме готови уште " , вика да знам ама сакаа да дојдат порано, ја си поќутев. Еве ја по некое време истата реченица пред мажот ми и мене, он си ќути ја си ќутам. Ете, како се решава во еден потег За нареден пат да си знае. Од кај сум цел ден под притисок, уште тоа ми фалеше, јас сум човек што сака се на време, не сакам ни да ми дојдеш порано, ни па да те чекам пола саат 40 мин. Ако сме се договориле тогаш биди точен, или најкасно по 10 мин. А после кога почнаа да пискаат, воа сакам ноа сакам, тие двајца па само плачат рикаат, се тепаат за играчки, не му даваат на моево, а моево само си ќути аи трае. И после некое време, леле луѓе почна да им ги дрпа од рака, да плаче и она за ситница оти ги гледа што прават. И ми пукна филмот, станав им земав една играчка, велам штом се карате ја зимам оваа играчка, после некое време пак.. е тука ми прекипа, станав ја зимам и таа, ама се со фино..и им викам, ајде сега ти ти и ти во ќош ! Ти таму, ти ваму, ти наму..леле кига почна внукава, липа липа како да нема воздух веќе, и ме гледа и викам не ме гледај право во ќошот., е тука почна веселото..и моево почна да вришти, солзи рони крокодилски. Само си станав и си седнав, овие рикаа па може цела минута на цел глас, а јас веќе стварно сум при крај со нервите, не можам да додржам толку пискање од толку децибели. И свекор ми ми вика, не ја зимаш? оти не ја земеш? Па викам карана е... како да ја земам, кога ќе се смири ќе се гушкаме. Ако ја цело време така правам, ќе си научи дека и попуштам има јајце на глава да ми несе. А што сум ја ? Магаре? Седло за јавање. Кога треба да се биде строг ќе се биде строг, ако на дете не му поставиш правила има да те исцица како патлиџан. Морав да се истушам, и онака притосокот и теретот дома што го имам не е мал. Пријатна вечера на сите
Иста е и мојава,кога е гола радости што да ти кажам. Ама додека се облекуваме како крокодил да облекувам
Добро бе само јас на таа апликација не гледам ништо сем рецепти не дека се лоши добри се ама не гледам нигде со што да се почне
Ама малечок е твојот, мосјава како што се врти низ кревет така или се одскрива или како палачинка ќе се замота