Unique ако ептен не ја бива работата, знам дека има чепчиња за бебиња. А инаку запекот е честа појава кај деца кои се исклучиво на АД, затоа е потребно и вода да пијат. Јас мојата ја дохранувам и тие денови и давам по 10-20мл чајче, најмалку. А и Еспумисан капките може да ти помогнат. Ние од саботата пак сме со нив. Ептен ни се засилија пак грчевите, плаче се дере, но со цела мака сирота, кака течно. Еве малата само што заспа, а будна е од 18:10ч , ептен имаше плачки денес.
Се роди 3150, излеговме 2870. Дома почнавме со цицање ама не толку често затоа што цело време беше поспан од жолтицата која се уште ја има. На месец дена малку имаше напреднато, 3225 гр. За 4 дена бевме пак на контрола и тогаш беше 3315 гр. Од таму не советуваа цицање на 2 часа и ноќе на 3 и обавезно будење. А јас не можам да го разбудам затоа што спие како топ. За 2 дена пак сме на лекар, а јас се уште имам проблем со ноќното будење
Спие како топ поради жолтицата, пробај со мокри раце да го фаќаш по лицето, би требало да се рабуди. Пробај и да се измолзуваш и давај му од шишенце, од навика ќе цица. Инаку освен цицање ништо друго не те советуваа на лекар? Ме збунува односот на лекарите, за затнато носе даваат антибиотик а на твоето што има жолтица цел месец и се поправило едвај 500 грама те советуваат само да цица Не знам како одат работите во Мк ама на наредното одење на лекар побарај фототерапија за малиот, тоа се специјални ув зраци кои не се воопшто штетни а ги разложуваат билирубините и со тоа се повлекува жолтицата, тука секое бебе кое има жолтица повеќе од 10-14 дена се упатува на фототерапија. Стварно неодговорно е од лекарот да не превземе мерки за бебе кое е на граница на изгладнетост, ако повторно те советува лекарот само цицање ако имаш финансиска можност пробај во приватните клиники обично од една, две сесии се повлекува жолтицата.
Советот во однос на жолтицата беше нека цица што е можно почесто и ставај го до прозор кога има сонце :/ и жолтицата ќе му помине. фототерапија примаше само додека бевме во болница.
Мене ќерка ми вториот ден во болница ми го скрати животот со жолтицата. Цицаше уште од првиот ден и спиеше, беше многу мирна. Но еднаш и после 3 часа спиење не се разбуди за јадење. Јас се обидував на сите начини но буквално не ни мрдаше. Отидов викнав една сестра е бога ми и таа се намачи ја разбуди, и ја однесе на "сончање" односно фототерапија. Ми кажаа дека билирубините се покачени во крвта и дека после неколку часа ќе ми ја вратат. Ја задржаа и цела вечер на сончање а сабајлето беше како нова и значително побела. Кога не отпуштија од болница ми рекоа да ја ставам на сонце кога има надвор и повеќе проблеми немавме. Муабетот ми беше, убаво те советува Битерсвит побарај фототерапија би требало со еден или два третмана да се среди ЕДИТ:Извини Чуднажена доцна видов дека си пишала и ти. Штом сте имале фототерапии во болница не знам да дадам совет што понатака, ама консултирај се со педијатар зошто да седи бебенцето со жолтица, сигурно сончањето на сонце не е единствен лек.
Малиов мој вчера нон стоп после цицање повраќаше, на кое следеше и повратено со шлајм со кој се мачиме неколку дена. За носето користиме солени капки и аспираторче, ама па секој ден пак и пак маки со мрсули мачиме. Вчера имаше зеленкаста столица ама само еднаш кога го преслеков во 19 часот. Моќно е да е преладен? Иако пазам да е убаво облечен, да не е претоплен или да му студи. Инаку понекогаш ако немам доволно млеко и тоа баш на вечер кога премногу бара и се случува бљуцкањево му давам 120 мл Ад,ама никогаш не повраќал толку како вчера.Последниот пат му беше во млаз и тоа со слуз и затоа се замислив што можам да направам. Инаку мирен си е не плаче, еве го сега убаво си спие иако сношти не не остави да спиеме сакаше да си игра. Имаме некој период после 19 часот каде добри 5 или пак 6 часа знаеме да сме будни и да гугаме.
