Мајки сабајле бебе ми се искака и каките му беа малце зелени. Од храна не е дека не сум јадела нешто што би можело да е од храната од мене. Што значи тоа да не е настинато дали е нешто што треба да се грижам ????
Женски, користите ли кенгур, предложетр некој...преку лето колку е практично да се става бебе внатре, да не се потиме премногу?
Ние денеска купивме и стварно материјалот е доста дебел, не знам што си мислев А и некако како да седи во него, а бебе е 2 месеци. Утре сме на ортопед, па ќе прашам. А истото и мене ме интересира, дали другите користите или само навечер кога е посвежо?
Ние користевме до кај 5 месеци ној стоп, беба обожаваше. Сега е потешка и го носам во количката долу случајно дан закенка ептен па да можам да ја носан во него. Која радост беше.. обожаваше посебно во маркет да скенира се што е пред неа. @Enci200 иначе се става од 3 полни месеци напред свртено, доколку главчето го држи цврсто, за жешко.. жешко е.
Еве ја, нешто почна да покушават. Се вртит, креват како кифла. Си дојдовме ние дома кај тати, летот вчера беше хаос.. бреј плачење ама ајде помина. Оситлива ми е денес, само кај мене во раце да се гали сака.
Кога почнавте со дохрана односно пробување на овошје и зеленчук? Докторката ми рече од 5 месеци? Не е уште мал?
Има кенгури кои се користат од самото раѓање (но тие истите или се користат краток период или се користат заедно со плус еден додаток). Советниците препорачуваат од раѓање да се носат во марами а подоцна околу 3тиот месец кенгури. Без разлика на што и да се одлучите треба да ги почитувате правилата за носење а ги има повеќе. Седлото треба да биде доста широко за да опфати од колено до колено на бебето. Нозете треба да бидат поставени во М положба. Како и да е доколку се одлучите за носење распрашајте се убаво, има доста форуми и групи на фб за тоа бидејќи од неправилно носење доаѓа до појава на тонуси, искривување и сл. И да, бебе кое самостојно не седи не треба да се носи завртено напред да гледа.
Ох,ние пак 4 ден не сме какани. Со доење знам се толерира ама мачно му е, плачи...Една пријателка ми рече да му давам по некое лажиче вода или чајче малку. Немам досега дадено, сега чекам да се слушнам со педијатаров...Последниве 2 недели е вака, на 3 дена со мака и после одеднаш голема количина...
Незнам колкаво е бебето но давај водичка или ако веќе јадете кашичка од слива бидејки запек како што имам читано највеќе се добива поради недоволен внес на течности , јас коа се обидував да му внесам цврста храна ми се случи тоа ама со капки се регулираше
Да се надополнам, не можам да редактирам:педијатаров ми рече денес ако не појди да намачкам на топломерот на врвот павловичева и да ставам малку во газето. А ако и утре не појди, да земам некои глицерински чепчиња за бебе. И да сум дала бекутан чајче 100 мл ама преку цел ден по 30 мл.