@RAK91 , за бројот на лажички кој ти кажа така? Леле не знам кај да се обратам за оваа работа, цела проблематика ми е хахах. И после тие три дена, одма нова намирница така?
Ти пишав и во адаптиρано млеκо. Води се споρед фоρмулата не пρечеκоρувај гρаница, бебето нема да биде гладно ќе се научи и со 30 мл и после ќе се стабилизиρаќ Κога го донесов од болница моето бебе пиеше по 90 мл на тρи саати па и повеќе ама му сκρатив по 30 мл, писκаше плачеше тρи дена ама му помина и после и толκу му беше доволно. За млеκата Аптамил пρонутρа не му одговаρеше и сега сме на Хип κомбиотиκ. Сите млеκа се силни нема слаби млеκа. аПоздρав
Докторката во ремедика имам бебе готвач што ми го даде па ќе ти го пратам. Да, поСле третиот ден со нова намирница.
Здраво женски. Едно не згодно прашање...дали до 40 дена имавте односи? Едвај се воздржуваме ние, и во бременост немавме ради здравствени причини. Почнавме како брат и сестра да се осеќаме знам за тоа дека до 40 дена треба да сме 'чисти' ама не знам колку е тоа веродостојно и точно.
Женски, дали после породување ви се има случено неколку денови по ред да нема крв во исцедокот туку само проѕирна густа течност?
Незнам дали е можно да е скок во развој ние сме 5недели и 4дена вчера и денеска а посебно денес сме плачливи од сабајле од 4саат како е станат сеуште не е е заспан само помеѓу 13 и 15 часот преспа и тоа се буде на 15мин. Од поискусните маички ве молам за одговор дали е можно да е скок во развој и кога се случи вашиот скок и како поминавте???
И нашиот педијатар не советува прво да се почне со зеленчук, повеќето почнуваат со овошје, бебињата полесно го прифаќаат бидејќи и мајчиното млеко има сладок вкус, а после овошјето кога се дава зеленчук многу малечки не го прифаќаат, така да кога ќе дојде време и ние ќе почнеме прво со зеленчук, тогаш планирам и водичка да му дадам.
Клга ги давате капките био гаја и еспумисан? Пред подој или после? И дали да ги давам заедно или дс направам растојание? Еспумисан давам на сабајле 10 капки и навечер.. А био гаја исто навечер само нз дали заедно или да направам растојсние
Мајки Незнам дали е некој скок, но малава еве ја три четри дена пак одбива да цица, никако да фати, прво ја носам по соба со градата надвор ја нишам и така и нудам и некако ќе фати и после тоа ќе си цица. Исто така прави и пред спиење, и се спие очите црвени а плаче и кенка. За два дена правиме 3 месеци Дали може некој да ми каже што може да очекувам ако има скок?
Има една апликација на GooglePlay, "Детски развој" на македонски е, многу е добра да знаете. Има таму за достигнувања на бебето за секој месец поединечно што треба да прави. И за месецот е опишано што би требало да се случува, има таму и бели звуци. Многу ми се допадна, денес случајно ја открив, а може оддамна ја има
Еспумисан треба 25 капки на подој можеш еднаш дневно ама ако даваш 10 исто ко да не даваш (мене така ме советуваа сите) а биогаја јас пред подој давав сабајчечки 5 капки
Вие што доите на колку време е нормално да бара бебето да цица? 3 недели сме иначе. Сакам да знам дали е хранливо дали го заситува
Кога беше 3 недели седев со цицките избацени зашто немаше поента да се облакам. Буквално ми спиеше на града.
За толку мало бебд не се гледа на саат, давај му кога ќе видиш дека си го става рачето во уста. Може ќе цица може и ќе заспие. Млекото е хранливо, туку кога се мали малку исцицуваат, често какаат, треба често да се става на града
Тогаш уживај, супер е, нема потреба од дохрана толку рано, мој совет, секако ти си му мајка и ти си одлучуваш за твоето бебе што е најдобро Поздравче
Ќе го пратиш на бебе колку сака и готово. Нова намирница се почнува само со 4-5 лажички и онака од старт нема да ти јаде цела каша.
Мајки со што ги раните бебушите па имаат по 8-9 кг? Хаха значит кога ќе видам 7кг ќе здивнам. Манекенка имам дома.