И синко мој е ист, постојано се бљуцка, но често и млаз повраќа и тоа секогаш заурдено млеко, па денес ми беше страв што ќе покаже вагата (дека не сме на дохрана веќе),а тоа док вика дека многу е лаком цица и повеќе и почесто од што му треба и затоа е така, а сме качиле 1200гр за 3 недели од кои 2 недели само на цицање Совет од докторката беше да си раздалечиме подоите и да спие на поткренатко заради Да ви кажам право ми дојде малку срцето на место поздрав
Ноел, мислам дека ти повраќа заради шлајмот, т.е. мрсулчињата што му се слеваат во грлото. Природно му доаѓа нагонот да ги извади, а не знае како поинаку, па повраќа. А за зелената столица - па и не мора да значи дека е преладен, може заради повраќањето да му останало помалце млекце во стомачето, па му доаѓа како да е „недонајаден“ Како и да е, ако е мирен и не плаче - немаш потреба од паника...
Ноелле ете од погоре знаеш дека низ потполно истите ситуации поминавме. И затнато носе, и зелена кака(само еднаш), повраќање и какање шлајм.... Сега моментално сме само со носето , сеуште Имајте убав ден, нас ваму кај баба многу ни е погодено времето и одиме на шетање
Ние да ви се пофалиме Вчера бевме на ортопед, не гледаше на ехо и ни кажа дека јадрата на колковите се супер и слободно да го исфрлиме од употреба широкиот повој. Ни покажа и вежби, провери и се друго, и кажа дека е многу жилава мома, за нејзина возраст, веќе се врти и супер го крева главчето нагоре . Планира изгледа од нареден месец да прооди (шала) Многу сум задоволна од прегледот... траеше точно 35мин, многу одговори добивме , дури и на прашања кои сосема изумив да ги прашам, но ете човекот изгледа си знае што треба да ни каже. Бевме во Орто+ ,кај д-р Антоније Хаџи Антоновски. Он работел во мајчин дом, бил хирург, па сега пред 8месеци отворил своја ординација, супер опремена, а и пристапот им е одличен. Ова благодарение на Лео-н-тина сум вака задоволна Имајте убав ден
35 минути????????????????? нас и на 2 месеци и на 6 месеци за 2 минути не прегледаја и ни рекоја дека е се во ред. значи катастрофаааа
Да Стефи, затоа и сум навистина задоволна. Според мене прегледот траеше доволно. Викам доволно зошто добивме многу одговори, совети, и покрај тоа што отидовме со купон, купен од Колектива(значи на попуст). Реално прегледот чини 1000ден, а ние го плативме 500ден. Ни кажаа контрола за 2месеца, до 1 година така се следеле, па планирам и сакам повторно таму да одиме.
Ова зборам за во Скопје, во Ѓорче се наоѓа ординацијата. А заборавив да ја пофалам крофната. Синоќа јадеше во 22:30, заспа во 23ч и наредно станување и беше во 6ч, се запрепастив кога видов, не ми се веруваше , па во 8:30ч. Ако биде вака, да си фати ред ќе биде феноменално, подобро неможам ни да посакам Ќе видиме ноќва што не чека
скопје е друга држава ние во останатите села ќе си поминиме било како. а за спиењето убо шо се пофали машала машала ќе си го земи редот мора да го земи
Мамички, сакам да ја посетам братучетка ми овие денови, нејзиното бепче има 6 месеци па сакам да ве прашам што може да јаде / пие, да му однесам
па некое овошно сокче гледај јаболка или морковче да биди или кашичка овошна исто или од јаболка и морков или посебно јаболка посебно морков друго на 6 месеци незнам со би можела да и купиш мада моите се јадеа на 6 месеци ама сега гледам пракса е до 6 нисто не даваат
Ние па никако да се спасиме од овој шлајм. Малово само што ќе му ги извадам, оп пак слушам збива со носето. Веќе не знам што да му правам, се утепавме од солен раствор ставање