Не знам во која тема да се обратам за проблемов. Притисок ми остана по пораѓајот, две недели пијам метилдопа по пораѓај ама притисокот е 140-100 горе долу цело време до метилдопа (3 во денот) Време е најверојатно да си појдам на интерниста.
За летово кои се препораки за мали бебенца на сонце? Сакам да се шетаме малце сабајле и навечер ама не знам дали смее да го грее сонце, бидејќи сега е многу јако. Како се шетате вие? Кое време?
Ако сте ранобудни, можеш од сабајле до кај 11 најкасно, а на поручек после 18h. Има во џамбо чадорчиња за сонце, за да не ставаш тетра затоа што не чини, уште повеќе ќе се загрее воздухот во количката. Ако мислиш за на одмор, Охрид е идеален, можеш цел ден под сенка да седиш со него. Ако е Дојран после 11 дома Ние бевме минатата година во Шпанија, и таму е нормално шетање на детето и на попладневни часеви. Не беше жешко ич, и на плажа беа по цел ден, само бебето под сенка да си биде.
Кај мене има поголемава 2 год.и 2 месеци е. Две,некогаш се поизразени,како тоочиња на исто место како што опиша. Језиви и се на допир,биле нормални кај бебиња и мали деца. Ана поубаво ќе ти објасни.
Здравоо, бебе е 4 ипол месеци и почнавме со пробување на вкусови (кашичка од јаболко) по препорака на педијатар па сега почна да кака зелена.Дали е нормално или нешто не и одговара? Матичниот не се крева на телефон а ми е страв да не е нешто лошо.. Фала многу
Ок, ќе почекам да ми пиши, јас само да напоменам дека и повеќе сака да се врти на таа страна каде е тоа топчето. Се врти и на другата, ама како и да го наместам се' позгодно му е на таа страна.
Мајки скренав денес. Бебе цел ден на раце, те кај мене, те кај мм. Го искапивме, цицаше најмалку 5 пати, два пати АД од 80мл. И никако да заспие. Ако е во раце се е ок. А, го спуштиме во креветче, релаксатор плачки. Заспа во 19 ч во раце од татко му. Што да се прави вака? Дали има некоја игра, вежба за бебе да се измори? Бебе денес 35 дена.
Јас сум така со денови скрос сама сум, денес дојде мајка ми малку да се одморам. Плачка е многу мојата врз мене спие неможам да мрднам.
Кога бебето се седнува во количка под агол од 45 степени? Тие што имате maxi cosi lila 45 степени е второто ниво на спуштање?
И Мене ми е исто прво педијатарката со совет не почнувај сега со јадење суоер напредува не ја малтретирај тек кога ке решиш да ја одбиеп од доење негде кај 8 9 месеци тогаш :/ шта речи а не плакати.... Денес почнав со вкусови прво е морков и да така 3 дена по 3 лажички на секои 3 дена нова намирница.... Читам на нет и на бебе готвач по нешто да е до мојава педијатарка на работа со бебе на цицка ке одам
Фала ке го побарам.....Ние земавме со кчунче ама за 6+ на chicco сега за сега се полива по врат со него
43 дена крварење по пораѓај, од кои првите 10тина дена обилно. Точно 2 недели без крв па ми дојде менст и траеше 11 дена. А пред тоа 6 дена беше секогаш. До 2 ри месец (по пораѓај) имав болка "долу"
40 дена денеска сме. Многу ми се напрега при какање ... а пошо сме на доење, секој ден по 3 4 пати кака, и премнг се напнува, се црвенее како пиперче.. чаре?
Здраво ,пишав и во адаптирано млеко групата ама тука како најактивна па сакам ваше искуство. Здраво женски,ние сме 4недели и пиеме 120мл на 3 часа,ама приметувам дека му се малку затоа што уште шмука кога ќе испие,с не е можно толку мало бебе да пие повеќе.Инску сме на аптамил комфорт,па дали можеби млекото не го држи сито,дали аптамил 1 е појако?