1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    уф ова со цицањево нема правило и мерило хахаххах
    кај мене керками првите 2 месеци душата ми ја извади
    од можни 24 часа она 20-22 часа беше на градата ке се успие цицајки и ке си ја држи ако ја тргнеш веднаш плаче едноставно ако не е на градата она плачеше нон стоп ај викам гладна е ке ја доранувам ама небре брате на прва кнтрола оан 1100 грама ставила и како да ја дохрануваш ај? неможеву вц да отидам неможев ручек да направам неможев да исперам испеглам а немав поможама буквално од никој читај никојјјјј ако ставев грав да се вари онабеше на кревет оставена и вриштеше или да пуштам перална за 2 минути она вришти и така и 2 месец го протуркавме и после почнав со дохранување 15-20 минути да цица после тоа ја тргам и +30-50мл нан1 и давав
    леле првиот пат кога ја дохранив 3часа спиеше луге а до тогаш немаше сон за мене она на града си спиеше по малку а нели така си викам тогаш со дохрана до кај 4-5 месеци бевме така комбинирано града +ад млеко и после преминавме на ад млеко
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Пробај пред да заспие, или кога е така по мирничка, земи ја во раце и така мери се, кога мрда баш и не е можно. На нас ни успеваше. Инаку не е мерило секогаш тежината, внука ми се збуцка еден период па после почна да стагнира ама во раст се извиши ептен, сега е колку другарчињата од 3-4 години, а има само 2,4.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Еден добронамерен совет, почекај до првиот месец па одете пак на контрола и тогаш ке видиш колку има качено на килажа зошто бебињата знаат за кратко време да се поправат(син ми за 1 недела качи 620 грама). Можеби вагата не била точна или сестрата не ја измерила убаво. Најважна работа дали споредувавте со родилната тежина или со испишаната од болница(и тука може да се направи утка)? Почни да пиеш повеќе течности за да ти дојде повеќе млеко и не се нервирај се ке се среди.
     
    На Kacunka86, Annath и AIT им се допаѓа ова.
  4. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Денес бевме на педијатар ,имаме 6кг овој месец само 700 гр има качено но др вика дека добро си напредува ,јас мака мачам со доењето,не се откажувам се до последна капка ке дојам.
    Сум пишала и во други постови малиот се роди 4500 и уште од прв ден моето млеко му беше малку ајде со чаеви да надојде па јади се и сешто нема везе тоа си е ке го исцица и пак гладно пишти вришти , педијатарот на првата контрола која беше уште пред да наполни месец дена ми вика нема шанси Ад млеко немој да му даваш и јас го послушав но кога на контрола прва само 300 гр се поправил, и си купив јас на враќање Нан и по малку му давав после цицање првин 30мл кои за секунда ги снемуваше и пак плачки .
    Сега имаме 2.5 месеци и се раководам од неговата побарувачка кога имам доволно млеко веднаш си заспива ,а кога е гладно тоа нема шанси да се случи ,сега му ја зголемив дозата и 120мл му се малку ама не му давам повеќе и тоа најчесто му давам навечер пред спиење и наутро накај 9 часот а остатокот цел ден е на града дремни цицни ама несакам да го заситувам со вештачко само а нити пак ни да го огладнувам ептен.
    Значи нема правила секоја мајка ако незнае самото бебе ке и покаже како треба и колку треба,јас може не постапувам правилно но го следам и гледам како реагира моето бебе и според тоа и така се однесувам.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Вчера бев малку нервозна и не се доискажав и не објаснив убаво што е работава ..
    Значи вака.. Јас на контрола највеќе отидов заради папочето пошто и крвареше па ни дадоа упат да прими пак инекцијаа..
    Инаку за доењево испадна дека немам млеко значи , не е како што ми беше првите денови ми надојде и само ми течеше тогаш се беше океј со бебуш и она си влечеше ама послем некое време осетив дека градите ми омекнаа веќе не ми течеше млеко само, кога ќе пробам со рака едвај 1капка истекува и тоа со сета сила стискам, истото го направи и педијатарот вчера стискаше стискаше и џабе немаше, и рече ние колку стискаме нема а не пак малово како што нема сила сеуште.. и ми рече дека дефинитивно немам млеко и да си почнам со АД..
    Инаку мене спиењето и не ми е баш некој показаел, пошто она си спие и кога е гладна некогаш се заборава и не се буди, најголем показател ми е каката порано беше жолта, а сега е зелена, и педијатарот рече нема смисла да седи гладно детево се гледа дека немаш млеко и плус каката му е зелена значи не јаде... И така од денес сме на АД и утре ќе одиме пак на контрола да видиме што како...
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Oххх и јас незнам колку би можело ова со спиењето да ми е показател дека е најадена, зошто ете денес имавме работа излезени 5ч , во кола спие како во транс да е падната, не се помрдна, успеав едвај 3х 10мин да и дадам да цица за сето тоа време и моментот во кој ќе тргне колата она за секунда заспива.
    Денес пак приметив дека од едната града што ми е разранета течеше крвче, па два пати се измолзував, не и ја давав, ќе видам да се смири малку, до вечер сакам да и дадам да цица од неа.
    Инаку да се пофалиме си купивме количка и даска за преповивање :inlove:
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла да и даваш АД млеко,но и ставај ја овие неколку дена на града. Пробај напиј се пиво да видиш дали ќе ти надојде млеко.Никогаш не знаеш,чуда се случуваат ;)
    Околу стискањето и јас кога пробував да се измолзам ми капнуваше по капка млеко и мене никогаш не ми истекувало,нити пак кога цицало бебето од една, да ми тече од друга.Се случувало да имам чувство како да ќе ми прснат градите ,а кога ќе стиснам да капне само капка.Циција сум ,што да правам :rofl:
    Сепак за тоа како и што ќе правите понатаму ќе си одлучите вие родителите со педијатарот.
     
