Добро утро Јас се извинувам што не одговорив на прашањето за бебе готвач, баш сеа се мислев за малата и ми текна Знам на почетокот е малце збунувачки, и јас не знаев за првото па вака ми објаснија : Доколку почнуваш од 4 месеца, прво оди со пробување на вкусови,доколку завршите со пробување пред 6, почнувате со мешање меѓу нив додека направи малото 6, после се водите од апликацијата. Истото важи и со почнување од 5 месеца. Убав ден.
Убав ден мамички Редовно ја читам темава, дојде време и да се "активирам" со прашање Дали може бебе од 12 дена веќе да има грчеви? Само на доење сме Со топла тетра на меше се смирува, но дали може да давам капки од сега и од кои сте задоволни?
Мајки, беби е 6м почнавме со пробување овошје, зеленчук, дали имате дадено комбинација јаболко морков? И дали давате нешто друго како просо, палента и сл?
Не знам кај да пишам, ајде овде. Сакам да му купам на бебето подлога за играње на под со играчки. Во енцименци се 3000денари, а во Лотус М и Пи Ки се под 1000денари. Кинески се сите, не ми е јасна огромната разлика во цена. Од каде имате земено? Како сте задоволни?
Здраво, јас на моето му ја порачав од nama.mk беше околу 1000ден заедно со достава. Не е како тие од 3000 ама добра е, беби многу се радува кога си игра тука☺️
Да можеш капки и за грчеви и со комбинација на пробиотик. Прави масажа на мешето, дигај му ги нозете нагоре и многу гушкање. Ако е на доење давај да цица кога сака.
Може да се јават грчеви. Ние бидејќи подолго бевме во болница, таму сестрата ми рече капки да му купам и да давам. Ми рече Еспомисан(не знам дали беше вака точното име). Но, јас со ќерка ми имав добро искуство со Колиеф и од нив земав и за малото. Пробиотик никој не ми кажа да земам. За ад се ставаат во млекото, а ако добро прочитав за доење треба во лажичка со млекце ќе му дадеш па ќе го доиш. На 6ч по 4 капки. Ама најдобро, може да си прашаш педијатар, а во аптека ќе ти објаснат употреба и дозирање. И добредојде
Ви благодарам @BabyT* @flower30 и добро ве најдов Масажи и вежби правиме редовно, ја дојам на барање кога сака и колку сака, ама два дена забележав дека плаче повеќе од вообичаено и тоа навечер приближно исто време и ги витка ножињата. Ќе ги побарам капките и ќе купиме и термофорче за стомачето.
Ние вака се справуваме засега со грчевите: кога го боли стомачето и му се стврднува ептен од насобрани гасови почнува да се нервира и плаче. Нудам града обавезно, често така се потсмирува. После доење давам капки Lefax кои се ептен ефикасни (не знам дали ги има Мк). Потоа за да го смирам, бидејќи се грчи, му пуштам white noise на yt, малку се опушта, и почнувам со масажа на стомачето. Значи важно е да биде ефикасна масажата, да му се помогне да ги исфрли гасовите- нежно, со горната 1/3 од прстите, со благ притисок, без хектика, околу папочето, во правец на стрелките на часовникот (така се движи дебелото црево). Потоа ножињата како точак возење. И најбитно, заклучив дека коликите се покомплексни од обични стомачни болки. Му треба многу гушкање, топлина и носење на бебето! А колку повеќе плаче, толку повеќе воздух голта и лесно се влегува во тој магичен круг, што е доста тежок и за бебе и за мама
После 7 до 10 се јавуваат грчеви ,можеш да ставаш топла пелена на меше или термофорче ако имаш ,јас сум давала биогаја пробиотик и гас бимби капки на природна база се и најмногу од сите други ми помагаа .
Мајки имам проблем кога ќе се уклучам на форумов. Се ми кочи и неможам да пишувам. Дали има некој сличен проблем?
Пеперутче, ако нешто научив од првото..тоа е да не се фрлаат пари безпотребно Разгледај убаво, не се брзај, зошто утре кога ќе почне да лази ќе го зафрлиш во некое ќоше Истото важи и за играчки, најубаво се игра со влажни марамчиња, шишиња мали, кутичиња од кисело млеко, кутии големи, и ред други работи кој што може се прави тури претури Ја веќе не купувам скапи играчки, џабе само стојат кога не се играат. Ќеифот е голем знам, ама на детето не му битно дали ќе лежи на меко ќебурче или на некоја скапа подлога се додека си ти до него. Истото важи инза играчките , парите мора рационално да се користат.