Мамички дали има некоја искуство со претерано потење на ножињата. Значи без разлика дали носи или не носи чорапчиња нозете му се испотени. Му ставам од пудрата во прав, но нема ефект.
Imam piseno poveke pati deka kerceto moe se poti mnogu na nodzinjata. Nosela ne nosela corapki se poti. Zatoa luftirancija sega na vremevo koga e toplo. A koga nosi corapcinja i gi menam pocesto, stom gi ispoti. Plus nodzinjata gi stava vo usta i pak gi topi corapcinjata zdravje zimata ke vidime dali ke im se potat.
Девојче тоа да и јас истото го правам, но сакав да прашам дали има некој начин да се спречи/намали тоа. Само чорапчиња купувам, перам, сушам
Јас не би одела,една тука ми кажуваше дека она била со малата баш на 4ипол месеци и тоа неколку пати пред некој ден ми кажува дека пак оделе а сега имат накај 6месец.
Tuka u germanija odat so mali bebinja. Imaat posebni bazenti za mali, ama jas ne bi ja kapela malata vo niv. Samo vo more ili ezero. Tamu nema hlor i istecni vodi se.
ние одевме на бебешко пливање , тоа се посебни базени со топла вода одат бебиња од 3 месеци ...јас не би одела во јавни базени со мало бебе ...незнам хигиената на кое ниво е Инаку ете кај нас бебево се промени целосно како што и погоре спомнав , вчера цел ден буден беше , си се смееше , нејќе да лежи , кога е подлегнат се подига цел сака да седи , вечерта како и секоја вечер го бањавме во 19 30 и не бе не , заспа тек во 23ч , угасивме светло плаче , со запалено одма ведар почнува да гуга да збори , се смее ...разлика од сестраму тотална . Ама белким е период и ќе си се вратиме во нормала Инаку Jagoda123 незнам зошто неможам да цитирам , ама и јас сум анемична скоро цела бременост и сега исто , од болница ми дадоа таблети да ги пијам обавезно , ама мене ми се одвратни и ретко да ги пијам , земам едни кесички железо со вкус на цреша и нив ги пијам ... Овде не проверуваат крв кај бебињата , ептен ако е нешто сериозно па тек тогаш, можно е и синко да е анемичен којзнае Ама мислиш дека адаптираното млеко ќе му ја подобри крвната слика мене ми е нелогично Плус бебе нормално е да напредува од 600 до 800 грама. Ние го немаме мерено малово скоро месец ипол , гледам убаво расте , напреден е бајаги , пораснал во должина , збуцкан е убаво целиот , пелените ги полни редовно , после цицање си е мирен , не спие одма како порано него си лежи на кебенце , си игра со рацете Кај вас незам како е ама се надевам дека нема да имате потреба од ад млеко , мене пред некој ден ме фати криза дали имам млеко или не беѕврска , бебе си имаше грчеви и нејкеше да цица па ми отиде паметот да купам ад млеко ... истата грешка ќе ја направев као и со првото , така и се одби и малата од цицање на жал Овој пат не грешам , знам млеко имам доволно и се надевам на успешно доење барем до 6от месец . кога и здравје ќе почнеме и со цврста храна 7
Здраво искусни мајкиа, мене терминот ми е некаде 20 јули, веројатно во најтоплото, па ме интересира што ми препорачувате за облека за малиот момак- бенки по долги, шпихозни по долги. Мислам дека колку и да е топло ќе мора по долги да се облака дека ќе биде мало, ќе нема циркулација и слично.... Може да ми дадете совет што да барам по дуќаниве?!?! .... П.С. И бидејќи се работи за машко длаи ќе ми требаат шведски пелени за широк повој? Ги најдов само со врвки, а никаде нема такви на лепенки.... Благодарам ...
Најтопло е од 16 авгус,ти кажувам од искуство Инаку што и земаш да биде најнај тенко што може,машките се склетчии Јас го облакав бо бенкичиња(оние белите како лист тенки,со врвки)и долу пантолончиња долги Детево вриеше од вруќинци,патронажната ме советуваше да му облакам боди по кратки и долу тенки пижамчиња и босо,покриено само со тетра пелена...бебчо уживаше
Многу зависи и какво ќе биде времето, ако биде спарно како деновиве, ќе ти биде жал да го наоблекуваш. Ако имате дома клима, земи си неколку пара шпилхозни исцели, во тоа можеш да го облекуваш и навечер ако е посвежо, но сепак не заборавај да си купиш повеќе бодија со кратки и без ракавчиња. И обавезно чорапчиња и ракавички (и капчиња за после бањање), зашто периферната циркулација кај бебињата е послаба. Значи може да биде и голичко по боди без ракавчиња но чорапчиња да има обавезно. Ќе си видиш и по детето. Можеби ќе му треба една недела да се стабилизира, но кога ќе видиш дека му се оросува челцето и повеќе плаче (од нервоза), верувам нема да го наоблекуваш многу.