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу иако ти тече крв од пупката, давај и и од неа, само после подој мачкај се со крема за брадавиците и остави да се подисуши па пребриши ја само при следниот подој. И мене така ми се направи, ама и од тука др и од Мк ме советуваа и од таа да давам дека нема ништо. Инаку може нема да и е доволно млекото од само едната града, а џабе да дохрануваш ако имаш млеко. И не секирај се ќе си заздрави. И мене ми беше така, па ете дупчето разрането си стои, ама си зарасна и не тече крв, иако е малку непријатно. И доев, болело не болело доев, со рана, мачкање по подој и за два дена си фативме ред.
    Инаку со здравје и убаво да си ги користите.Мене кичма ми плачеше првите три дена дека наведната го преслекував на спална,а никако да ми текне да го отворам монажното креветче(инаку во дрвено си спиеме) дека на него има даска за пресоблекување. На вечер кога ќе стане да цицне многу ми е жал да го пресоблечам и да го расонам, па после легнувањето околу полноќ ќе стане кон 3 часот ќе цицне и пак на спиење, тоа ако имаме среќа инаку знаеме да си се гледаме и пееме по 2 часа. Вие ги пресоблекувате бебушите на вечер дури иако се само измочкани?
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Јас ја пресоблекувам навечер само ако е искакана. Прво ја дојам , па после надоена за да не ми плаче ја пресоблекувам. Ако и се спие, си заспива без проблем.
    Ништо на наредното доење ја ставам на тааграда, уффф како ми е само страв, уште сега мислам дека ме боли, ама ништо ќе стискам заби :doh:
     
  10. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Леле жени темава ви е ТОП. Колку само работи може да се научат. Ај ве молам почекајте ме едно 3 месеци па да ви се приклучам. Леле кога читам едно бебе 1недела старо, друго 2 ипол...си замислувам колку ли се малечки... Ама иако сте тазе мамички некако како све да си знаете... Ајде кажете ни на нас идните мајки дали навистина проработува инстинктот мајчински па си знаеш што и како, или мора да се учи...???

