Женски, доите ли со перница за доење и колку долго ја користите? Ние сме 3 ипол мес и многу ми е згодно, ама нз дали може треба полека да ја исфрлам. Може му е здосадено си мислам А и долгичок ми е, му излегуваат нозете.
Мајки шеткате ли со бебиња на 3 месечна возраст? Од кога е родено дали 3-4 пати сме излегле од дома, маж ми е толку многу испаничен да не му се случело нешто, да не настине, ајде заради коронава прифаќам што нејќе луѓе, дури и родителите наши не сака да ни доаѓаат. Дали е во ред што се лутам и забегувам веќе што сум 24/7 дома во стан со бебе веќе 3 месеци????
Шетајте го на отворено, не се мешајте со луѓе и немајте мака,. Мора да створи имунитет тоа дете неможе да живее под стаклено ѕвоно.
И моево бебе таа недела пред да наполни 2 месеци и раце и грб ми искина..дневните дремки беа 2-3 пати по 15 мин и тоа во раце ако го оставиш станал одма и ајде одново се...жешково дополнително влошува ситуација.. јас го легнував и почнував да изигравм кловн па со тропалки да тропам 5 мин барем раце да одморам..
Во ред е да се лутиш и јас се лутам дека сум затворена дома а мм ќе си излези на кафе ќе си прошета ама јас не да не почнел да плачи па тогаш што демек..
Јас на твое место чудо ќе биде ако не забегам Моево уште малце 4м го шетам секој ден на сабајле и после пладне. Па и да врисне ќе застанам ќе го нацицам, некогаш и тоа ако не го смирува го земам в раце или в кенгур ( тогаш ми е најмирен) а количката празна ја туркам ама дома да седам нема шанси, јас сум со маска и на дистанца од луѓе, а со коронава како што гледам нема никогаш да заврши, се мислам дека ќе си живееме со вирусов
И ние сме исти, денес 40 дена, ама синко не мрдна сите дома. Што од топлото што од грчеви, ама око не склопи. Си дремуцка во раце штом го оставам на јревет вриштење до небеса. Не знам тој скок го пројдовме ли веќе, се нешто ново секој ден
Ќе ви се убацам во муабет, и јас давам колиеф капки веќе една недела , помалку грчеви има, ама каките сменија миризба. Може да е така од нив
Во ред е. На тоа бебе му треба воздух, сонце, витамин Д, иако е жешко, сабајле од 8-9 и на вечер од 7-8 обавезно треба да шетате. 3 месечно бебе веќе почнува да распознава, да се интересира за свет околу него. Не мора да шетате по кафичи али парк обавезно. Секое дете настинало или ќе настине, тоа е неизбежно, само доколку го држиш "под стаклено ѕвони" тоа ќе е понеодпорно.
Мојов седи со нас дома ич не излегува, нејќе луѓе, нејќе дружби, со нас дома му било најубаво и така сите тројца среќно си се потиме и нервираме по дома.
На раб сум срцка..... На раб! Не сум тип што сака да седи дома туку сакам да ме фати воздух и сметам дека и за бебето е добро да смени воздух и локација. Да види дека има свет и надвор. Среќа што имам тераса...си се тешам
Женски дали сите чекате 6мес. да го ставите третиот дел од количката или како што пишаа некои членки по препорака од доктор. Бидејќи син ми стално се дига од корпата и сака да разгледува па мислев да му ја сменам(за 5дена прави 5мес)?
Да, јас пишав дека по препорака на ортопед на 2 месеци го ставивме третиот дел. А нели од 4 месеци се става под агол од 45 степени?
Јас на 5 и пол го ставив од причина што не ми беше тука инако би ко користела и поран, малава секако во корпата не сакаше да лежи. И тука баш пишував дека се дига нон стоп уште на 4 месеци за да седне, икоментираа некој дека не смее иако знам доктор ми кажа исто. Третиот дел и онака ти е на 3 нивоа, слободно можеш на 45 степени да го ставаш, уствари од 5 и пол месеци мене ми рекоа на 90 степени да ја редам, 4 и пол 45 степени.