Мамички ве молам за помош,кога го пресоблекував бебето случајно малку му ја постегнав главата(досега тоа ми се нема случено)и знам дека главчето сеуште му е меко и јас му го допрев малку посилно ненамерно,дали има некакви последици да го носам на педијатар,проверив веднаш главчето се му беше во ред,или пак не е никаков проблем,обично пазам никогаш му го немам допрено главчето ама ете денес
Ех маченцеЕна јас имам млеко фала Богу во изобилие. На 15-20 минути ми надоаѓа и самото си капе колку го имам, ама живеам во заедница и сум под постојан притисок дека не му е доволно на детето моето млеко, дека можеби е неквалитетно (по резултатите од крвта се соочив и со тие коментари) и уште ред други коментари од тој тип. Направивме три месеци и ете не успеав да си го хранам детето како што јас сакам. Искрено психички оболев чудно ми е како не го изгубив млекото до сега. Еден период знаете му давав, па престанав (додека не му давав, бев под ПОСТОЈАН ПРИТИСОК) Резултатите од крвта ме исплашија и за да ја подобрам крвната слика почнав повторно да му давам адаптирано. Содржи минерали и витамини, односно се она што му е потребно на едно бебенце. Нели има мајки кои не ги дојат своите бебиња поради одредени причини па бебето мора некако да ги внесе потребните хранливи материи (преку адаптираното млеко) Тргнав по таа логика, што знам можеби не сум во право, ама тоа прво ми падна на памет. Не успеав да им докажам на луѓето околу мене дека доктори (патронажната и педијатарот) откако ми ги притиснаа градите ми дадоа зелено светло да бидеме само и само на доење.. Не докторите ништо не знаеле.. Не успеав да им докажам дека не постои неквалитетно млеко.. Ниту пак дека дете кое е ексклузивно доено нема потреба од вода, чаеви или било што друго.. Осудувачки погледи и лоши коментари на секој чекор.. Психички се пореметив.. Не бев упорна до крај, потклекнав.. ми се плаче што сум во ваква состојба доведена.. И јас веќе без памет останав.. Благодарение на околината почнав да станувам сомничава во СЕ! Знаејќи дека имам млеко, се сомневам и помислувам дека го немам.. И покрај тоа што педијатарот ми препорача да обрнам внимание на исхраната и да ја подобрам својата крвна слика (а со тоа и на бебето) јас посегнав по адаптирано.. Немам поддршка.. сама сум во ова.. И да додадам напреднавме едно килце (вчера го меревме) а адаптирано му давам само изминатава недела, што значи дека ниту тоа не му е потребно, туку моето млекце му е сосема доволно.. Но како да им докажам? Нема начин.. Ах за другото бебенце се надевам дека ќе успеам во своите намери и нема да дозволам да ја направам истава грешка.. Срцето ме боли што сум во ваква состојба доведена..
Јаготке бре душо, на тоа дете ТИ си му мајка и ТИ одлучуваш. Пројбај прво да викаш Педијатарот така ми рече за се што правиш а околината не се согласува а ако тоа не успее ќе речеш “јас мислам дека тоа е најдобро за МОЕТО бебе, баш штета што не го делиш моето мислење“ и крај на дискусијата. Млеко додека имаш да си го доиш и храни се поздраво за да си ја подобриш крвната слика. И ич да не ти чуе. Знам дека е тешко кога треба да се оправдуваш за секоја постапка ама верувај ми доењето е само почеток после ќе биде полошо. Биди храбра, мораш, МАЈКА СИ.
Јас поминав низ слична ситуација и денес мн се каам што дозволив тоа да се случи.Јас млада мајка од 20 год,прво дете живот во заедница.Свекрва ми не ми даваше да го банјам,кога бебето плачеше буквално од рака ми го земаше,ме убеди адаптирано да воведам демек слабо ми било млекото и што уште не.верувајте немав никаква блискост со бебето,дури паднав во депресија мислејки дека сум лоша мајка.тоа траеше до 6 ти месец се додека не ми светна сијалицата во глава дека ЈАС сум МАЈКАТА а тоа е моето бебе.тогаш се превзедов во свои раце.денес имам прекрасно 5 годишно девојче со кое мн сме поврзани ама срце ме боли за изгубените први 6 месеци како да испуштив огромен дел од нејзиниот живот.сега пак сум пред породување и овој пат фала богу имам шанса да имам поинаков почеток со бебето.затоа јагода мн мази го,гали го,ставај го на града .и не дозволивај овој најубав период во нервоза да ти избега зошто мн бргу минуваат деновите и додека трепнеш бебето векје ке заоди в школо.од искуство зборувам
Јаготка не слушај други што кажуват туку прависи ри како што треба,ти си мајка и најдобро знаеш што треба за своето дете,како што напомена феминката над мене тое е твое дете,не дозволувај другите да се грижат за него. Биди со бебуш и се што ке ти викат наколу кажиим дека така ти кажала педијатрата дејмка така вило најубаво за беберо,биди со него овие се најубави моменри од животот
Јагода и јас се согласувам со феминките. Тоа е твое дете. Знаеш ли колку мајки сакаат да имаат млеко и да ги дојат бебушките??? Само напред. Без нррвози и расправии. Не си сама, ние сме со тебе. Ако добиеш некој коментар, дај им дипломарски одговор. Кажи им се додека бебе добро напредува и пплни пелени ќе биде на мајчино млеко. Кажи педијатерот ме советува дека е добро така. Инаку ние сабајлево примивме вакцини и сега за сега е супер. Дента си играше и беше весела, немаше температура. Сега нанка, а мама контролира
Jагода ,тоа е твое дете,на кого треба да се правдаш и да добиваш дозвола за сопственото дете??? Aпсолутно не треба да имаш било каква обврска да "мораш" некои сасвим трети луѓе да те водат во растот и развојот на сопственото дете.(па што дека живеете во заедница ) ,поред родители ,ти дозволуваш некој си таму да си игра "прав родител " со твоето дете !!! додека уште не пркнало детето ,превземи си ги работите,обврските и одговорностите во свои раце се разбира заедно со партнерот твој.