    Поздрав и до бебчињата и уште еднаш да ја пофалам темава, едвај чекам да се приклучам и јас.
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Исто и јас ако беше навечер исакана ја пресоблекуав , сега не ..
    само ке ја разбудувам без потребно . а плус не пие многу течности навечер и не ја полни многу пелената
    Уште да ја одвикнам и од вечерно млеко , ке бидеме супер :$
     
  12. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Јас сакам да почнам да ја спремам торбицата за во болница и сега имам една дилема во однос на перењето.
    Сакав да ги перам нормално но со дупло плавење ама омекнувач да ставам или не :?:
     
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    немора омкнувач :)
    алиштецата и така кси бидат мекички ... Јас досега нејзините работи ги перам исто како и нашите .
    пошто не ми се собираат многу нејзини алишта за цела машина ги мешам со моите алишта.
    На почетокот не ставав омекнувач , сега си користам пак и неаме никаков проблем :)
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу, првите две три влечења сини светки ќе видиш, ама па како да отрпнува местото после и не боли т.е не чувствуваш ама баш ништо.
    Силк, се си иде природно, само најважно е да не паничиш воопшто за било што. Дали на пр му е мн топло или ладно, му се јаде или какано е, или само сака да се гали ќе се расплаче, па ако не е едно друго е, тоа сама ќе знаеш, бебе само се си кажува дали му е убавко или не.
    Сесилија, јас користам Ариел сензитив и мек односно не толку концентриран омекнувач како обичните, па сме супер фала му на Бога.
    Мислам дека не треба многу да ги тинтраме и презаштитуваме децата од се и сешто, ама пак и не треба тоа да премина во негрижа. Сепак, секое бебе си е приказна сама за себе и мора да се водиме по неговиот ритам.
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Ноелле не сини, се ми стана црнило да ти кажам :emo: кога ќе и ја погледнев фацата, ми изгледаше на вампирче :lol: Денес пак дадаов од таа града, подобро е , иако почетното пак е болно. Тоа е, мора да се навикнам.
    Туку да ве прашам, нас почна да ни се лупи кожичката на телото, како е кај вас од тој аспект???
    Сега ја чекам патронажната кај и да е да дојде, па да видиме што ќе каже.

    Јас ставив течен детергент, дупло плавење и омекнувач, бебешкиот на чико.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 1%82%D0%B5
    Дечко ми ми го испратил линкот во Инбокс на ФБ, сериозно му се налутив, он на мене, најголемиот дечар на свет. Не знам за вас, ама јас мислам дека Америчкиве мами многу претеруваат.
     
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу и нас ни се лупи по малку кај рацете и на стапалата,ама ми рекоа ќе поминело само од себе. Инаку јас бебе го мачкам со витаминска маст и одма видов подобрување
     
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Кај нас буквало целото телце се излупи .. раце , стомаче , ноџина Се
    после банање ја мачкав убавко , иначе главата последна се љупи, Кај нас има уште такви корички :)
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Го читав вчера и има некои вистини :lol: Но, сепак тука е земена смешната страна хехе. Но, дека сакаат да чепкаат, фрлаат, мачкаат и слично да. :lol:
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.412
    Пол:
    Женски
    Меу не мачкаш Јекодерм? Тоа би требало да помогне.
    Јас имав искуство со внука ми кое траеше некаде година ипол, дека сакаат да чепкаат сакаат, колку пати само од кујна ја имам вадено со плачки, ама не е до толку, во денешни услови кога постои можност да се заштитиш мислам дека овој текст е претеризам. Епа ајде ако не па ќе останеме цел живот сами бидејќи децата биле досадни, а ние не сме биле деца никогаш нели? Што не им текнало и на нашите родители ова па да не се мачиме сега ние. Инаку ова е директно посочено на мене бидејќи во последно време пекам за детенце, што да правам кога осеќам дека сум спремна, имам желба огромна, можности исто така, и сега дечко ми и братичед му ме реметат со вакви постови :D