Цел ден ми повраќа.. цица малку и ќе го поврати тоа. Ама какаше прееска маслинесто и толку, а др пати 4 5 пати у денот. Дали може да ми повраќа од што се напнува да кака а не може?
Те молам и на мене Јас денес го мерев син ми, добро напредуваше до сега, овој месец малку качил 450гр. Баш ми беше чудно но рекоа дека се е во ред и може да почекам со дохрана барем до 6м.па така и ќе направам
Ние сме на ексклузивно дури вчера почнавме со пробување вкусови, и 8 кг имаше на 26ти мај сега сме на 25ти јули на вакцина па ке ја мерат пак ама мислам дека ке има 9ка душа мајкина и двајцата сме големи нормално е и она да е големка ама затоа па е помалку заинтересирана за акробации
И кај мене исто, мојот само во висина оди. Слабичко е многу, ама педијатарот не гледа ништо страшно. Се роди 55 цм, 3.300, после 3 месеци 64 цм 5.600. Може 4 месец ќе го завршиме со 6.100. Па дуплирање на родилна во 5 месец. Не страшно нели?
Еве и мојов манекен е сега, 7200 има на 6 месеци , 400 грама ми качил за 2 месеци.. Се мислам дали дека е ваков живчан не се гои . Ама како што заспива со нишкање поарно да е полесен
Мајки дали кога се дои бебе смее да се користи спреј за нос, лепенка или крем за болка и дезодоранс? Стално заборавам да прашам кога сме на педијатар, а мојот матичен лекар не се јавува на телефон.
Мојава е 7кг а 11 недели прави во четврток 3900гр се роди Само на ад сме сега (првите 5 недели само на цицање) Уште на почетокот многу брзо напредуваше.
пробај да ја смириш и нема сакала не сакала..мора на града...освен ако е најадена.јас давав ад кога сметав дека е гладно до 3 месец..после не..Имаш добра количина на мајчино млеко но како што се секавам за тие месеци од 70 до 90мл е потребно млеко.Ке видиш дали му е доволноод тоа колку ке испие ад.Кај моиве комбинирав града, измолзено и ад и не се одвикнаа од града односно не се научија на цуцла само. на три недели на два два и пол а може и три ..така ги хранев моите кога беа мали со разлика тоа што керка ми беше мрзлива и нон стоп спиеше и мораше да ја будам за да цица а син ми како навиен се будеше и плачеше за јадење.СО оглед на тоа дека педијатар почесто се посетува на почеток за мерење.тоа ке ти каже дали напредува
Исто.. нон стоп е во покрет, ма какви 2 секунди да мироват. Ние другата недела 6 правиме, едвај 6,500 хахах, а 68цм. Алишта за да и се во должина точнои, кај меше и се широки. Конечно изеде една мала тегличка каша денес, па следеше пола саат повраќање.
Напредуваше и малава кг на месец, знам дека првите 3 месеци највеќе ќачуваат и растат во должина. Ние само на цицање и со вкусови од 4 месец почнавме. На Ад како што викааат се побуцкасти мада нема некое правило, читам тука на цицање и пак се по 9 кг.
Калва боја се мрсулчињата на вашите деца? Ние вадиме зелени, ми е страв некоја бактерија да не има. Во сабота правиме месец.
Затнато е ептен? Ние до сега два пати сме ваделе ама претежно суви излегуваат, зелени исто. Малце сега овој пат имаше течно, исто зеленко. Ако не е затнато и не се мачи, немаш причина за грижа мислам. Мрсулите се зелени во принцип . Ептен ако има многу количински како шлајм па да му ја мислиш. Прашај лекар да не ти е на мисла, контактирај преку маил или вибер ако имаш можност
Ќе одиме утре на преглед и ќе прашам. Инаку не е затнато, шуштеше со носот и земав да му вадам со Nose frida и такви зелени искочија од двете.
Не е препорачливо суви мрсулчиња да се вадат со аспиратор, можеш капилар да му повредиш. На мое бебе после спиење како затнато му е носето, затоа чистевме сега, ама веќе му ставам само физиолошки по 2 капки и толку, не тегнам со тоа аспираторот. Правевме и кс, супер е и вакцина примивме, не прегледаа
Не, суви не пипам, ова кога завлеков одма се појави лигаво и затоа продолжив да влечам. Истото се деси и во двете ноздри. А раствор капките директно во нос ги ставаш? Не може да за загрцне така? Нас докторот ни рече со стапче за уши намокрено со раствор да брцаме, ама мало му е носето, шубе ми е памукче да не вдиши.
Јас ако видам дека има мрсолчиња и ги вадам со стапче за уши, досега не сум вадела со носе фрида. Исто и кај мојата во првите денови од раѓање и беа зелени, после жолто зелени и на крај бели станаа. Не сум третирала со ништо. Раствор ампули не и ставам оти гледам дека нема потреба. Ниту и е затнато носе ниту тече.. Еднаш кога и ставив се закашла ептен и толку не ставав после.
Majki sto znaci kako mrsul vo kakite da ima ? Se komentirase za toa no me mrzi da vrakam nanazad da baram
Мајки на поголемки бебиња,до кога ги возевте легнати во корпата од количката,како што е предвидено до 6 месеци ли? Мојава некако ја исполни во должина,а тек 3 месеци е,нема шанси да ја собира уште 3,па и да лежи мирна.Да не зборам колку е гломазна корпата,едвај чекам да ставам нормално седиште.